Angliski Fudbal
Angliski Fudbal
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 26. КОЛО СУПЕР-ВИКЕНД ЗА АРСЕНАЛ Арсенал се 'одлепи' уште повеќе на врвот на табелата во Прмиер-лигата откако 'топчиите' славеа на големото дерби на Стемфорд Бриџ против екипата на Челзи. На самиот старт избраниците на Раниери ги шокираа 'топчиите' поведувајќи уште во 28. секунда преку Гудјонсен, но тоа беше сй што домаќините сторија на оваа средба. Само неколку минути им беа потребни на избраниците на Венгер да ги консолидираат своите редови и за многу кратко време да направат пресврт. Прво Виеира го круниса со гол извонредното додавање на Денис Бергкамп, а само пет минути подоцна по погрешната проценка на Саливен, Еду од пет метри ја затресе празната мрежа на домаќините. до крајот на средбата Челзи направи неколку полушанси, но 'топчиите' немаа поголеми проблеми да ги затворат приодите кон голот на Леман. 'Се боревме напорно и заслуживме да победиме. Сепак, тоа не значи и осигурување на титулата бидејќи има уште многу да се игра, а ние имаме само седум бода предност во однос на Јунајтед', изјави Арсен Венгер. 'Црвените ѓаволи' уште еднаш се посрамотија играјќи само 1:1 пред своите гледачи против Лидс. 18-годишниот Скот Карсон имаше одлично деби во Премиер-лигата бранејќи неколку извонредни удари на домаќините на Олд Трафорд. Замената за Пол Робинсон беше немоќен при обидот на Пол Сколс во 66. минута, но, за среќа на Лидс, само две минути подоцна израмни со удар со глава по центаршутот на Доми. 'Седум бода се голема предност, но тоа не е недостижно. Имам на располагање извонредна екипа која е способна да бележи одлични резултати и сигурен сум дека наскоро ќе почнеме една долга победничка серија. Проблем може да претставува повредата на Силвестре, поради која овој фудбалер најверојатно нема да може да настапи на првиот меч од Лигата на шампионите против Порто', истакна Сер Алекс Фергусон. За одбележување е дека Манчестер Сити со триумфот од 3:1 на гостувањето во Болтон стави крај на својата серија од 15 натпревари без победа. Роби Фаулер со два гола беше најзаслужен за првиот триумф на избраниците на Кевин Киген по 1 ноември минатата година. РЕЗУЛТАТИ МАНЧЕСТЕР Ј. - ЛИДС 1:1 Сколс 66' - Смит 68' ЧЕЛЗИ - АРСЕНАЛ 1:2 Гудјонсен 1' - Виеира 15', Еду 21' БОЛТОН - МАН. СИТИ 1:3 Нолан 22' - Фаулер 27', 33', Чарлтон 50' (а.г.) ЧАРЛТОН - БЛЕКБУРН 3:2 Кол 10', Јуел 37', Јенсен 90' - Кол 74', Фридел 90' ЊУКАСЛ - МИДЛСБРОУ 2:1 Белами 63', Ширер 83' (п) - Зенден 33' САУТЕМПТОН - ЕВЕРТОН 3:3 Филипс 54', Бити 84' (п), Фернандез 90' - Руни 7', 78', Фергусон 30' ВУЛВС - ФУЛАМ 2:1 Инс 20', Корт 51' - Малбранк 81' А. ВИЛА - БИРМИНГЕМ ТОТЕНХЕМ - ЛЕСТЕР ТАБЕЛА 1. Арсенал 26 19 7 0 51:17 64 2. Манчестер Ј. 26 18 3 5 50:24 57 3. Челзи 26 17 4 5 47:21 55 4. Њукасл 26 10 11 5 37:27 41 5. Чарлтон 26 11 7 8 37:32 40 6. Ливерпул 25 10 8 7 36:27 38 7. А. Вила 25 10 6 9 30:28 36 8. Фулам 26 10 5 11 38:37 35 9. Бирмингем 24 9 8 7 23:26 35 10. Болтон 26 8 10 8 32:40 34 11. Тотенхем 25 10 3 12 35:38 33 12. Саутемптон 26 8 8 10 26:26 32 13. Мидлсброу 25 8 7 10 27:31 31 14. Ман. Сити 26 6 9 11 36:38 27 15. Блекбурн 26 7 6 13 38:43 27 16. Евертон 26 6 8 12 31:39 26 17. Портсмаут 25 6 5 14 28:39 23 18. Вулвс 26 5 8 13 24:52 23 19. Лестер 25 4 9 12 33:47 21 20. Лидс 26 5 6 15 24:51 21 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 19 гола - Анри (Арсенал); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 17 гола - Ширер (Њукасл); 16 гола - Саха (Манчестер Х.); 12 гола - Ањелка (Ман. Сити) ИДНО КОЛО (28.2.2004) Арсенал - Чарлтон; Блекбурн - Саутемптон; Евертон - А. Вила; Фулам - Манчестер Ј.; Лидс - Ливерпул; Лестер - Вулвс; Ман. Сити - Челзи; Бирмингем - Болтон; Мидлсброу - Тотенхем; Портсмаут - Њукасл
StormAngel ФА КУП - 1/4 ФИНАЛЕ ИМА ЛИ ЈУНАК ДА ГИ СОПРЕ 'ТОПЧИИТЕ'? Арсенал како брз воз патува кој својата 4. по ред титула во ФА Купот. Во доминантна игра низ сите 90 минути 'топчиите' заслужено дојдоа до импресивната победа од 5:1, што за нив е18. победа по ред во Купот. Агресивната игра на Арсенал даде плод во 26. минута кога Анри ја затресе мрежата откако Пасанен го исчисти додавањето на Љунгберг кон Рејес, а топката дојде до Анри. Во самиот финиш на првиот дел Арсенал со два гола ги реши дилемите околу победникот. Љунгберг по додавањето на Еду се запиша во листата на стрелци, а по само минута игра Коло Туре ја искористи слабата реакција на домашната одбрана по удар од аголот и зголеми на 3:0. Доминантната игра на 'топчиите' продолжи и по паузата, што резултираше со вторите погодоци на Анри и Љунбберг. Лошиот ден на Портсмаут колку-толку успеа да го спаси ветеранот Шерингам со почесниот гол во 89. минута. Иако беше во негатива од еден гол Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Фулам и да си обезбедат пласман во полуфиналето. Стид Малбранк од белата точка (по стартот на Браун над Боа Морте) ги донесе гостите во водство. Но 'Црвените ѓаволи' во своите редови го имаа расположениот Руд ван Нистелрој, кој со два гола го направи пресвртот. Израмнувањето дојде по добрата акција на Рајан Гигс по левата страна, а по неговиот центаршут на Ван Нистелрој му остана само полесниот дел од работата. Од идентична акција беше постигнат и вториот гол. Овој пат се одлично сработи Кристијано Роналдо, нафрли во петерецот, а на вистинското место се најде повторно холандската машина за голови. Членот на втората дивизија Транмере се избори за нова средба со Милвол откако на гости одигра 0:0. На овој меч домаќините преку Мускат не ја реализираа најстрога казна во 75. минута. РЕЗУЛТАТИ: МАНЧЕСТЕР Ј. - ФУЛАМ 2:1 Ван Нистелрој 24', 62' - Малбранк 22' (п) ПОРТСМАУТ - АРСЕНАЛ 1:5 Шерингам 89' - Анри 26', 50', Љунгберг 44', 57', Туре 45' МИЛВОЛ - ТРАНМЕРЕ 0:0 САНДЕРЛЕНД - ШЕФИЛД Ј.
