DJ_SHEMA |
Okej, nekoi tuka pro-vmrovski nastroeni ludje celo vreme ja kritikuvaat segashnava vlada, ama sepak, kako neutralna lichnost jas mislam deka razlikata od ovaa i minatata vlada e den i nokj. Ako nishto drugo, barem ne izleguvaat aferi sekojdnevno kako se krade i malverzira. Eve tekstov kako barem ovaa vlada spoznava kade ne odat rabotite i po se igleda kje pravi napori da gi sredi. Minatata vlada, beshe slepa i gluva za vakvi situacii.
ВЕСТ ДОЗНАВА ДЕТАЛИ ОД СЕДНИЦАТА НА ВЛАДАТА ЗА ФАЛИСИКАТОТ НА МЕЃУНАРОДНИ ДОЗВОЛИ НА КАМИОНЏИИТЕ
Црвенковски:Министерството за транспорт е дувло на криминал
Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку не бил на владината седница, а министрите од ДУИ поради тоа побарале да се одложи точката од дневен ред
На владината седница на која се расправало за злоупотребите при распределбата на ЦЕМТ-дозволите во Министерството за транспорт, случај што го отвори ВЕСТ, министрите на ДУИ побарале точката да се симне од дневен ред поради отсуството на министерот Агрон Буџаку. На седницата како претставник на министерството присуствувал заменик министерот Дејан Кошутиќ.
На барањето на ДУИ за симнување на дозволите од дневен ред на сеедницата, премиерот Бранко Црвенковски им одговорил дека " Ако трошевме толкава енергија за тетовскиот универзитет, тогаш има време и за криминалот во Министерството за транспорт и врски ". Црвенковски сметал дека отсуството на ресорниот министер не е пречка да се отвори прашањето за распределбата на дозволите, во која очигледно има злоупотреби. Тој додал дека " Го поништивме конкурсот за распределба на социјални станови, поради неправилности. Ако тераме правда онаму каде е болно и тенко , за оваа работа нема пардон".
По неговиот говор, министрите без збор продолжиле да расправаат по точките на дневниот ред.
Црвенковски на седницата им рекол дека треба конечно да се расчисти со целиот криминал во министерството за транспорт " Долги години министерството за транспорт и врски е дувло на криминалот и махинациите. Тоа мора конечно да се расчисти" рекол Црвенковски. Заклучоците на седницата ги предложил Црвенковски, а министрите ги прифатиле без било каква дискусија.
Министерот Буџаку уште минатата недела за ВЕСТ изјави дека "не се чуствува одговорен" за распределбата бидејќи не учествувал во делењето н дозволите. Тој објасни дека своето право го пренел на Комсијата која сама одлучувала кому колку дозволи ќе даде.
Според информациите од МВР неправилностите во распределбата на меѓународните дозволи биле направени уште во страт. На состанокот на Комисијата за распределба на ЦЕМТ-овите што се одржал на 25 декември 2003 година, членовите на Комисијата зазеле став, сите фирми што немаат заверени сертификати од Машински факултет да бидат исфрлени од распределбата. Но, претседателот на комисијата Таџедин Ајдари, кој на оваа функција го поставил министерот Буџаку го премолчел фактот дека одреден број фирми што се пријавиле на огласот ја немаат целокупната документација, иако имал сознанија за тоа. Со прикривањето на фактите Комисијата не само што ги прекршила критериумите за распределба на ЦЕМТ-овите од Законот за превоз во патниот сообраќај, туку и обврските пропишани од Советот на министрите за транспорт на ЕУ. Во случај некое возило да биде запрено на граничен премин и ако се утврди дека нема заверен сертификат со резулуцијата на ЦЕМТ, тое ќе биде исклучено од сообраќај. Со тоа автоматски следува казна за Македонија како членка на ЦЕМТ, а квотата за наредната година ќе партиципира со помал број дозволи, со што директно се оштетени превозниците кои возат со уредно заверени сертификати.
Ајдари кој е раководител на секторот за сувоземен сообраќај во Министерството за транспорт и врски влегол како кадар на ПДП кога таа партија беше на власт. Кога ДПА дошла на власт тој станал нејзин член, а сега во министерството работи како кадар на ДУИ. Извори на ВЕСТ велат дека МВР за Ајдари поднело кривична пријава и лани за неправилности во минатогодишната распределба на ЦЕМТ-овите, но истрагата била стопирана и немало конечна развраска.
(Г.Т. - И.С
|
DJ_SHEMA |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Суспендирани двајца чиновници поради злоупотреби
Двајца вработени во Министерството за економија се суспендирани од работното место поради злоупотреба на службената должност, дознава "Дневник". Министерот за економија Стевчо Јакимовски деновиве потпишал решенија за суспензија на службениците бидејќи било утврдено дека незаконски издале решенија за поседување минимални технички услови на угостителски објекти и решенија за запишување во регистарот на занаетчии.
Едното лице е вработено во подрачната единица на Министерството во Карпош, а другото во подрачната единица во Центар. Советникот вработен во подрачната единица Карпош им издал решенија на двајца сопственици на угостителски објекти иако не поседувале минимални технички услови за работа.
На тој начин советникот, велат наши извори во Министерството, направил фалсификувани решенија. Неговиот колега незаконски и издал решение на фирмата "Андро Јуниор" за запишување во регистарот на занаетчии.
Против двајцата вработени ќе се поведе дисциплинска постапка, а додека се суспендирани ќе добиваат 60 отсто од платата.
|
elena_ |
Ni ednite ni drugite ne se ok, sekoj glea za svoj gz i go boli za mene, tebe i site drugi....gledaat samo u svoj dzeb da staat nekoj dinar poise.Bez veze e da se diskutira koj od kogo e podobar posto ako pocne detalno da se analizira i ednata i drugata strana ke ispadnat od prilika na isto nivo. Privatniot interes i kaj ednite i kaj drugite e pred DRZAVNIOT interes, taka da dali bidat Vmro ili Sdsm ili Paritijata na zelenite i red drugi, odprilika ke bide isto....posto i nekoj da saka da naprai nesto nema od koi pari da ja krene drzavata pak na noze. Koa ispaga nekoj prljav biznis na videlina, po kratko vreme se pojavuva nova afera za da se odvlece vnimanieto od prethodnata i taka se vo krug. |