Whitebaby |
НЕМА ЖЕНИ - НЕМА ПРВО НА ГЛАС
Парламентарните делегации на Малта и Ирска, во кои се исклучиво мажи, вчера го изгубија правото на глас во Парламентарното собрание на Советот на Европа, се додека во своите редови немаат барем по една жена. Собранието ја усвои резолуцијата со која се укинува правото на глас на тие делегации, применувајќи го правилото за паритет на половите меѓу делегатите, усвоено на 30-ти септември лани.
Според тоа правило “во националните делегации мора да има процент од послабо застапениот пол кој е еднаков најмалку на процентот во парламентот на нивната земја, односно барем еден претставник од секој пол”. Парламентарната делегација на Ирска има четири членови и четири заменици, и сите се мажи, додека Малта ја претставуваат тројца застапници и тројца нивни заменици, а на составот пред почетокот на заседанието ги предупреди претседателот на Парламентарното собрание на советот на Европа, Питер Шридер.
Nema trte-mrte... [:D][:D][:D] |