konecno! |
AaaAa |
Прчевски отвори фронт против делителите на правдата
Снежана Лупевска
22.01.2004
Александар Прчевски
Јавното обвинителство поднело кривични пријави за злоупотреба на службената должност против 1.281 лице, а од нив 39 завршиле во притвор. 99,9% од случаите треба да завршат со пресуда затоа што пријавите се издржани, смета обвинителството.
Овие бројки според јавниот обвинител Александар Прчевски се за 2002 и првите осум месеци од 2003 година.
„Има околу 60.000 евра материјална корист прибавена за себе или за друг, ако се има во предвид и за актуелните предмети за кои се шпекулира во јавноста, за кои сега не би сакал и не треба сега да сдискутирам за тоа тоа се над 100 милиони евра. Тоа се штетни последици со криминални дејствија за одредени функции“ изјави Прчевски.
Нема реваншизам за луќето од претходната власт најави обвинителот, но денеска не кажа дали во 1.281 пријава за злоупотреба на службената должност се наоѓаат и функцинери од актуелната власт.
„Јас кажав дека ние не ги анализираме по име и презиме и не ги селектиравме по власти“ објаснува Прчевски.
Обвинителот најави дека се водат забелешки и доколку има докази обвинителството ќе покрене постапка и за актуелните функционери. Прчевски денеска не наведе ниту еден случај на корупција за кој обвинителството покренало постапка, иако корупцијата е нешто што Европската унија во својот извештај најмногу и го забележа на Македонија.
Прчевски потврди дека сме земја која на Европа не и ги испорачува најбараните криминалци. Човекот кој за себе вели дека има големо искуство во судството иако сакал да биде поп, најави дека Македонија ќе се справи со организираниот криминал и корупцијата доколку се донесат нови закони од областа на обвинителството и судството.
|
Gazment |
quote: Originally posted by AaaAa
quote:
Доволно е власта да ги применува законите и уставот во целост и нема да има никакви проблеми со шоковите. Али без пардон се тоа да се одвива!
" O cemu ti to decko lepi?" Koj mentalitet? Se citash ili nekoj ti kazal deka e interesno da lupetas reda radi? Odzemash samo vreme ustvari!
Mizi da ti baam. sdsm bullshit! |
Strelec |
quote: Originally posted by Gazment
Mizi da ti baam. sdsm bullshit!
Gazment... dobredojde na forumov!
zosto sprema tvojov post imam nekoj vpecatok deka si za DUI, a?:)
|
AaaAa |
Според Прчевски во судството има многу неспособни луѓе
Миомир Серафиновиќ
22.01.2004 „Не зависно дали некој ќе се лути или не, во судството и обвинителството има луѓе донесени по партиска задача, кои ниту имаат поим, ниту некогаш ќе научат право“.
Ова е коментарот на државниот јавен обвинител за работата на неговите довчерашни колеги, судиите. Според него во третата власт најголемиот дел од судиите чесно ја делат правдата, но има и големи пропусти.
Прчевски го спомна случајот со неодземањето на пасошот на Бајруш Сејдиу осомничен за убиство во Куманово.
„Тој е главен шеф на подземје тепа, убива, пука. И ние се бориме со организиран криминал против кого? Тука има место и за работа за обвинителството и тоа го правиме, ги анализираме пропустите“ вели Прчевски.
Овој случај завршил со откажување на обвинителството поради недостаток на докази.
Судика од струмичкиот суд ослободила турски државјанин вмешан во шверц на 72 килограми хероин, шеф на нарко мафија, уапсен од Интерпол во Бугарија, осуден на 13 години затвор во Италија, баран од половина Европа и Америка, изјави Прчевски.
Наместо да биде екстрадиран во Италија, судиката го ослободила од штипскиот истражен затвор, вели обвинителот.
„Обвинетиот е пуштен од затворот, истиот момент реагира обвинителката на Основниот суд во Струмица до полициските органи, бидејќи има сознанија дека ќе го пушти. Ние месец дена не добиваме решение за укинување на мерка притвор“ објаснува Прчевски.
За јавното обвинителство се неприфатливи и бавната работа на судот, како во процесот против Неновски за ТАТ, кој трае седум години, постојаното одложување на рочиштата поради здравствени причини, како во процесот за скопскиот катастар и судењето на Амди Бајрам.
Во процесот против Ламбе Арнаудов, претседателот на Основниот суд Скопје 1 одредил да суди судија кој бил на боледување.
Прчевски изнесе и пикантерија од извршувањето на судската одлука во битолски Лозар.
„Бил на гости и кога доаѓал накај Скопје констатирал дека го изгубил предметот“ вели Прчевски.
За сите забележани пропусти обвинителството ќе ги извести и врховниот суд и Републичкиот Судски Совет, чија работа исто така беше критикувана, за нив Прчевски вели „не знам што прават, заклучете сами како работат“.
|
fio |
Ти се враќа старото а, пак си го попримаш менталитетот назад :) |
AaaAa |
quote:
Доволно е власта да ги применува законите и уставот во целост и нема да има никакви проблеми со шоковите. Али без пардон се тоа да се одвива!
" O cemu ti to decko lepi?" Koj mentalitet? Se citash ili nekoj ti kazal deka e interesno da lupetas reda radi? Odzemash samo vreme ustvari! |
fio |
Чим ни тоа неможеш да го разбереш, шо ќе ти објаснувам џабе |
Strelec |
quote: Originally posted by AaaAa
"O cemu ti to decko lepi?"
ajde ne go lazi covekot!
|
Angelaris |
HAHHAAhahAH Strelec ti si mrdnat simi se looooooooooooooooool |
kopacot |
poso veke e Integriran......od Integralniot oriz samo jadel :) |