melpomena |
ДАМЛАТА ФАТАЛНА ТРАНЗИЦИОНА БОЛЕСТ
Македонците најмногу умираат од мозочен удар
Македонците најмногу умираат од мозочен удар. И тоа мажи, на возраст од над 50 години. Тоа не значи, ценат лекарите, дека и жените не се подложни на крвавења во мозокот. Ако не преживеат, шансите да оздрават се релативни, од причина што во 50 отсто од случаите овие пациенти завршуваат во кома. Но, и се да тргне како што треба, македонските пациенти наидуваат на уште еден хендикеп, оти во државава нема посебен центар што е неопходен за нивно постоперативно лекување. Болните најчесто со месеци лежат по клиниките, каде грижата е солидна, но ни од далеку онаква потребна за целосно излекување и социјализирање.
Загрижувачките бројки од над 400 пациенти со мозочни удари годишно во земјава, од кои 20 отсто умираат, се аларм дека нешто дефинитивно треба да се менува. Од навиките, исхраната, текот на живеење, до методите за операција на мозочните болести.
Во светски рамки годишно од мозочен удар страдаат 500.000 луѓе, од нив 150.000 умираат.
Статистиката покажува дека во Македонија по мозочните удари најмногу косат и срцевите заболувања и малигните болести.
"Објективно, сите го преживуваме процесот на транзиција кој носи огромни промени во живеењето. Пред се, тоа значи дека стресот е нешто што ни го придружува секојдневието. Токму тоа, како подлога на лошата и неправилна исхрана, пушењето и прекумерното внесување на шеќери и масти во организмот е причина за се почестите појави на мозочни удари. Но, кај оваа болест се е апсолутно, но и релативно. Дел од вака наглото покачување на бројот на мозочни удари се должи и на фактот што порано многу поинаку, и од рака се дијагностицирале овие пациенти, а и поголемиот број се третирале со итна помош и воопшто не доаѓале на Клиниката. Примената на компјутерската томографија кај нас во 80 - те години предизвика поместување на статистиките за оваа болест. Почна да се дијагностицира дали станува збор за крвавења или затнување на крвните садови што е пресудно за третман на пациентите", објаснува проф. д-р Спасе Јовковски, директор на Клиниката за неврохирургија во Клиничкиот центар во Скопје.
Во 65 отсто од случаите, потенцира тој, се работи за затнување на крвните садови, додека останатиот процент се крвавења причинети од веќе наведните ризик факори или се од вродени аномалии во мозокот. Мозочните удари, нагласува проф. Јовковски, кај пациентите со вродени аномалии се јавуваат меѓу 30 -та и 50 - та година од нивниот живот.
" Пушењето, шеќерите и посебно мастите, тука ги потенцирам, пред се, сувомесните производи, прават такво нарушување на крвните садови што по извесно време на нивно неконтролирано внесување ќе доведе до затнување на садовите. Тоа придонесува да се затворат крвните садови во мозокот или тие ќе станат така крти што нема да вршат никаква функција. Тогаш доаѓа до мозочен удар. Практично, се случува функцијата на мозокот нагло да се исклучи и доаѓа до крвавење во него или до блокада на одреден дел", вели тој.
Притоа, проф. Јовковски вели дека за ваквите алармантни податоци сме виновни самите ние, подвлекувајќи дека не постои европска земја каде интелектуалците пушат на работните места. Пушењето е најстрого забрането и во која и да е здравствена установа. Македонија тука е исклучок.
" Кај нас пушат и лекари и сестри, токму тие што треба да го лекуваат пациентот и да му укажат дека тое е главна причина што им се случил мозочен удар. Значи не се почитува она основното, па што станува за другите работи, за останатите ризик фактори. Мислам дека треба да станеме свесни оти бројката од 1.300 пациенти што годишно се третираат на нашата и на Клиниката за неврологија, од кои над 30 проценти се токму болни со мозочни удари, е повеќе од загрижувачка", додава тој.
Но, и македонскиот здравствен систем не е баш наклонет кога станува збор за овие пациенти.
"Кај нас и на Неврологија има 7-8 пациенти кои со месеци лежат по доживеаниот мозочен удар и операцијата, што е апсурд. Ние и онака живуркаме со кревети, но и да го исклучиме тоа треба да ни биде јасно дека клиника не е место за рехабилитација на овие болни. Со години сите знаат за проблемот, но центар за нивно згрижување уште не е направен. Дури и не мора се одново да се прави, има голем број медицински капацитети во внатрешноста кои зјаат неискористени, има вишок персонал и сето тоа треба да се искористи. Сега е крајно време, оти по прашањето на мозочните удари тешко ни се пишува", вели на крајот, проф. Јовковски.
А. Стојановска
prevzemeno od vest |
IvanC |
Samo da dodadam, pokraj nedijagnosticiranata hipertenzija kako rizik broj eden, siguren sum deka tamu nikoj atrijalna fibrilacija ne dijagnosticira kako sto treba a uste pomalku ja lecat kako sto treba. Tamu na primer vo Makedonija ne postojat kliniki kade "tecnosta" na krvta se odreduva na regularna baza na lugje koj se na hronicna kumadinska (warfarinska) terapija koja drasticno go smaluva brojot na mozocnite udari. Toa se pricinite zosto kaj nas se umira mnogu od ovaa bolest, ne deka sme genetski polosi od drugite ili deka ponezdravo ziveeme od drugite . A normalno , i toa deka ne vodime kako ziveeme igra uloga, mislam deka od decenija vo decenija toa e se poloso . Jas ne bev otiden 10 godini vo Makedonija, i se primeti razlika vednas kolku se podebeli lugjeto tamu.To est, vidov tolku sendvicari so majonezi i pomfrit sto znam deka voopsto nemase koga bev vo sredno ili gimnazija . Imase najloso vo "moe vreme" (ko starec zboruvam) da se kupi pleskavica ili burek. Sega gledam i tamu , mnogu raboti kako vo Amerika se prifateni, se sto e najnegativnoto vednas se prifaka. A ona sto e bitno, voopsto ne se prifaka . |