StormAngel ФА КУП - ФИНАЛЕ 'ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ' ЈА СПАСИЈА СЕЗОНАТА Манчестер Јунајтед успеа во финалниот обид да дојде до титула сезонава победувајќи го Милвол во финалето од ФА Купот со високи 3:0. На членот на првата дивизија не му помогна ни тоа што играчот менаџер Денис Вајс 'стегна заби' и се појави во првиот тим. Сепак разликата во квалитет меѓу двете екипи беше очигледна што резултираше со крајниот резултат. Поради двата постигнати гола за играч на натпреварот беше прогласен Руд ван Нистелрој, но според она што беше прикажано на теренот таа требаше да му припадне на Кристијано Роналдо кој ја одигра најдобрата партија во дресот на Манчестер. Им создаваше големи проблеми на одбранбените фудбалери на Милвол, особено во првиот дел, а добрата игра ја круниса и со првиот гол за неговата екипа кога со глава ја затресе мрежата по центаршутот на Гери Невил. 'Гигс и Руд направија неколку одлични потези, но Роналдо беше навистина неверојатен на оваа средба. Мислам дека тој во иднина ќе биде еден од најдобрите фудбалери на светот', изјави асистентот при голот на Португалецот, Невил. Патот на Манчестер кон титулата продолжи во65. минута кога Гигс беше соборен во шеснаесетникот, а досудената најстрога казна во гол ја претвори ван Нистелрој. По една добра акција на Гигс во 81. минута холанѓанецот го постигна својот втор гол. Во финишот од средбата Сер Алекс Фергусон има даде шанса на Солсјкер и Бат, фудбалерите за кои најверојатно ова беше последен настап за Манчестер.
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 29. КОЛО 'ТОПЧИИТЕ' ГО ИЗРАМНИЈА РЕКОРДОТ Со триумфот од 2:1 на натпреварот со Болтон екипата на Арсенал го израмни рекордот од 29 натпревари без пораз во Премиер-лигата (вакви серии досега имале единствено екипите на Лидс и Ливерпул). 'Топчиите' со овој триумф само уште еднаш ја потврдија својата доминација во Премиер-лигата сезонава задржувајќи ја предноста од девет бода во однос на Челзи и дури дванаесет бода во однос на актуелниот првак Манчестер Јунајтед. Денис Бергкамп беше најдобар поединец на овој натпревар асистирајќи при првиот гол на Пирес, а самиот постигнувајќи го вториот гол за 'топчиите'. Единствениот гол на Болтон беше дело на Иван Кампо во финишот од првото полувреме, а истиот фудбалер во 90. минута не искористи убава можност да постигне и втор погодок и да му донесе на Болтон бод од Хајбери. 'Арсенал е навистина импресивен сезонава. И лани оваа екипа водеше со 2:0 против нас, но успеавме да освоиме бод. Избраниците на Арсен Венгер многу добро се сеќаваа на тој меч и затоа овој пат не ни дозволија да направиме нова сензација', изјави менаџерот на Болтон, Сем Алардајс. Манчестер Јунајтед со доста мака успеа да го совлада Тотенхем со 3:0. 'Црвените ѓаволи' до самиот финиш имаа предност од 1:0 при што гостите не реализираа неколку шанси за во последните две минути Роналдо и Белион да ги расчистат сите дилеми околу победникот на оваа средба. 'Јасно е дека работите не се одвиваа како што треба во последно време и би било глупаво да негирам дека до скоро се наоѓавме во голема криза. Сепак, најважно е што денеска покажавме дека не сме заборавиле да играме фудбал. Целосно го надигравме нашиот противник и заслужено дојдовме до трите бода, што е одлична увертира за дербито со Арсенал идниот викенд', истакна сер Алекс Фергусон. Челзи се задржа на второто место откако со 2:1 славеше на мечот со Фулам. Сите возбудувања на Стемфорд Бриџ се случија во првите 45 минути, кога Гудјонсен и Даф ја затресоа мрежата на Ван дер Сар, а Пембриџ успеа да го совлада Амброзио. Алан Ширер беше брилијантен во битката за четвртото место, со два гола помагајќи му на Њукасл да слави над Чарлтон, со што оваа екипа ги мина избраниците на Алан Карбишли на табелата. РЕЗУЛТАТИ АРСЕНАЛ - БОЛТОН 2:1 Пирес 16', Бергкамп 26' - Иван Кампо 41' А. ВИЛА - БЛЕКБУРН 0:2 Флиткрофт 26', Стид 36' ЧЕЛЗИ - ФУЛАМ 2:1 Гудјонсен 7', Даф 30' - Пембриџ 19' ЛЕСТЕР - ЕВЕРТОН 1:1 Бент 90' - Руни 75' ЛИВЕРПУЛ - ВУЛВС 1:0 Хипија 90' МАНЧЕСТЕР Ј. - ТОТЕНХЕМ 3:0 Гигс 30', Роналдо 89', Белион 90' МИДЛСБРОУ - БИРМИНГЕМ 5:3 Мендиета 5', Макароне 21', 45', Саутгејт 30', Немет 90' - Форсел 23', 59', Морисон 45' ЊУКАСЛ - ЧАРЛТОН 3:1 Ширер 3', 77', Џенас 35' - Јенсен 54' ПОРТСМАУТ - САУТЕМПТОН ЛИДС - МАН. СИТИ Денеска ТАБЕЛА 1. Арсенал 29 22 7 0 57:19 73 2. Челзи 29 20 4 5 52:22 64 3. Манчестер Ј. 29 19 4 6 55:29 61 4. Ливерпул 29 12 9 8 42:31 45 5. Њукасл 29 11 12 6 41:30 45 6. Чарлтон 29 12 7 10 40:37 43 7. Бирмингем 29 11 9 9 33:35 42 8. А. Вила 29 11 7 11 36:34 40 9. Фулам 29 11 6 12 42:40 39 10. Мидлсброу 29 10 7 12 34:38 37 11. Тотенхем 29 11 4 14 40:46 37 12. Саутемптон 28 9 9 10 29:27 36 13. Болтон 29 8 10 11 33:46 34 14. Евертон 29 8 9 12 35:40 33 15. Блекбурн 29 8 7 14 41:46 31 16. Ман. Сити 28 7 9 12 40:40 30 17. Лестер 29 5 12 12 39:52 27 18. Портсмаут 28 6 6 16 29:44 24 19. Вулвс 29 5 9 15 24:57 24 20. Лидс 28 5 7 16 26:55 22 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 21 гол - Анри (Арсенал); 19 гола - Ширер (Њукасл); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 17 гола - Саха (Манчестер Ј.) ИДНО КОЛО (27.3.2004) Бирмингем - Лидс; Блекбурн - Портсмаут; Чарлтон - А. Вила; Челзи - Вулвс; Евертон - Мидлсброу; Ман. Сити - Фулам; Саутемптон - Тотенхем; Лестер - Ливерпул; Болтон - Њукасл; Лестер - Ливерпул; Арсенал - Манчестер Ј.
