Време за десерт |
Strelec |
Денес му зготвив на моето семејство многу вкусен сутлијаш и додека не сум ги заборавил мерките, набрзина да ги запишам овде и за вас!:)
Потребни состојци:
1 шолја (од 250мл., рамно наполнета) ориз
800мл. млеко
200мл. вода
100г. шеќер (количеството по желба се зголемува или намалува)
мелен цимет
Подготовка:
На тивок огон (со постојано мешање за да не загори), се варат млекото, водата и оризот, се’ додека оризот не биде сварен. Потоа се става шеќерот и се продолжува со варење додека не се добие саканата густина. Не се препорачува сутлијашот да биде многу густ, затоа што тој и отпосле губи течност и се суши.
Варениот сутлијаш се тура во адекватни садови и се остава да се излади. Пред сервирање се попрскува со мелен цимет.
Многу е битно откако ќе се проба сутлијашот, да се рече:
Ммммм...! Алал нека му е на овој Strelec за рецептов!:)
И засега толку беше со ’мрсни’ јадења, а еден извесен период ќе ви препорачувам само посна храна заради предвелигденските пости.
|
dzadzev |
Sutlijas .. BLJAK, Sorry Strelec ama od nikogas ne sum go sakal[V] |
melpomena |
pa ne morashe bash tuka da go napishesh toj zbor "bljak"...
Strelec ja sakam suklijash:). |
sapeski |
И јас сакам сутлијаш [:)] |
Strelec |
на melpomena и на sapeski им должам сутлијаш, а dzadzev нека си приготви сам некој десерт за себе!:)
|
ragazza |
strelec ako vi ostanalo sutliac mozi da se sprema
Ris ala Malta
5 dl sutliac
1.5 dl cream ( hopla na mkd mislam )
3 lazici vanilinen seker
2 dl borovinki ( blueberry)
1 dl malinki
4 lazici seker
3 dl voda
Se mesa vanilin seker so laden sutliac .
Mixas cream so 2 lazici od sekerot i potaoa se mesha sutliacot so whipped cream.
Potoa se mesa borovinki malinki so ostaniot seker zaedno vo voda i na tivko se dodeka ednas ne pocni da vrie ....
Ova e za posle postite ama :))
|