melpomena |
ОТКАКО СИТЕ МУ СВРТЕА ГРБ
Борис се повлекува
Претседателот на државата Борис Трајковски, најверојатно, се откажува од претседателските избори што се предвидени за наесен, тврдат извори од кабинетот на претседателот. Истите извори велат дека претседателот Трајковски веќе губи надеж оти има какви било шанси да се избори за втор претседателски мандат. Поради тоа, во последно време Трајковски не можел да ги скрие разочараноста и тагата пред своите соработници. Веќе неколку недели бил многу затворен и повлечен во себе. На неговото лице веќе ја немало неговата препознатлива насмевка.
Наводно, немал многу елан за работа и поголем дел од времето го минувал повлечено во неговиот кабинет. Неделава во неговиот кабинет поединечно ги повикал на разговор своите советници за да се консултира со нив дали вреди воопшто да се кандидира како независен кандидат, без да обезбеди претходно поддршка од некоја политичка партија. Индиректно, најголемиот дел од советниците не го охрабриле претседателот.
И Трајковски мислел исто како нив и на крај им признал: "Знам, гледам дека немам шанси сам".
Извори од кабинетот тврдат оти на актуелниот претседател му е јасно дека веќе ги изгубил сите адути на кои се надеваше дека ќе го внесат како еден од најсериозните кандидати во претседателската трка. Тој знаел дека не може да се надева да биде кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ како нивен кандидат, дека странците се повеќе му вртат грб и оти тешко ќе најде партија меѓу Албанците, која ќе застане зад неговата кандидатура.
Главниот сигнал дека испаѓа од комбинацијата за претседателските избори на Трајковски му го испратиле неговите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ. Преку свои извори Трајковски дознал дека лидерот на партијата Никола Груевски веќе дефинитивно го подготвува пратеникот Сашко Кедев за претседателски кандидат од опозицијата. За тоа Груевски веќе добил и амин од најрелевантните меѓунардони фактори.
Од друга страна, пропаднал и обидот на фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Доста Димовска и Марјан Ѓорчев, да се сместат во највисокиот орган на партијата, од каде што ќе се обиделе да го наметнат Трајковски како претседателски кандидат на опозицијата. Остриот одговор на Груевски, исклучувањето на Димовска и на Ѓорчев од партијата, го обесхрабрил Трајковски да очекува да се случи чудо во ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на државата веќе губи поддршка и од најголемиот негов сојузник - САД. Односите на Трајковски и американскиот амбасадор Лоренс Батлер не се така срдечни како порано. Последните недели Батлер воопшто не го посетувал него, што не беше случај во минатото. "Немаше да помине недела, а Батлер да не дојде во нашиот кабинет. Тоа сега го нема", вели нашиот извор од кабинетот на претседателот.
Трајковски досега не успеал да ја добие поддршката на ниту една партија на Албанците. Дури и ДПА го одбила Трајковски, со објаснување дека се уште било рано за договарање, а ДУИ воопшто не сакала да слушне да разговара за некаков дил со Трајковски за претседателските избори. Врвот на ДУИ отворено му признал на претседателот дека тие имаат морална обврска да го поддржат кандидатот што ќе го предложат нивните коалициони партнери СДСМ и ЛДП.
Н.С.елмани
prevzemeno od vest
p.s. Stilov na pishuvanje e haos:)
Da idam ja da mu popraam drushtvo na Borche, shtom e tolku osamen i povlechen... Bozhe sachuvaj[:D]
|