Пита или Пица? |
Strelec |
Замислете ги OooOo и Sunshine во чиј дом, во едно саботно претпладне, започнала кавга. Sunshine за ручек тој ден сака пита, а OooOo сака пица. И има ли решение? Секако! Решението е во денешниот рецепт на Стрелец, а тоа е рецептот за "Пита-пица".
Потребни состојци:
500г. кори за пита
300г. ситно исецкана салама
200г. рендано овчо сирење (не многу солено)
150г. сецкани шампињони
Кечап
Оригано
Сусам
Подготовка:
Корите се делат на два дела за да се добијат два ролата.
Секоја кора се премачкува со малку кечап и врз кечапот се става по мала количина од претходно направената смеса од сецкана салама, сирење, шампињони и оригано. Кога ќе се направи истото со сите кори, сето тоа се замотува во ролат, кој од горе се премачкува со многу тенок слој кечап, а потоа се попрскува и со сусам.
Истата постапка се применува и со другата половина од корите.
Ролатите се печат во добро загреана рерна и кога ќе бидат готови се сечат на малку подебели кругови.
Ух, ем спречивме кавга, ем ќе кркаме нешто вкусно!
|
melpomena |
kje krkame, ako ti gi isukash korite. (se razbira bez salamata:) |
Strelec |
bravo ma Melpomena... da ne si ti, nema koj da mi gi cita receptive... sekoja ti cest!:)
i nemaj gajle... ke najdeme nekoja salama od soja napravena!:)
|
Sunshine |
Strelec...alal da ti e za receptov, ama nekako vo pogreshna situacija si ne stavil.
Eve ti sabotno pretpladne: Sunshine vika saka pita, OooOo vika saka pica. Sunshine vika super nemora da se tegnat kori, OooOo vika kaj e telefonot od "pizza pizza". Mljac, mljac site srekjni. |
Strelec |
Леле ама домаќини!?
Мене сите прсти ми се направија дебели како палци од што се мачам овде рецепти да ви пишувам мавајќи по тастатурава, а тие си нарачуваат готови пици!!!
Sunshine, отсега биди права македонска домаќинка и научи го OooOo да тегне кори. А ти за тоа време пушти си некој филм на телевизија да си гледаш!:)
|
Sunshine |
retko davaat fudbal, taka da malku vreme pominuvam pred televizor.
a za korite, da e zhiv i zdrav NoFrills, "President Choice - Filo Pastry" dobri kori pravat sukani, tegneti, vlecheni, so po nekoe vlakno kosa od mrsen meksikanec shto padnalo, se naogjaat. |