И СОНЕТИ ЗАРАБОТИ ОТКАЗ
И СОНЕТИ ЗАРАБОТИ ОТКАЗ
a-pin-dim И СОНЕТИ ЗАРАБОТИ ОТКАЗ ГАЛЕОНЕ, ТРЕТА СРЕЌА ЗА АНКОНА Калчо 'фенерџијата' Анкона му врачи отказ на тренерот Недо Сонети по тешкиот пораз од 5:0 од Милан во последното коло. Ова е втора тренерска смена во Анкона. Претходно отказ заработи Леонардо Меничини, а на негово место дојде Сонети, но и тој не успеа да ја извлече екипата од дното. За нов тренер управата на клубот го наименува исакусниот стратег Џовани Галеоне, кој претходно има работено во Перуџа и Наполи. Анкона во преодниот рок беше мошне активна доведувајќи ги во своите редови Жардел, Граби, Завањо, Дино Баџо и Сартор, но и овие засилувања не успеаја да ги спасат од дебаклот на Сан Сиро. Со Галеоне на клупата Анкона ќе се обиде да дојде до првата победа сезонава.