kopacot |
1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег" и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конкурс во Атина доби лаворов венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите на Балканот во тоа време. Умре во Охрид, на 6.02.1893 година.
1882.- Роден е Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избиран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјава. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Умре на 12.04.1945 година.
1909.- Во Гостивар е роден академик д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умре во Скопје, на 15.02.1984 година.
1948.- Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2.10.1869 година.
1996.- Како прилог на весникот "Вечер" излезе првиот број на весникот "Занаетчија", гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.
|