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 27. КОЛО 'ЃАВОЛИТЕ' НИКАКО ДА ПОБЕДАТ Екипата на Арсенал е на најдобар пат да се закити со шампионската титула во Премиер-лигата. 'Топчиите' го искористија новиот 'кикс' на Манчестер Јунајтед за уште повеќе да 'се одлепат' на врвот на табелата, со дури девет бода предност во однос на актуелниот шампион. На Арсенал му беа потребни само четири минути за да ги разреши сите дилеми на дуелот со Чарлтон. Пирес во втората и Анри во четвртата минута успеаја да ја затресат мрежата на противникот и да ја осигураат дваесеттата победа нас тимот од Хајбери сезонава. 'Одигравме фантастично прво полувреме. При резултат 2:0 противничкиот голман имаше неколку извонредни интервенции и не ни дозволи да забележиме убедлив триумф. Во вторите 45 минути се олабавивме, а противникот тоа го искористи за да се врати во игра. За среќа, го издржавме притисокот во самиот финиш и забележавме значајна победа', истакна Арсен Венгер. Сер Алекс Фергусон реши да се коцка на натпреварот со Фулам, и загуби. Ферги реши на оваа средба да ги одмори Ван Нистелрој, Хауард и Рајан Гигс, а без овие тројца 'Црвените ѓаволи' успеаја да дојдат само до бод на Лофтус Роуд. Саха со гол им се 'заблагодари' на навивачите на Фулам за свирежите што му ги упатуваа секој пат кога ја имаше топката, но бод за домаќините спаси Боа Морте, кој искористи уште една слаба интервенција на Вес Браун за да ја затресе мрежата на актуелниот шампион. 'Трката за титулата уште не е завршена. Точно е дека сега ќе ни биде многу тешко, но не смееме да се откажеме од намерата да ја одбраниме круната. На овој натпревар бевме оштетени бидејќи судијата не досуди чист пенал по стартот на Ван дер Сар над Саха. Ако тој покажеше на белата точка, ние сигурно ќе забележевме победа', изјави Фергусон. Челзи се искачи на второто место на табелата откако избраниците на Клаудио Раниери славеа на гостувањето против Манчестер Сити со минимални 1:0. Роби Фаулер беше трагичар на домаќините на овој меч не реализирајќи дури три идеални шанси на стартот од второто полувреме. Казната стигна осум минути пред крајот до мечот, кога 'резервистот' Гудјонсен избегна офсајд замка на домашните дефанзивци и на додавање на Вејн Бриџ го совлада Дејвид Џејмс. РЕЗУЛТАТИ АРСЕНАЛ - ЧАРЛТОН 2:1 Пирес 2', Анри 4' - Јенсен 59' БЛЕКБУРН - САУТЕМПТОН 1:1 Кол 52' - Филипс 2' ФУЛАМ - МАНЧЕСТЕР Ј. 1:1 Боа Морте 66' - Саха 14' ЛЕСТЕР - ВУЛВС 0:0 МАН. СИТИ - ЧЕЛЗИ 0:1 Гудјонсен 82' ЕВЕРТОН - А. ВИЛА 2:0 Радзински 78', Гравесен 84' ЛИДС - ЛИВЕРПУЛ 2:2 Баке 29', Видука 34' - Кјуел 21', Барош 42' ПОРТСМАУТ - ЊУКАСЛ 1:1 Луа Луа 89' - Белами 34' ТАБЕЛА 1. Арсенал 27 20 7 0 53:18 67 2. Челзи 27 18 4 5 48:21 58 3. Манчестер Ј. 27 18 4 5 51:25 58 4. Њукасл 27 10 12 5 38:28 42 5. Чарлтон 27 11 7 9 38:34 40 6. Ливерпул 26 10 9 7 38:29 39 7. А. Вила 27 10 7 10 32:32 37 8. Фулам 27 10 6 11 39:38 36 9. Бирмингем 25 9 9 7 25:28 36 10. Тотенхем 26 10 4 12 39:42 34 11. Болтон 26 8 10 8 32:40 34 12. Саутемптон 27 8 9 10 27:27 33 13. Мидлсброу 25 8 7 10 27:31 31 14. Евертон 27 7 8 12 33:39 29 15. Блекбурн 27 7 7 13 39:44 28 16. Ман. Сити 27 6 9 12 36:39 27 17. Портсмаут 26 6 6 14 29:40 24 18. Вулвс 27 5 9 13 24:52 24 19. Лестер 27 4 11 12 37:51 23 20. Лидс 27 5 7 15 26:53 22 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 20 гола - Анри (Арсенал); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 17 гола - Саха (Манчестер Ј.), Ширер (Њукасл) ИДНО КОЛО (13.3.2003) Бирмингем - Лестер; Блекбурн - Арсенал; Болтон - Челзи; Чарлтон - Мидлсброу; Евертон - Портсмаут; Фулам - Лидс; Ман. Сити - Манчестер Ј.; Саутемптон - Ливерпул; Тотенхем - Њукасл; Вулвс - А. Вила
StormAngel КАРЛИНГ-КУП ФИНАЛЕ ТРИУМФ ЗА ИСТОРИЈА НА МИДЛСБРОУ Со триумфот од 2:1 над Болтон на Милениум Стадионот во Кардиф тимот на Мидлсброу го освои првиот трофеј во 128-годишната клупска историја. Иако се очекуваше затворена игра и од двете страна, гледачите во Кардиф можеа да проследат атрактивен натпревар во кој трите погодоци паднаа уште во првите дваесетина минути. Човек на одлука беше камерунскиот голгетер во дресот на 'Боро', Дезире Џоб, кој уште во втората минута го отвори резултатот на додавање на Холанѓанецот Будевијн Зенден. Фудбалерите на Болтон како да беа шокирани од развојот на настаните, а избраниците на Стив Мек Кларен знаеја како да го искористат ова и да го зголемат своето водство. Во 7. минута повторно Џоб беше во главна улога, по прекршокоот над овој фудбалер што го направи Емерсон Томе, Зенден од белата точка немаше проблеми да го совлада Јаскелаинен. Болтон се врати во игра помалку неочекувано откако во 21. минута по големата грешка на Марк Шварцер, Дејвис намали на 2:1. Емерсон Томе за малку ќе си го надополнеше својот лош ден и со автогол (за негова среќа топката заврши само во гредата од голот на Болтон). Во финишот Болтон имаше неколку убави шанси за израмнување, но Шварцер одлично интервенираше и се погрижи тимот од Риверсајд да се закити со трофејот. БОЛТОН - МИДЛСБРОУ 1:2 (1:2) Стрелци: Дејвис 21' - Џоб 2', Зенден 7' (п) Судија: Мајк Рајли БОЛТОН: Јаскелаинен, Хант (Јанакопулос 88'), Нготи, Емерсон, Чарлтон, Франдсен (Педерсен 64'), Кампо, О'Коча, Нолан (Хави Морено 78'), Дејвис, Џоркаеф МИДЛСБРОУ: Шварцер, Милс, Ехиогу, Саутгејт, Кведру, Мендиета, Дорива, Боатенг, Зенден, Жунињо, Џоб (Рикетс 66')
StormAngel ИНИИЈАТИВА НА ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФИФА, БЛАТЕР ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СЕ 'КАСТРИ' НА 18 КЛУБА Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, е во преговори со англиската фудбалска федерација ФА за намалување на Премиер-лигата на 18 клуба, а се преговара и за укинување на реванш-средбите во ФА купот. Според Блатер, идеалната бројка за клубови во една лига е 16, но додава дека и 18 клуба би влијаеле на олеснување на згуснатиот календар. 'Во Англија постојат ФА и Лига куп и традиционалниот начин на преигрување на средбите од ФА купот. Разговараме со ФА за да се најде начин како да се намалат клубовите учесници во Премиер-лигата на 18 и укинување на повторните средби во ФА Купот. Сакаме да се остави простор на репрезентативните настапи. Идеално би било во домашното првенство да се играат 43 до 47 средби во сезона, а севкупно секој фудбалер да одигра околу 60 средби во година', изјави Бталер.
