Vesti :)
Vesti :)
ace6vel Таинствен "БМВ" предизвика возбуда во Чешка, Словачка и Унгарија Полициите на Чешка, Словачка и Унгарија денеска ги возбуди брз автомобил со белгиска регистрација, кој без запирање ја минал чешко-словачката граница, потоа и линијата меѓу Словачка и Унгарија, а поладнево унгарската полиција го изгубила од видокруг некаде во околината на Будимпешта. Зад воланот на "Бе-Ем-Ве"-то, како што се тврди, веројатно седи истото лице кое, при контрола на автопат, физички се пресметало со чешки полицијци и избегало со намера да се префрли на територијата на поранешна Југославија. Сопственикот на автомобилот наводно е со потекло од некоја од поранешните југословенски република, а во автомобилот има повеќе лица. Според претходните, исто така неофицијални информации, возачот е бегалец од чешки затвор и згора на се, има лисици на рацете. Минувајќи го со полна брзина граничниот премин Ланжхот меѓу Чешка и Словачка, а потоа и Рајка, меѓу Словачка и Унгарија, возачот ги пробил поставените препреки и ги загрозил животите на полицајците и цариниците, а потоа во близина на Татабања наполнил гориво кое не го платил и веројатно ја променил регистарската табличка. По автомобилот трагаат унгарски полициски хеликоптери, на патиштата се поставени барикади, на границите се зајакнати вооружени тимови, а во подготвеност се и антитерористичките единици.
ace6vel Деца сами ќе си ги избираат презимињата Децата постари од 12 години наскоро во Холандија ќе можат сами да одлучуваат за тоа кое од презимињата на своите родители сакаат да го користат, гласи одредбата на новиот холандски закон. Децата сега можат да го сменат презимето доколку со тоа се согласат нивните родители, а новиот закон што ќе стапи на сила на 1 април, им дава можност сами да одлучат за тоа. Новиот закон, исто така, им овозможува на децата кои имаат 12 години да го сменат презимето и во посебни случаи - кога родителот кој им се противи на промената на презимето е обвинет за кривично дело врз детето или е лишен од родителското право. МИА
ace6vel Во Бугарија откриена печатница на фалсификувани долари Софија, 17 февруари (МИА) - Бугарската полиција денеска открила печатница за лажни американски долари во црноморскиот град Бургас и уапсила две лица, јави бугарското државни радио. Главниот секретар на бугарското МВР, генерал Бојко Борисов изјави дека печатницата "е дел од меѓународна криминална мрежа" и оти истрагата за случајот, која почнала во Калифорнија, била заедничка акција со американската разузнавачка служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во операцијата во еден изнајмен магацин во Бургас, бугарските специјалци го уапсиле Радослав Радев (43) и неговата пријателка Елена и заплениле опрема за печатење фалсификувани долари. Подоцна во домот на Радев во селото Рудник, во близина на Бургас, се пронајдени 200.000 лажни долари. Според Борисов, фалсификаторите заработиле околу 80.000 лева (40.000 евра) од нарачки за печатење лажни долари. Редакција МИА
ace6vel ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ИРАН ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 300 ЛИЦА [img]http://www.mia.com.mk/photos/100-1802g.jpg[/img] Најмалку 300 лица загинаа во денешната експлозија на товарен воз во североисточен Иран, соопштија локалните власти во провинцијата Хорасан. Меѓу жртвите се и гувернерот на провинцијата, градоначалникот на градот Нејшапур и началникот на противпожарната служба, јавија локалните медиуми. Во експлозијата се повредени преку 350 лица, а пет села се опустошени. Несреќата се случила откако товарен воз кој превезувал сулфур и нафта излетал од шините и експлодирал. Локален официјален претставник соопшти дека експлозијата се случила при обидот на пожарникарите да локализираат пожар кој зафатил неколку вагони. Меѓу загинатите има и 182 пожарникари. Железничката композиција ја сочинувале најмалку 17 вагони во кои имало сулфур, шест вагони со нафта, седум вагони со вештачко ѓубриво и 10 вагони со памук. Ова е втора голема несреќа во Иран во помалку од два месеца. Дванаесет часа по трагедијата местото на несреќата се уште не е расчистено. Полицијата ги евакуирала сите кои се наоѓале во близина и не пушта никого до местото па дури ни спасувачките екипи, затоа што има голема опасност од уште една експлозија. Големи железнички несреќи во светот: - јуни 2002 - регион Додома, Танзанија - најмалку 200 лица загинаа кога патнички воз се судри со товарен воз; - февруари 2002 - Египет - 300 загинати во пожар во воз кој патувал за Каиро; - јуни 1998 - Есшеде, Германија - над сто лица загинаа кога воз излета од шините; - јуни 1989 - Уфа, Русија - над 400 лица загинаа во експлозија на гас што избувна под два воза; - август 1995 - Утар Прадеш, Индија - 300 лица загинаа во судир на возови; - јуни 1981 - Бихар, Индија - 800 лица загинаа откако воз излета од шините и падна во река поради силниот циклон.
