АЛПСКО СКИЈАЊЕ
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
a-pin-dim ШВЕДСКАТА КРАЛИЦА ГО ОБОИ НАПОРНИОТ АЛПСКИ ВИКЕНД АЊА СО 'ЗЛАТНАТА ЛИСИЦА', ПАЛАНДЕР ВТОРПАТ НА ВРВОТ Финецот Кале Паландер стана првиот скијач по Марк Жирардели во 1984 година кој победи на слаломот во Кицбил две години по ред, додека најголемото изненадување го направи Канаѓанецот Томас Гранди со освојувањето на второто место. Сепак, причина за славење има и Американецот Боде Милер, кому четвртото место во слаломот му обезбеди триумф во алпска комбинација. 'Ова е сон кој се остварува. Во Шамони бев само шеснаесетти, во Венген паднав, а тука на најважниот слалом од сезоната стигнав до победата. Тоа е сосема доволно', вели Финецот, кому ова му е осма победа од Светскиот куп во кариерата. Гранди, чиј најдобар пласман во Светскиот куп беше третото место во Парк Сити во 1997 година, со 12. стартен број, успеа да направи вистински подвиг бидејќи беше само 0.08 секунди зад Паландер. Тој е прв Канаѓанец кој успеал да се качи на подиумот во една техничка дисциплина. Во Марибор, пак, вистински 'инквизитор' беше Ања Персон стигнувајќи до две победи, во саботата во велеслаломот, а потоа и во неделата во слаломот. Со овој двоен триумф на патеката која ја дизајнираше нејзиниот татко, Швеѓанката се зацврсти на првото место во генерален пласман пред Австријката Ренате Гечл, која ги пропушти натпреварувањата во Словенија, подготвувајќи се за брзинските трки во Хаус Им Енштал, Австрија. Во саботата во најелитната трка од Светскиот куп, спустот во Кицбил, Штефан Еберхартер успеа да ги изненади своите ривали со неверојатна победа со време од 1:55.48, и со неверојатна предност од 1.21 секунди пред Американецот Дарон Ралвс. Американецот, кој победи на петочната супер-џи трка имаше време од 1:56.69, додека трет беше Швајцарецот Амбрози Хофман со време од 1:56.78, освојувајќи го првиот пласман на подиумот за својата земја. 'Ова најверојатно е последен пат да се тркам во спустот тука, така што сакав да си заминам со стил. Бев многу агресивен и ги чувствував скиите како летаат', вели Еберхартер, кој одлучи да го одложи своето повлекување од спортот пред стартот на сезоната. РЕЗУЛТАТИ: НЕДЕЛА: СЛАЛОМ (М) - КИЦБИЛ (АВС) 1.Кале Паландер (Фин) 1:30:63 (44.42 + 46.21) 2.Томас Гранди (Кан) 1:30.71 (44.23 + 46.48) 3.Раинер Шенфелдер (Авс) 1:31.69 (44.52 + 47.17) 4.Боде Милер (САД) 1:31.81 (45.09 + 46.72) 5.Силван Цурбриген (Шва) 1:31.83 (45.07 + 46.76) СЛАЛОМ (Ж) - МАРИБОР (СЛО) 1.Ања Персон (Шве) 1:38.08 (49.78 + 48.30) 2.Марлис Шилд (Авс) 1:39.32 (50.26 + 49.06) 3.Никол Хосп (Авс) 1:39.43 (50.92 + 48.51) 4.Моника Бергман-Шмудерер (Гер) 1:39.62 (50.47 + 49.15) 5.Тања Путианен (Фин) 1:39.64 (51.00 + 48.64) САБОТА: СПУСТ (М) - КИЦБИЛ (АВС) 1.Штефан Еберхартер (Авс) 1:55.48 2.Дарон Ралвс (САД) 1:56.69 3.Амбрози Хофман (Шва) 1:56.78 4.Ханс Кнаус (Авс) 1:57.23 5.Михаел Валхофер (Авс) 1:57.26 ВЕЛЕСЛАЛОМ (Ж) - МАРИБОР (СЛО) 1.Ања Персон (Шве) 2:18.27 (1:08.07 + 1:10.20) 2.Михаела Дорфмајстер (Авс) 2:19.25 (1:07.90 + 1:11.35) 3.Марија-Хозе Контрерас (Шпа) 2:19.50 (1:08.30 + 1:11.20) 4.Марија Риш (Гер) 2:19.71 (1:09.50 + 1:10.21) 5.Ана Отосон (Шве) 2:20.36 (1:08.57 + 1:11.79) ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (СВЕТСКИ КУП): МАЖИ 1.Ласе Кјус (Нор) 764 2.Бенјамин Рајх (Авс) 738 3.Херман Маер (Авс) 714 4.Штефан Еберхартер (Авс) 665 5.Боде Милер (САД) 601 6.Михаел Валхофер (Авс) 588 7.Кале Паландер (Фин) 566 8.Ханс Кнаус (Авс) 565 9.Дарон Ралвс (САД) 556 10.Андреас Шиферер (Авс) 494 ЖЕНИ 1.Ања Персон (Шве) 998 2.Ренате Гечл (Авс) 893 3.Хилде Герг (Гер) 768 4.Карол Монтиље (Фра) 701 5.Михаела Дорфмајстер (Авс) 649 6.Мартина Ертл (Гер) 584 7.Никол Хосп (Авс) 566 8.Александра Мајсницер (Авс) 510 9.Кирстен Кларк (САД) 456 10.Марија Риш (Гер) 402 ХЈУМ ВО БОЛНИЦА, КРАЈ НА СЕЗОНАТА ЗА ПУЦЕР Канадскиот тим од Светскиот куп загуби уште еден скијач поради повреда откако Џеф Хјум имаше лош пад на спустот во Кицбил. Хјум заработи повреди на градите и потрес на мозокот и веднаш беше однесен во болницата во Сент Јохан. Канадскиот тим веќе ги загуби Ерик Гуај и Јан Худец поради повреди на колената. Италијанката Карен Пуцер, пак, која беше втора во генерален пласман минатата сезона, реши да ја прекрати сезоната поради повредата на колкот. 25-годишната Пуцер оваа година учествуваше само на два велеслалома во Зелден и Алта Бадиа. СКИЈАЧКИ СКОКОВИ ДВА ТРИУМФА ЗА РОАР ВО САПОРО По фантастичниот втор скок од 133.5 метри, Норвежанецот Роар Љекелсеј стигна до втората победа на К120 скокалницата во Сапоро, Јапонија, во исто толку дена. Домашната публика имаше причина за славење откако Нориаки Касаи беше втор, додека лидерот во генерален пласман, Јане Ахонен го подели подиумот на третото место со шампионот од Новогодишната серија, Сигурд Петерсен. Австриецот Мартин Хелварт заврши на осмото место со што му дозволи на Љекелсеј да се искачи на второто место во генерален пласман во Светскиот куп 104 поени зад Финецот Ахонен и со исто поени со сонародникот Петерсен на третото место. Претходно во саботата Љекелсеј имаше скокови од 132 и 133.5 метри го победи Јане Ахонен, додека трет беше Австриецот Мартин Хелварт. Следното натпреварување од Светскиот куп е во Оберстдорф, Германија, за две недели.