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 28. КОЛО СИТИ ГИ ПОНИЖИ 'ЃАВОЛИТЕ' Манчестер Јунајтед и дефинитивно отпадна од трката за титулата во Премиер-лигата откако во градското дерби 'Црвените ѓаволи' доживеаја фијаско на средбата со Сити од убедливи 4:1. Иако Силвестре се врати во таборот на 'ѓаволите', јасно е дека одбраната на актуелниот европски првак не функционира како што треба. Така, фудбалерите на Сити дури и без својот најдобар стрелец Николас Ањелка успеаја дури четирипати да го совладаат Хауард, што е прв меч со толку примени голови на Јунајтед сезонава. На спротивната страна се чини дека Ферги згреши што натпреварот го почна само со Ван Нистелрој во нападот бидејќи одбраната на Сити премногу лесно излезе на крај со најдобриот стрелец на Јунајтед. По овој 'кикс' на актуелниот шампион, сега Арсенал има удобна предност од цели 12 бода во однос на 'ѓаволите', кои паднаа на третото место, зад Челзи. 'Топчиите' без поголеми проблеми славеа на Ивуд Парк над Блекбурн со 2:0. Тиери Анри со еврогол од слободен удар го отвори резултатот на овој натпревар, додека конечните 2:0 беа дело на Пирес по една убава акција на Виеира и Жилберто Силва. 'Главен виновник за нашиот пораз е судијата. Тој досуди непостоечки прекршок за Арсенал по кој Анри го отвори резултатот. Дури и самиот Анри се изненади кога виде дека судијата досуди фаул откако тој самиот си падна на теренот, а нас тоа нй чини значајни бодови во борбата за опстанок', се жалеше по натпреварот менаџерот на Блекбурн, Грем Сунес. Челзи со доста среќа дојде до трите бода на Рибок Стадионот во Болтон. Домаќините имаа целосна доминација во првото полувреме, но не успеаја да најдат начин да го совладаат третиот голман на Челзи, Амбросио (првите два чувари на мрежата, Кудичини и Саливен, се повредени). Казната за овие нереализирани шанси стигна во последните дваесетина минути, кога Тери и Даф успеаја да ја затресат мрежата на Јаскелаинен. И покрај многуте проблеми на фудбалерите на Лестер на приватен план, оваа екипа успеа да дојде до огромни три бода на гостувањето против Бирмингем. Ветеранот Лес Фердинанд уште еднаш беше херој на 'лисиците', кои на оваа средба настапија без Гилеспи, Синклер и Диков (против кои се води судска постапка за силување во Шпанија). РЕЗУЛТАТИ БОЛТОН - ЧЕЛЗИ 0:2 Тери 71', Даф 74' БИРМИНГЕМ - ЛЕСТЕР 0:1 Фердинанд 53' БЛЕКБУРН - АРСЕНАЛ 0:2 Анри 53', Пирес 57' ЧАРЛТОН - МИДЛСБРОУ 1:0 Холанд 25' ЕВЕРТОН - ПОРТСМАУТ 1:0 Руни 78' ФУЛАМ - ЛИДС 2:0 Дејвис 71', Боа Морте 83' ВУЛВС - А. ВИЛА 0:4 Хицлшпергер 7', Мелберг 18', Анхел 24', 59' МАН. СИТИ - МАНЧЕСТЕР Ј. 4:1 Фаулер 3', Макен 33', Синклер 73', Рајт-Филипс 89' - Сколс 35' ТОТЕНХЕМ - ЊУКАСЛ 1:0 О'Брајен 86' (а.г.) САУТЕМПТОН - ЛИВЕРПУЛ ТАБЕЛА 1. Арсенал 28 21 7 0 55:18 70 2. Челзи 28 19 4 5 50:21 61 3. Манчестер Ј. 28 18 4 6 52:29 58 4. Чарлтон 28 12 7 9 39:34 43 5. Њукасл 28 10 12 6 38:29 42 6. Бирмингем 28 11 9 8 30:30 42 7. А. Вила 28 11 7 10 36:32 40 8. Ливерпул 26 10 9 7 38:29 39 9. Фулам 28 11 6 11 41:38 39 10. Тотенхем 28 11 4 13 40:43 37 11. Мидлсброу 28 9 7 12 29:35 34 12. Болтон 28 8 10 10 32:44 34 13. Саутемптон 27 8 9 10 27:27 33 14. Евертон 28 8 8 12 34:39 32 15. Ман. Сити 28 7 9 12 40:40 30 16. Блекбурн 28 7 7 14 39:46 28 17. Лестер 28 5 11 12 38:51 26 18. Портсмаут 27 6 6 15 29:41 24 19. Вулвс 28 5 9 14 24:56 24 20. Лидс 28 5 7 16 26:55 22 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 21 гол - Анри (Арсенал); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 17 гола - Саха (Манчестер Ј.), Ширер (Њукасл); 13 гола - Анхел (А. Вила) ИДНО КОЛО (20.4.2004) Арсенал - Болтон; А. Вила - Блекбурн; Челзи - Фулам; Лестер - Евертон; Ливерпул - Вулвс; Манчестер Ј. - Тотенхем; Мидлсброу - Бирмингем; Њукасл - Чарлтон; Портсмаут - Саутемптон; Лидс - Ман. Сити
StormAngel ПРЕМИЕР ЛИГА - 31. КОЛО ХАСЛБЕНК ВО ЕЛЕМЕНТ Џими Флојд Хаслбенк втора средба по ред покажува дека сй уште не е 'за старо железо' и дека за него има место во тимот и покрај големата конкуренција. Откако со хет-трик против Волците спречи изненадување во 31. коло повторно беше среќен за сините' откако со неговиот погодок дојдоа до три бода на градското дерби со Тотенхем. Воедно со оваа победа Челзи се доближи и на 4. бода до 'топчиите' со што внесе мала драма во финишот на сезоната. Во 38. минута од левата страна нафрли Демиен Даф, на домашната одбрана и побегна Халбенк по што од идеална позиција не му беше тешко да го совлада Келер за продолжување на серијата без пораз на Вајт Харт Лејн, која стартуваше далечната 1987. Севкупно ова беше заслужена победа за романската империја, која и покрај тоа што настапи со неколку рокади од стандардниот состав имаше повеќе од играта и создаде повеќе шанси. Ревија на голови се случуваше на Сент Џејмс Парк од која профитираше домашниот Њукасл, кој освои значајни бодови во битката за 4. позиција. Во победата на Њукасл со два гола учествуваше Ширер со што му се доближи на минус еден од Анри на листата на стрелци. Ливерпул беше изненадувачки убедлив совладувајќи го Блекбурн со 4:0 на Енфилд. Напаѓачкиот