Перничиња од јунешки шницли |
Strelec |
Денес ви нудам рецепт за многу вкусно јадење. Значи ние му се враќаме на месото, а melpomena може да си купи готова вегетаријанска храна.
Потребни состојци:
500г. јунешки шницли
50г. сланина
150г. ориз
100мл. павлака
20г. брашно
1 јајце
8 лажици масло
магдонос
една лажица мешан зачин
црн бибер
Подготовка:
Јунешките шницли се толчат со толчник за месо. На масло се пропржува ситно исецкана сланина, а потоа се додава полуварен ориз и се зачинува со зачинот, црниот пипер и магдоносот. Шницлите од горе се филуваат со смесата на тој начин што се покрива само едната половина (за да може со другата страна да се преклопи). Шницлите се затвараат со чепкалки од страните, се валкаат во брашно и се пржат на масло. Кога шницлите ќе омекнат, се прелеваат со павлака и веќе се подготвени за сервирање.
Гарнирот ќе го одберете самите, а Стрелец на пример ќе се одлучи за во рерна печени компири и кромитчиња.
Ви препорачувам да подготвите и една грчка салата (од два патлиџани, една краставица, половина црвен бучимски кромид, една зелена пиперка, две варени јајца, 150г. старо овчо сирење, 15 маслинки, сол и маслиново масло).
И за крај ви препорачувам со консумирање на салатата да започнете уште пред ручекот и тоа со чашка мастика како аператив. Значи не узо, туку мастика. А претпоставувам дека не ја знаете разликата меѓу мастика и узо. Па разликата е во тоа што мастиката се подготвува со природен анасон, а узото со вештачки анасон.
На здравје!
|
dzadzev |
quote: Originally posted by melpomena
Nekoj ne jade nas???? Pa idi u dzungla kje vidish dali ne te jade nekoj:)))
Mada ne si ja sfatil poenatata, zborot ne beshe vo jadenjeto...
A i ako ne si znael nie voopshto nemame GIT (gastrointestinalen trakt) za da gneteme meso:).
So GIT ili bez GIT mene pak ke mi se jade meso. SORRY [:)] |
sapeski |
Strelec, јас шницлите и мастиката, а ти една престилка "Kiss the cook"? Ќе ме каниш на вечера? |
Strelec |
престилките "Kiss the cook" ќе им ги закачиме на чистачките на снег што ти ги пратив тогаш. Тие знаат и да готват... и да месат!
Салатата јас ќе ја правам, пошто во никој немам верба дека може да ја подготви како myself!:)
p.s. sapeski, добредојден си во секое време
|
sapeski |
Благодарам Strelec, почестен сум. За melpomena имам една мисла, не сум сигурен чива беше:
"Не сум се борел за џабе да го освојам врвот на синџирот на исхрана, за да станам вегетаријанец." |
deni |
strelec a da se preselam jas kaj tebe doma da zivejam a ? :)) |
Strelec |
quote: Originally posted by sapeski
Strelec... Ќе ме каниш на вечера?
quote: Originally posted by deni
strelec a da se preselam jas kaj tebe doma da zivejam a ? :))
бре... наеднаш голем интерес за мене!:)
почестен сум, ама и веднаш им давам до знаење и на sapeski и на deni дека со драго срце ќе ги примам на подолг престој, но со квалитетно женско друштво... а инаку, добредојдени се само на по неколку дена!:)
|
sapeski |
Неколку дена ако не дојдеме со женско друштво или се на се по неколку дена сме добредојдени? |
Strelec |
неколку дена може и без женско друштво, а ако сте со убави чупиња 'u r welcome' цел семестар!:)
|
melpomena |
quote: Originally posted by sapeski
Благодарам Strelec, почестен сум. За melpomena имам една мисла, не сум сигурен чива беше:
"Не сум се борел за џабе да го освојам врвот на синџирот на исхрана, за да станам вегетаријанец."
sapeski, chovekot odamna prestana da bide vrvot na sindzirot... poradi svoeto odnesuvanje:) |
dzadzev |
quote: Originally posted by melpomena
quote: Originally posted by sapeski
Благодарам Strelec, почестен сум. За melpomena имам една мисла, не сум сигурен чива беше:
"Не сум се борел за џабе да го освојам врвот на синџирот на исхрана, за да станам вегетаријанец."
sapeski, chovekot odamna prestana da bide vrvot na sindzirot... poradi svoeto odnesuvanje:)
Sakas da kazes deka nekoj ne jade nas lugeto ?? :)))
NE, se razbira osven slucajot sto se desi pred dve nedeli, koga eden germanec si go izel svojot "drugar".[V][:(!][:(] |
melpomena |
Nekoj ne jade nas???? Pa idi u dzungla kje vidish dali ne te jade nekoj:)))
Mada ne si ja sfatil poenatata, zborot ne beshe vo jadenjeto...
A i ako ne si znael nie voopshto nemame GIT (gastrointestinalen trakt) za da gneteme meso:). |