StormAngel |
ЛАЖИРАЊЕ НАТПРЕВАРИ НА ИНДИСКИ НАЧИН
КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ 61 ГОЛ ЗА 90 МИНУТИ?
Два фудбалски клуба од Индија се соочуваат со исклучување од сите натпреварувања поради невидената голеада која се случуваше во борбата за пласман во првата тамошна лига.
Како што јавуваат индиските медиуми, клубовите Курторим и Вилфред во последното коло од сезоната постигнале 61, односно 55 гола, што е навистина неверојатна ефикаснот.
Пред последното коло клубовите имале идентичен број бодови , па за пласманот во првата лига одлучувало кој тим ќе постигне повеќе голови.
Фудбалската федерација на регионот Гоа сакајќи да избегне 'местење' наредила двете средби да се играат истовремено, но очигледно дека Курторим и Вилфред имале свои шпиони на средбата на нивниот ривал.
Ваквата ситуација довела до невидена бркотница на терените, па голови се постигнувале на секои 90 секунди. За овие резултати уште повеќе да изгледаат неверојатни и податокот дека првата средба завршила 61:1 од што 60 гола паднале во вториот дел, а на втората која завршила 55:1 екипата на Вилфред на паузата водела со 6:0.
НЕМА ДОКАЗИ ЗА МЕСТЕЊЕ ?
Сите четири екипи кои учествуваа во ова гол-шоу се суспендирани, но се поставува прашањето дали фудбалската федерација ќе успее да најде конретни докази за да ги казни. Имено, пред две сезони екипа од Калкута, која се борела за опстанок во последното коло, славела со 114:0, а подоцнежната истрага беше прекината поради недостиг на 'опипливи' докази. Инаку, во пакет со клубовите суспендирани се и главните арбитри на двете средби.
|