тандем Овен-Хески извонредно функионираше кај домаќините постигнувајќи три гола. За истакнување е и добрата игра на Диуф по чиј удар Тод постигна автогол, а и асистираше при првиот гол на Овен. Во реприза од финалето на Карлинг купот екипата на Мидлсброу повторно го совлада Болтон, и тоа со 2:0. Кевин Нолан со авто голот уште во 10. минута ја најави победата на 'Боро, која во вториот дел ја потврди Грининг. Дефанзивецот на Манчестер, Сити Дистан беше среќен за својата екипа откако со голот на осум минути пред крајот и обезбеди бод на гостувањето кај Астон Вила. Претходно домаќините поведоа во 26. минута преку Анхел кој најдобро се снајде по ударот од аголот на Хицлспергер. РЕЗУЛТАТИ: ФУЛАМ - БИРМИНГЕМ 0:0 МИДЛСБРОУ - БОЛТОН 2:0 Нолан 10' (а.г.), Грининг 51' ЊУКАСЛ - БОЛТОН 4:2 Белами 5', Даер 21', Ширер 52', 90' - Гравесен 12', Јобо 81' ТОТЕНХЕМ - ЧЕЛЗИ 0:1 Хаслбенк 38' ВУЛВС - САУТЕМПТОН 1:4 Камара 72' - Бити 25', Лундеквам 58', Филипс 89', 90' АСТОН ВИЛА - МАН. СИТИ 1:0 Анхел 26' - Дистан 82' ЛИВЕРПУЛ - БЛЕКБУРН 4:0 Овен 7', 24', Тод 22' (а.г.), Хески 79' ЛИДС - ЛЕСТЕР денес ТАБЕЛА 1. Арсенал 30 22 8 0 58:20 74 2. Челзи 31 22 4 5 58:24 70 3 Манчестер Ј. 30 19 5 6 56:30 62 4. Ливерпул 31 13 10 8 46:31 49 5. Њукасл 31 12 12 7 45:33 48 6. Бирмингем 31 12 10 9 37:36 46 7. А. Вила 31 12 8 11 39:36 44 8. Чарлтон 30 12 7 11 41:39 43 9. Саутемптон 31 11 9 11 34:29 42 10. Фулам 31 11 8 12 42:40 41 11. Мидлсброу 31 11 8 12 37:39 41 12. Тотенхем 31 11 4 16 40:48 37 13. Болтон 31 9 10 12 34:48 37 14. Евертон 31 8 10 13 38:45 34 15. Ман. Сити 31 7 11 13 42:43 32 16. Блекбурн 31 8 7 16 42:52 31 17. Портсмаут 30 8 6 16 32:45 30 18. Лестер 30 5 13 12 39:52 28 19. Лидс 30 6 7 17 29:60 25 20. Вулвс 31 5 9 17 27:66 24 ИДНО КОЛО (10.04.2004) Бирмингем - Манчестер Ј.; Блекбурн - Лидс; Болтон - Астон Вила; Чарлтон - Портсмаут; Челзи - Мидлсброу; Лестер - Фулам; Ман. Сити - Вулвс; Саутемптон - Њукасл; Арсенал - Ливерпул; Евертон - Тотенхем ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 22 гола - Тиери Анри (Арсенал); 21 гол - Алан Ширер (Њукасл); 18 гола - Руд ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 16 гола - Микаел Форсел (Бирмингем); 15 гола - Мајкл Овен (Ливерпул)
StormAngel ФА КУП - ПОЛУФИНАЛЕ НИШТО ОД ТРОЈНАТА КРУНА НА 'ТОПЧИИТЕ' Надежите на Арсенал за освојување на тројна круна пропаднаа во саботата, кога 'топчиите' загубија во полуфиналето од ФА Купот од големиот ривал Манчестер Јунајтед. Клучен момент на овој натпревар беше 32. минута, кога по една одлична акција на Рајан Гигс, Пол Сколс го совлада Леман и го постигна единствениот гол на мечот. На спротивната страна, 'Црвените ѓаволи' имаа многу среќа откако ударите на Еду (во 3') и Виеира (45') завршија во гредата од голот на Керол. Голманот на Манчестер имаше неколку убави интервенции во првото полувреме бранејќи ги ударите на Бергкамп и Коло Туре. Во вториот дел Арсен Венгер реши да ги стави во игра Тиери Анри и Хозе Рејес, но со овие измени 'топчиите' го загубија својот препознатлив ритам и не успеаја целосно да ја наметнат својата иницијатива во обидите да постигнат израмнувачки погодок. Во големото финале на 22 мај на Милениум стадионот во Кардиф избраниците на сер Алекс Фергусон ќе се сретнат со Милвол откако оваа екипа во второто полуфинале на Олд Трафорд успеа да слави над Сандерленд со минимални 1:0. Избраниците на Денис Вајс имаа многу среќа во 7. минута, кога слободниот удар на Остер заврши во пречката од голот на Милвол. На спротивната страна, во својата прва посериозна шанса Милвол го постигна единствениот гол на натпреварот. Тим Кахил беше стрелецот откако со удар од десетина метри успеа да го совлада Мартин Пум. По примениот гол Сандерленд почна со груба игра, па Денис Вајс уште во првото полувреме мораше да направи две измени. Сепак, Милвол успеа да го издржи притисокот и да си го обезбеди пласманот во големото финале. АРСЕНАЛ - МАНЧЕСТЕР Ј. 0:1 (0:1) Стрелец: Сколс 32' Стадион: Вила Парк во Бирмингем Судија: Грем Барбер Ж. Картони: Пирес, Леман, Туре, Лорен (А), Сколс (М) АРСЕНАЛ: Леман, Кемпбел, Клиши, Туре, Лорен, Еду (Кану 76'), Виеира, Пирес (Анри 57'), Љунгберг, Бергкамп, Алиадиер (Рејес 57') МАНЧЕСТЕР Ј.: Керол, Г. Невил, О'Ши, Браун, Силвестре, Кин, Флечер, Гигс, Роналдо, Сколс, Солскјер САНДЕРЛЕНД - МИЛВОЛ 0:1 (0:1) Стрелец: Калхил 25' Стадион: Олд Трафорд во Манчестер Судија: Пол Даркин Ц. Картон: МекАтир (С) 86' Ж. Картони: МекКартни, Тирвел (С), Ифил, Вајс (М) САНДЕРЛЕНД: Пом, Баб (Пајпер 77'), Брин, МекКартни, Рајт (Торнтон 90'), Арка, МекАтир, Остер, Тирлвел, Кајл (Стјуарт 61'), Смит МИЛВОЛ: Маршал, Лоренс, Маскет (Робертс 42'), Рајан (Елиот 56'), Ворд, Кахил, Ифил (Свини 29'), Ливермор, Вајс, Дикио, Херис
NITROXXX Uste so pastiranje da mu eem, Do koga vaka be BlueHIM, inaku da si ja iskoristam replikava protiv Arsenal, ke bide mozda shampion ovaa sezona, no ke mu bide posledna.[:D]
StormAngel Mora da se pastira,ne mozam da gi zapamtam site utakmici na edno kolo.[;)]Ne se zali tolku mnogu.Sepak gubam vreme dodeka gi najdam informaciite.
