Strelec |
Стрелец за денес ви нуди малку невообичаено јадење за македонската кујна, но затоа пак е многу вкусно. Вреди да се подготви, особено заради фактот што е недела и се има нели повеќе време за подготовка на ручек.
Потребни состојци:
750г. компири
1 главица кромид
500г. шампињони
200г. кисела павлака
2 жолчки од јајце
масло
сол
мешавина од зачини (зачинал, или дафинка, или вегета, или било што слично)
ситно исецкан магдонос
Подготовка:
Компирот се вари со лушпа, а потоа се лупи и се сече во кругови со дебелина од околу 4мм.
Во загреано масло се пропржува ситно исецкан кромид заедно со шампињоните исечени на ливчиња. Кога шампињоните ќе омекнат, истите се посолуваат, се додава мешавината со зачини, биберот и исецканиот магдонос.
Потоа, во подмачкан огноотпорен сад се става еден ред компири, па ред шампињони, па повторно наизменично компири и шампињони, со тоа што на крај треба да се заврши со компир. Секој ред по желба може да се попрска со малку масло.
На страна се мешаат жолчките и павлаката, па со добиениот сос се прелива мусаката која што потоа се пече во рерна.
Melpomena, немој да чујам дека си се пожалила после овој рецепт!:)
|