Мајсторе, десетка со кромид! |
Strelec |
Речиси секој од нас се обидел дома да направи ќебапи со ист вкус како оние од Старата Скопска Чаршија, но ретко кому тоа и му успева. Во што е тајната? Искусните мајстори велат дека најголемата тајна не е во зачините (како што многумина претпоставуваат), туку во изборот на месо.
Еве ви сега од Стрелец еден рецепт за убави ќебапи и сметам дека вреди да се проба да се направат токму на следниов начин:
Потребни состојци:
400г. говедско месо (исклучиво плешка или врат)
200г. овчо месо (исклучиво плешка)
80г. зелени пиперки
80г. лук
12г. сол
2г. црн бибер
и половина китка магдонос.
Подготовка:
Месото убаво измијте го, расечете го на парчиња (отприлика 3х3см.) и смелете го во машина. Меленото месо мешајте го со раце 15-20 минути, со постепено додавање на зачините. Смесата потоа треба да се остави неколку саати, а потоа обликувајте го во форма на ќебапи.
Ќебапите се печат на скара на ќумур (претходно намачкана со сланина или масло) 4-7 минути, а доколку ги печете на електрична скара, тогаш печењето трае 10 минути. За време на печењето, ќебапите е доволно да се свртат само два пати.
Кога ќе бидат готови, пожелно е веднаш да се сервираат и тоа со ситно исецкан кромид и буковска сол. За оние гурмани кои што јадат луто, убаво е на скарата од страна да се испечат и лути пиперки.
Да не заборавам да кажам и дека најдобро е наместо со леб, ќебапите да се сервираат со лепињи (сомуни).
|
melpomena |
daj nekoj recept za treva, da ne mislish kjebapi da mi daesh koa kje dojdam kaj tebe na gosti:))))
BTW Ubavo od tebe sho ti tekna da napishesh vakov "domakjinski" post:) |
Strelec |
:) ok... za utresniot broj ke najdam nesto vegetarijansko...
vo megjuvreme, probaj gi ti kjebapcinjata... da mozes posle da sporedis sto e povkusno!:)
|
Thief |
Кој не пробам ќебапче во Асторија или Мерак, не знае што е ќебап!
Тетовци, потврдете! :) |
StormAngel |
Samo Destan postujem![;)]
Drugite se tapa. |
Whitebaby |
quote: Originally posted by Thief
Кој не пробам ќебапче во Асторија или Мерак, не знае што е ќебап!
Тетовци, потврдете! :)
Ke mu kazham na adzo mi da ti stai troa otrov za gluvci! [:D][:D][:D] |