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 33. КОЛО 'ЦРНИ' ТРИ ДЕНА ЗА ЧЕЛЗИ Ионака малите шанси на Челзи за освојување на шампионската титула сега се сведени само на теорија, откако избраниците на Клаудио Раниери на двете средби во изминатите три дена освоија само еден бод. По ремито на свој терен против Мидлсброу, тимот на Роман Абрамович доста неочекувано 'киксна' и на Вила Парк, каде загуби од домашната Астон Вила со 3:2. Хернан Креспо по долга пауза конечно доби шанса да заигра во првиот тим на Челзи, и одлично се снајде постигнувајќи два погодоци на оваа средба. Сепак, се чини дека Раниери не требаше да ризикува и со рокади во одбраната, каде младиот Хут и секогаш несигурниот Мелчиот се покажаа во многу бледо издание. Васел, Хицлшпрегер и Хендри со погодоците се 'најзаслужни' што сега Арсенал има огромна предност од седум бода, плус натпревар помалку, и што 'топчиите' се на најдобар пат до освојување на шампионската титула. Избранците на Арсен Венгер се многу близу и до 'перфектна сезона', без ниту еден пораз, откако останаа непоразени на тешкото гостување на Сент Џејмс Парк против Њукасл. Лесно можеше да се случи 'топчиите' да дојдат и до трите бода на оваа средба, но Анри и Рејес не реализираа извонредни шанси за гол во второто полувреме. Кога Ливерпул ќе загуби на домашен терен сезонава, тоа веќе не е никаква сензација. Ова најдобро го потврдува фактот дека вчера на Енфилд Роуд славеше Чарлтон, тим кој се нема радувано на триумф на стадионот на најтрофејниот англиски клуб во последните 50 години. Шон Бартлет беше херој на тимот на Алан Карбишли, постигнувајќи гол по корнерот на Јохансон. Ливерпул имаше повеќе од играта, но се беше попусто откако во вториот дел дефанзивците на Чарлтон двапатија 'чистеа' топката од самата гол-линија по ударите на Хаман, а во последната минута гостинскиот голман Кајли одлично интервенираше при ударот на Шмицер, кому ова му беше прв меч по тримесечната пауза поради повреда. Портсмаут полека, но сигурно бега од дното на табелата. Тимот на Хари Реднап успеа да слави со 3:1 на мечот со Бирмингем, а гостите со вториот пораз во три дена (по оној на свој терен од Манчестер Јунајтед) уште повеќе си ги намалија шансите за пласман на четвртото место на табелата. РЕЗУЛТАТИ ЊУКАСЛ - АРСЕНАЛ 0:0 А. ВИЛА - ЧЕЛЗИ 3:2 Васел 39' (п), Хицлшпрегер 49', Хендри 52' - Креспо 11', 90' ЛИВЕРПУЛ - ЧАРЛТОН 0:1 Бартлет 63' МИДЛСБРОУ - САУТЕМПТОН 3:1 Жунињо 23', Немет 32', Макароне 49' - Бити 70' ПОРТСМАУТ - БИРМИНГЕМ 3:1 Стефановиќ 45', Луа Луа 62', Јакубу 73' (п) - Џон 67' ТОТЕНХЕМ - МАН. СИТИ 1:1 Дефо 52' - Ањелка 25' ВУЛВС - БОЛТОН 1:2 Камара 44' - Педерсен 43', Дејвис 90' ФУЛАМ - БЛЕКБУРН Синоќа ДЕНЕСКА ЛИДС - ЕВЕРТОН 20.45ч МАНЧЕСТЕР Ј. - ЛЕСТЕР 21ч РЕЗУЛТАТИ ОД САБОТАТА БИРМИНГЕМ - МАНЧЕСТЕР Ј. 1:2 Грејнџер 39' - Роналдо 60', Роналдо 78' БЛЕКБУРН - ЛИДС 1:2 Шорт 90' - Колдвел 2', Видука 89' БОЛТОН - А. ВИЛА 2:2 Педерсен 48', Дејвис 86' - Крауч 18', Хендри 53' ЧАРЛТОН - ПОРТСМАУТ 1:1 Бартлет 8' - Јакубу 65' ЧЕЛЗИ - МИДЛСБРОУ 0:0 ЛЕСТЕР - ФУЛАМ 0:2 Џон 66', 89' МАН. СИТИ - ВУЛВС 3:3 Ањелка 25', Сибиерски 39', Рајт-Филипс 90' - Кенеди 13', Корт 23', Камара 78' ТАБЕЛА 1. Арсенал 32 23 9 0 62:22 78 2. Челзи 33 22 5 6 60:27 71 3. Манчестер Ј. 31 20 5 6 58:31 65 4. Ливерпул 33 13 10 10 48:36 49 5. Њукасл 32 12 13 7 45:33 49 6. А. Вила 33 13 9 11 44:40 48 7. Чарлтон 32 13 8 11 43:40 47 8. Бирмингем 33 12 10 11 39:41 46 9. Мидлсброу 33 12 9 12 40:40 45 10. Фулам 32 12 8 12 44:40 44 11. Саутемптон 32 11 9 12 35:32 42 12. Болтон 33 10 11 12 38:51 41 13. Тотенхем 33 11 5 17 42:52 38 14. Евертон 32 9 10 13 41:46 37 15. Ман. Сити 33 7 13 13 46:47 34 16. Портсмаут 32 9 7 16 36:47 34 17. Блекбурн 32 8 7 17 43:54 31 18. Лидс 32 8 7 17 34:63 31 19. Лестер 32 5 13 14 41:57 28 20. Вулвс 33 5 10 18 31:71 25 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 25 гола - Анри (Арсенал); 21 гол - Ширер (Њукасл); 19 гола - Саха (Манчестер Ј.); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 16 гола - Форсел (Бирмингем) ИДНО КОЛО (17.4.2004) Арсенал - Лидс; Портсмаут - Манчестер Ј.; Блекбурн - Лестер; Болтон - Тотенхем; Чарлтон - Бирмингем; Челзи - Евертон; Ливерпул - Фулам; Ман. Сити - Саутемптон; Вулвс - Мидлсброу; А. Вила - Њукасл
