Borenje
Borenje
StormAngel БОРЕЊЕ НА ТУРНИРОТ ВО СОФИЈА ИЗБОРЕНА УШТЕ ЕДНА НОРМА ЗА ЛОИ ВО АТИНА ИБРАГИМОВ ЈА СПАСИ ЧЕСТА Могамед Ибрагимов (84 кг) е единствениот наш репрезентативец кој во Софија избори норма за учество на ЛОИ во Атина. Тој заедно со Шахамир Османов (74 кг), кој пасошот за Атина го визира уште на СП во Њујорк во септември, ќе бидат нашите двајца претставници од борењето кои ќе ги видиме на Олимписките игри. Имено, Ибаргимов на патот до 1/2 финалето, што значи 4. место во конечниот пласман, забележа 3 победи и еден пораз. Првата и втората уште во групата, против Швајцарецот Т. Бучели со 3:1 (10:3) и против Кинезот Мандула 4:0, во 1/4 финалето славел против Санакоев од Узбекистан за во 1/2 финалето да загуби од Ш. Алиев (Таџикистан), односно при водство на противникот од 3:0 Ибрагимов поради повреда го предал мечот. Но тоа во овој момент воопшто и не е важно. Најважно е тоа што во Атина ќе имаме двајца борачи. Што се однесува до останатите репрезентативци, тие не се прославија. Најдалеку, сепак, стигнал Љ. Вранези (66 кг), кој по успешниот настап во групата против У. Еугин (Гер - 4:1) и против Л. Гралак од Полска (3:1) во 1/8 финалето бил поразен од францускиот репрезентативец В. Гуголаев со 3:1 (6:2). За разлика од него Г. Николов (55 кг), Ф. Мемиши (60 кг) и Х. Бислими (96 кг) откако не се избориле за првите места во своите групи, што значи продолжување на надежта, ги загубија шансите за евентуален пласман на ЛОИ во Атина.