ace6vel Франција го забрани пијалакот "ред Бул" Европскиот суд ја потврди важноста на одлуката на француските власти, да се забрани продажбата на таканаречениот енергетски пијалак "Ред Бул" во Франција, поради голема содржина на кофеин, пишува прашкиот весник "Лидове новине". [img]http://vesti.mt.net.mk/images/red_bul.jpg[/img] Весникот укажува дека Франција, по Данска е уште една земја во која е забранета продажбата на тој пијалак и оти казнената мерка следи на основа на студијата на францускиот научен одбор за хумана исхрана. Истрагата за "Ред Бул" е спроведена уште во 2001 година во Велика Британија. "Лидове новине" наведува дека "Ред Бул" се доведува во врска со неколку смртни случаи. Според прописите на Европската унија, кои ќе стапат на сила годинава, "Ред Бул" и останатите енергетски пијалаци на своите производи ќе мора да го истакнат предупредувањето за "голема содржина на кофеин". Редакција МИА
ace6vel Крадец се пофалил на ТВ Секој сака да ги доживее своите 5 минути слава, но за еден Шпанец само една минута во центарот на вниманието може да значи неколку години во затворска ќелија. Полицијата во Мадрид соопшти дека го уапсила 34-годишниот човек по кого се трагало за шест кражби извршени низ Шпанија откако се разоткрил со лажен повик во телевизиска емисија за криминал во врска со некаков случај за убиство. "Можеби мотивиран од желбата да се најде во центарот на вниманието на јавноста бил доволно дрзок да се јави во телевизиската емисија и да даде информации за некој друг прекршител по кого трагала полицијата, но на крајот него го уапсивме", соопшти полицијата во Мадрид. Полицајцијата всушност се посомневала кога се обидела да стапи во контакт со гледачот за да добие повеќе информации и тогаш увиделе дека тој го сменил мобилниот телефон. Кога најпосле му влегле во трагата сфатиле дека тој е човекот по претходно имал 44 апсења за кражби. Редакција Вест
ace6vel Сватот станал младоженец Еден индиски младоженец доживеал невестата да го остави пред свадба, а неговото место да го заземе еден од гостите. Имено, младоженецот, инаку кондуктер во автобус, се заканил дека ќе ја откаже свадбата ако таткото на невестата не му исплати уште 37 златници и мотор. Иако претходно му исплатил пет илјади рупии, таткото ветил дека по седум денови ќе му ги даде и златниците и моторот, но младоженецот барал на писмено да му го потврди тоа, за да ја продолжи венчавката. Кога видела како нејзиниот иден сопруг го уценува татко и, невестата се запрашала дали би била среќна со него. Тогаш таа одбила да се венча со кондуктерот, иако татко и веќе му дал мираз. Наместо тоа, таа го фатила под рака еденроднина и се омажи свој подалечен ла за него. Редакција МАКФАКС
ace6vel Бритни растура бракови Бритни Спирс продолжува во филмот „пожелна женска“. Сега ја обвинуваат дека го растурила бракот на еден од нејзините играчи, Колумбус Шорт (21). Колумбус ја пратеше Бритни на турнејата . Таму тие станаа блиски. Играчот инаку беше среќно оженет, а неговата споруга е трудна. Танчерот признава дека спиел со Бритни, но вели дека тие двајцата никогаш немале секс. „Вистина е дека спиев со Бритни, но никогаш немавме секс бидејќи во тој момент имаше друг човек во собата. Го делевме креветот и бевме навистина блиски, се бакнувавме и се гушкавме. Хемијата беше магична ... чувствата ни беа толку силни,“ занесено изјавува танчерот. Во моментите на освестеност Колумбус сфаќа дека би било фер да признае дека Бритни е главниот кривец за растурањето на неговиот брак. За жал, тој сега се разведува од својата сопруга. Батето е доста збунето. Ја обвинува и мајката на Бритни Лин за прекинувањето на нивната врска, а сепак на драго срце ќе се сеќава на моментите поминати со Бритни. Редакција ИДИВИДИ
ace6vel Американката која се обидела со лажна банкнота од еден милион долари да купува во локалниот супермаркет уапсена е и обвинета за фалсификување. Елис Пајк (35) ја извадила банкнотата на касата на Вал - Март во Џорџија за да плати сметка од еден долар и побарала кусур. Касиерката со неверување ја погледнала банкнотата, па жената и веднаш препознала фалсификат и повикала полиција. Бидејќи банкнота од еден милион долари никогаш и не е издадена, а во 1969 година, американските власти ги повлекле од оптек банкнотите од 500, илјада и 10 илјади долари, најголема американска банкнота е онаа од 100 долари. Приапсењето Пајк кај себе имала три банкноти од по еден милион долари. Како што објаснила таа, парите ги добила од сопругот. МАКФАКС