Whitebaby |
Koga go prochitav ova vo vest prvo se iznasmeav i posle mi dojde na pamet naslovov na temava. [:D] Otkako dobro se odmori vo USA i se relaksirashe vo Palma De Majorka, Osama reshi da zastane vo Makedonija da si go zeme dzipot sho go ostavi pred dve tri godini, da si kasne tulumbi i da se napie kafe... i normalno da si go prodolzhi patot do Kabul. Arno ama, uspat reshi prvo da go poseti Sadam vo Irak, da si porazgovaraat malce, pa poslem pravac za Kabul. [:D][:D][:D]
p.s. Na rabotnicite od vtora smena im bilo zabraneto da gledaat vo avionot od prosta prichina shto Osama mnogu lesno go "fakjale ochi". [:D][:D][:D]
Мистериозен патник на Скопскиот аеродром
"Боинг 737", со американски ознаки, во петокот попладне слетал на Скопскиот аеродром, од авионот не излегол никој, но во него влегол мистериозен патник, а по седум часа минати на платформа, авионот одлетал. "Не гледајте во авионот", им било речено на втората смена аеродромски службеници, кои биле задржани подолго, за да биде се во ред со авионот. Сепак, виделе дека џип влегол на аеродромската платформа, дека од него излегол еден човек кој влегол во авионот, и никој не забележал дека излегол.
Во Контрола на летање велат дека авион со регистарски ознаки на НАТО слетал во петокот, во 17,30 часот. Авионот полетал од Палма де Мајорка, Шпанија, а по задржувањето на Скопскиот аеродром, иако имал дестинација за Кабул, Авганистан, летот го продолжил за Ирак. Кој бил во авионот и кој влегол, во Контрола на летање велат дека информација има МВР. Аеродромските служби велат дека авионот, на пропатување, бил најавен како воен лет. Слетал на цивилната платформа, затоа што делот на аеродромот што го користи НАТО бил премал за него. На службите им било најавено дека на полетување ќе земе еден патник.
Екипажот не побарал од аеродромските служби никаква услуга ниту, пак, некој слегол од него. Единствено било наточено гориво од цистерна на "Макпетрол". Дознаваме дека горивото било платено однапред. Не дознавме на чија сметка.
Според планот на летање, авионот требало да полета во саботата во 10,30. Нејасно е зошто го напуштил Скопскиот аеродром речиси 8 часа порано, ноќта во 2,25 по полноќ.
Полицијата вчера ништо не знаеше за случката. "Не знаеме за таков случај", ни беше речено во МВР. Така и не може да се дознае кој е мистериозниот патник што ноќе дошол со џип на аеродромот, ја напуштил Македонија со лукузен авион и, се претпоставува, со луксузно друштво.
Во аеродромските книги летот е уредно пријавен. Авионот што слетал ја носи регистарската ознака Н 313 П, што значи дека е во американскиот регистар на воздухоплови. Тоа е луксузен "боинг 737-700" од класата на т.н. "боинг бизнис џетови", со подобрени перформанси за летање. Авионот е сопственост на компанијата "Премиер ехецутиве транспорт сервицес", која најмува авиони за ВИП патници.
Авионот е така дизајниран што може да лета 14 часа без слетување. На патниците им нуди комфор кој вклучува спална соба, сала за конференции, трпезарија, тушови... Вакви авиони обично користат државници од богати земји. Целта им е што полесно да го поминат летот и да ги пребродат временските зони на интерконтиненталите патувања за да слетаат одморни каде што тргнале.
А.Салтировска
© ВЕСТ 2001 |