marko_polog |
собраниска РАСПРАВА ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
ЛДП и ВМРО-ДПМНЕ војуваа за Струга
Ако Струга не се прошири со Луково, Лабуниште, Делогожди, Вевчани и Велешта, можна е нова криза, предупредија пратениците Албанци
Пратениците на владејачката Либерал-демократска партија и опозициската ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска седница водеа вистинска вербална ?војнаа? против колегите од ДПА и ДУИ за територијалната организација на општината Струга. Пратениците на ЛДП се залагаа Струга да остане во сегашните рамки за да не се наруши етничкиот состав на населението. Нивните колеги Албанци предупредија дека е можна нова криза ако не се прифати новата територијална поделба со која Струга треба да се прошири со Луково, Лабуниште, Делогожди, Вевчани и Велешта.
- Во подготовката на законот преовладувале етничко-политичките критериуми, а за тоа се и најголемите забелешки на експертите. Струга за да може да одговори на барањата на граѓаните треба да остане самостојна општина. Анализите покажуваат дека некои од селските општини имаат капаците да опстанат самостојни - рече Нелко Стојановски од ЛДП. Тој побара Владата да ги земе предвид резултатите од референдумите и укажувањата на експертите кога ќе се изработува финалната верзија на законот. Со тоа се согласи и неговиот сопартиец Благој Голомеов.
Зиди Џелили од ДПА и Талат Џафери од ДУИ се спротивставија на ставовите на ЛДП и на ВМРО-ДПМНЕ.
- Некој сака Албанците да ја изгубат географската компактност за да не можат да ги реализираат своите права и да станат рамноправни со Македонците. Поради тоа Албанците што живеат од Преспа до Куманово во 2001 година се кренаа на вооружено востание. Според рамковниот договор, Албанците преку локалната самоуправа и преку новата територијална организација треба да станат рамноправни со Македонците. Ако не се случи тоа, се остава простор за нова криза и за меѓуетнички недоразбирања - предупреди Џелили.
Ѓорѓи Оровчанец од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ако се прифати новата територијална карта за Струга и за Кичево, ќе се воспостави мајоризација на албанската заедница.
Povtorno zakani so Vojna?
|