Петок е... ден за Тавче гравче!
Петок е... ден за Тавче гравче!
Strelec Strelec и’ вети на Melpomena некој вегетаријански рецепт за денес. Епа за атер на мојата голема љубов кон ова јадење, за атер на денешниот ден петок, но и за атер на тетовчанецот BorisVM, се одлучив за Тавче гравче. Потребни состојци: Тетовски грав Кромид Масло Брашно Црвени суви пиперки Сол Црн бибер Нане Магданос Лук (по желба) Подготовка: Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го (но не сосем, треба да остане малу вода), потоа додајте сол и малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер. Вака приготвениот грав ставете го во тава (најдобро е земјена), залејте го со малку масло, посипете малку брашно, ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн бибер и по желба неколку чешниња лук. Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече. Во летна сезона можете од горе да наредите по малку тркалца домати и зелени пиперки. Неколку саати после јадењето, кога ќе почнат да се создаваат гасови (типично по употреба на мешункасти производи), запрашајте се дали има логика што гравот го сврстиле во т.н. културни растенија!!!
Whitebaby
quote:
Originally posted by OooOo
vie neznaete kako se pravi tavche-gravhce na shporet (ne vo rerna) [:D]
Ne te uchev vaka jas!!! [:(!] Mislam deka chitko tipkav, i zoshto me izlazha deka dobro izlegol gravot? [:(!] Ili pak toa beshe za chorba grav so rebra???
n/a denes e petok 13...ke go preskoknam tafce gravceto dan mi zaletnit nekoe zrno :)) sueveren sum j**i ga :))) vo sekoj slucaj dobar recept :))
OooOo vie neznaete kako se pravi tavche-gravhce na shporet (ne vo rerna) [:D]
n/a am daj receptot dur e petok...zs sabota ne se jadel graF :)
OooOo ali kje morash da viknesh i 3-4 pozharni (za sekoj sluchaj)
n/a ednas iam viknato ovde na work poradi slicen obid....taka da ispraksirani sme od toj aspekt :)) Hit It :)
Strelec znaete li kako na covek mozes da mu ja krenes kosata, bez da mu ja dopresh? mene toa mi uspea ednas... ja prasav ednas Sunshine (za neupatenite, toa e zena mu na OooOo), sto bilo toa so OooOo koga dobil zadaca da svari grav... i na Sunshine i' se krena kosata!:))) sega vi e li malku pojasno zosto OooOo vi go postavi toa prasanje za tavce gravce vo obicno tendzere?