ВЕЛС МЕСТО РУСИЈА НА ЕВРО 2004?
ВЕЛС МЕСТО РУСИЈА НА ЕВРО 2004?
a-pin-dim 'ОСТРОВЈАНИТЕ' ВЛОЖИЈА ЖАЛБА ДО УЕФА ВЕЛС МЕСТО РУСИЈА НА ЕВРО 2004? Велшката фудбалска федерација и официјално поднесе жалба до УЕФА во која бара бараж-натпреварот меѓу Русија и Велс да биде регистриран со службен резултат 0:3, место со постојниот 1:0 за 'зборнајата'. Велшаните сметаат дека позитивниот допинг-тест на најдобриот руски фудбалер Егор Титов би можел да ги натера челниците на УЕФА да го пререгистрираат овој натпревар. 'Можеме да потврдиме дека примивме жалба од Велшката фудбалска федерација. Таа ќе биде разгледана на 3 февруари, кога ќе биде донесена и одлуката дали Велс ќе го заземе местото на Русија на претстојното Европско првенство', изјави споуксменот на УЕФА.