StormAngel ПРЕМИЕР-ЛИГА 34. КОЛО АНРИ НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА Арсенал продолжува да ги 'меле' противниците во домашниот шампионат. Или подобро речено Тиери Анри, кој на трите гола на минатонеделното дерби со Ливерпул овој викенд им додаде и четири погодоци на дуелот со Лидс. 'Топчиите' славеа на оваа средба со убедливи 5:0 со што сега се речиси сигурни за освојување на шампионската титула. Роберт Пирес ја 'начна' мрежата на Лидс на оваа средба за потоа на сцена да стапи Анри, кој стигна до вкупно 29 погодоци во Премиер-лигата сезонава. 'Имам кажано толку многу убави зборови за Тиери Анри што секогаш е тешко да се каже нешто ново за да се истакнат неговите квалитети. Секогаш е поубаво да се гледа Анри отколку да се зборува за него бидејќи секогаш можете да видите нешто ново', изјави Арсен Венгер. Анри во стил на вистински џентлмен комплиментите ги подели со своите соиграчи. 'Точно е дека дадов четири гола, но за тоа најзаслужни се моите соиграчи, кои извонредни ми асистираа. Секогаш е забавно да се игра кога имаш такви фудбалери крај себе', изјави најдобриот стрелец во Премиер-лигата. Портсмаут изненади многумина со победата од 1:0 над Манчестер Јунајтед, што е прв триумф на оваа екипа над 'Црвените ѓаволи' по пауза од 44 години. Ветеранот Стив Стоун беше стрелец на единствениот гол, а Шака Хислоп беше херој во второто полувреме не дозволувајќи им на гостите стигнат до израмнување. 'Имавме повеќе од поседот врз топката, но бевме премногу нервозни во обидите да го најдеме патот до мрежата на Хислоп. Се чини дека мечот меѓу нас и Челзи на 8 мај ќе решава за освојувањето на второто место на табелата', изјави сер Алекс Фергусон. Ливерпул уште повеќе си ги намали шансите за освојување на четвртото место откако одигра без голови на мечот со Фулам. 'Црвените' немаа среќа на оваа средба, со оглед на фактот дека во 50. минута Стивен Жерард не реализираше пенал, а во продолжението од второто полувреме ударите на Хески и Кјуел завршија во гредата од голот на Ван дер Сар. РЕЗУЛТАТИ АРСЕНАЛ - ЛИДС 5:0 Пирес 7', Анри 27', 33' (п), 50', 67' ПОРТСМАУТ - МАНЧЕСТЕР Ј. 1:0 Стоун 37' БЛЕКБУРН - ЛЕСТЕР 1:0 Дабицас 42' (а.г.) БОЛТОН - ТОТЕНХЕМ 2:0 Кампо 7', Педерсен 65' ЧАРЛТОН - БИРМИНГЕМ 1:1 Холанд 86' - Морисон 84' ЧЕЛЗИ - ЕВЕРТОН 0:0 ЛИВЕРПУЛ - ФУЛАМ 0:0 МАН. СИТИ - САУТЕМПТОН 1:3 Ањелка 78' - Бити 34', Филипс 55', 81' ВУЛВС - МИДЛСБРОУ 2:0 Корт 28', Камара 62' А. ВИЛА - ЊУКАСЛ ТАБЕЛА 1. Арсенал 33 24 9 0 67:22 81 2. Челзи 34 22 6 6 60:27 72 3. Манчестер Ј. 33 21 5 7 59:32 68 4. Ливерпул 34 13 11 10 48:36 50 5. Њукасл 32 12 13 7 45:33 49 6. А. Вила 33 13 9 11 44:40 48 7. Чарлтон 33 13 9 11 44:41 48 8. Бирмингем 34 12 11 11 40:42 47 9. Саутемптон 33 12 9 12 38:33 45 10. Фулам 34 12 9 13 47:44 45 11. Мидлсброу 34 12 9 13 40:42 45 12. Болтон 34 11 11 12 40:51 44 13. Евертон 34 9 12 13 42:51 39 14. Тотенхем 34 11 5 18 42:54 38 15. Блекбурн 34 10 7 17 48:57 37 16. Портсмаут 33 10 7 16 37:47 37 17.Ман. Сити 34 7 13 14 47:50 34 18. Лидс 34 8 8 18 35:69 32 19. Лестер 34 5 13 16 41:59 28 20. Вулвс 34 6 10 18 33:71 28 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 29 гола - Анри (Арсенал); 21 гол - Ширер (Њукасл); 19 гола - Саха (Манчестер Ј.); 18 гола - Ван Нистелрој (Манчестер Ј.); 16 гола - Форсел (Бирмингем), Ањелка (Ман. Сити) ИДНО КОЛО (24.4.2004) Бирмингем - Вулвс; Евертон - Блекбурн; Фулам - Чарлтон; Лидс - Портсмаут; Манчестер Ј. - Ливерпул; Мидлсброу - А. Вила; Њукасл - Челзи; Саутемптон - Болтон; Тотенхем - Арсенал ЕДИ ГРЕЈ: АРСЕНАЛ БЕШЕ СУПЕРИОРЕН 'Разочаран сум од резултатот, но факт е дека Арсенал беше супериорен на сите делови од теренот. Станува збор за екипа од самата светска елита и ние не можеме да се носиме со нив. Добив впечаток дека тие можат да ни дадат гол секогаш кога ќе го посакаат тоа, што и не е толку тешко кога го имаат феноменалниот Тиери Анри во своите редови. Според мене, Арсенал игра најубав 'фудбал за око' во светот', истакна менаџерот на Лидс по дебаклот на Хајбери. ЖЕРАР УЛИЕ: ПРЕМНОГУ МАЛЕРИ СО ПЕНАЛИТЕ 'Сезонава имаме вистинска психичка блокада кога станува збор за претворање на пеналите во погодоци. Едноставно, нй тераат премногу малери кога станува збор за ударите од белата точка, а кога нема да се реализираат такви шанси не можеме да очекуваме успех. Мајкл Овен самиот му дозволи на Жерард да ја преземе одговорноста и навистина е штета што и нашиот капитен не успеа да го урне овој малер', прокоментира менаџерот на 'Црвените'. ХАРИ РЕДНАП: ОВА Е ВИСТИНСКИОТ ПОРТСМАУТ 'Во последните неколку месеци имавме огромни проблеми со повредите, поради што не игравме во рамките на нашите можности. Сепак, ова е вистинското лице на Портсмаут. Горд сум на моите фудбалери бидејќи не се случува секогаш да се победи гигант како Манчестер Јунајтед. Одигравме борбено на сите делови од теренот, повеќе ја посакувавме победата и заслужено дојдовме до бодовите со кои сме чекор поблизу до обезбедување на опстанокот', истакна првиот човек на клупата на Портсмаут.
StormAngel ПОЗНАТИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ 'ОСКАРИ' ВО АНГЛИЈА АНРИ, ФАВОРИТ БРОЈ ЕДЕН Здружението на професионални фудбалери во Премиер-лигата ги објави номинациите за најдобар играч во ова натпреварување за сезонава што изминува. Главен фаворит во категоријата 'Најдобар играч во Премиер-лигата' е Тиери Анри, кој е најдобар стрелец во англискиот фудбалски шампионат, и е воедно најзаслужен што 'топчиите' се на најдобар пат да ја освојат својата втора титула во последните три години. Покрај Анри, номинирани за оваа награда се и Патрик Виеира, Алан Ширер, Френк Лампард, Стивен Жерард и Џеј-Џеј О'Коча. Истовремено, објавени беа и номинациите во категоријата 'Најдобар млад фудбалер'. Мало изненадување е што дефанзивецот на Челзи, Џон Тери, беше вклучен во оваа категорија, па токму затоа стандардниот англиски репрезентативец е најсериозен кандидат за ова признание, за кое ривали му се Глен Џонсон, Скот Паркер, Вејн Руни, Коло Туре и Шон Рајт-Филипс. Добитниците на овие награди ќе бидат објавени на 25 април.
StormAngel ПРЕМИЕР ЛИГА - 37. КОЛО УТЕШНОТО 2. МЕСТО ЗА ЧЕЛЗИ Откако стана јасно дека Арсенал е нов шампион на Манчестер Јунајтед и Челзи им остана да се борат за утешната позиција веднаш зад 'топчиите' која води директно води во Лигата на шампиони. И таа дилема беше разрешена на супер дербито на Олд Трафорд по ремито (1:1) кое им беше доволно на 'сините' да дојдат до втората позиција. Подобрата игра на гостите од Лондон резултираше со гол во 18. минута. Јеспер Гронјкер повторно се најде во улога на стрелец со одличниот удар во десниот горен агол од голот на немоќниот Хауард. Манчестер пропушти идеална шанса да израмни од белата точка откако Роберт Хут стартуваше недозволено над Саха. Кудичини одлично го процени слабиот удар на ван Нистелрој и не дозволи да заврши во мрежата. Нова шанса за ново израмнување на домашните повторно им донесе Хут, кој на 17 минути пред крајот поради два жолти беше исклучен. До израмнување дојде четири минути подоцна, но поради огромната грешка на Кудичини, кој не успеа да скроти еден центаршут на Силвестре и му дозволи на ван Нистелрој да ја исправи грешката од првото полувреме. За разлика од топ три пласманот, кој е веќе познат, сй уште се води битка за 4. позиција во која се вклучени Ливерпул, Њукасл и Астон Вила. 'Црвените' имаа успешна мисија на гости кај Бирмингем освојувајќи ги трите бода со победата од 3:0. На оваа средба блескаше репрезентативното трио на Ливерпул Овен, Хески и Жерард, поделувајќи ги погодоците меѓу себе. Астон Вила направи чекор наназад со ремито против Саутемптон иако први поведоа преку Анхел од белата точка. Голем 'кикс' во битката за четвртото место направи и Њукасл, играјќи само 1:1 на домашен терен против 'отпишаниот' Вулверхемптон. По ова реми на Њукасл, сега избраниците на Боби Робсон ќе мора да слават на гостувањата против Саутемптон и Ливерпул ако сакаат идната сезона да играат во квалификациите за Лигата на шампионите. РЕЗУЛТАТИ: МАНЧЕСТЕР Ј. - ЧЕЛЗИ 1:1 ван Нистелрој 77' - Гронкјер 18' ЕВЕРТОН - БОЛТОН 1:2 Фергусон 68' - Џоркаеф 15', 87' ЛИДС - ЧАРЛТОН 3:3 Килгалон 29', Пенант 41', Смит 71' (п) - Халанд 8', Јуел 76' (п), 79' ЛЕСТЕР - ПОРТСМАУТ 3:1 Тејлор 6' (а.г.), Диков 27', Скаукрофт 71' - Куаши 66' МИДЛСБРОУ - МАН. СИТИ 2:1 Макароне 8', Немет 32' - Ванчоп 35' САУТЕМПТОН - АСТОН ВИЛА 1:1 Филипс 45' - Анхел 38' (п) ТОТЕНХЕМ - БЛЕКБУРН 1:0 Дефо 18' БИРМИНГЕМ - ЛИВЕРПУЛ 0:3 Овен 29', Хески 51', Жерард 86' ЊУКАСЛ - ВУЛВС 1:1 Бојер 38' - Ганеа 70' ФУЛАМ - АРСЕНАЛ ТАБЕЛА 1. Арсенал 36 24 12 0 70:25 84 2. Челзи 37 23 7 7 66:30 76 3. Манчестер Ј. 37 22 6 9 62:35 72 4. Ливерпул 37 16 11 10 54:36 59 5. А. Вила 37 15 11 11 48:42 56 6. Њукасл 36 13 15 8 48:36 54 7. Болтон 37 14 11 12 48:54 53 8. Чарлтон 37 13 11 13 49:50 50 9. Фулам 36 13 10 13 50:45 49 10. Бирмингем 37 12 13 12 42:47 49 11. Мидлсброу 37 13 9 15 43:47 48 12. Саутемптон 36 12 10 14 40:40 46 13. Блекбурн 37 12 7 18 50:58 43 14. Портсмаут 37 11 9 17 42:53 42 15. Тотенхем 37 12 6 19 45:57 42 16. Евертон 37 9 12 16 44:52 39 17. Ман. Сити 37 8 14 15 50:53 38 18. Лестер 37 6 15 16 47:63 33 19. Лидс 37 8 9 20 40:78 33 20. Вулвс 37 7 12 18 37:74 33 ИДНО КОЛО (15.05.2004) Арсенал - Лестер; Астон Вила - Манчестер Ј.; Блекбурн - Бирмингем; Болтон - Фулам; Чарлтон - Саутемптон; Челзи - Лидс; Ливерпул - Њукасл; Ман. Сити - Евертон; Портсмаут - Мидлсброу; Вулвс - Тотенхем ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 29 гола - Тиери Анри (Ливерпул); 22 - Алан Ширер (Њукасл); 20 гола - Луис Саха (Манчестер Ј.), Руд ван Нистелрој (Манчестер Ј.)