Bundes Liga
Bundes Liga
StormAngel БУНДЕС ЛИГА - 21. КОЛО БАЕРН НАМАЛИ НА - 7 Само за неколку минути целосно се сменија позициите на Баерн Минхен во пресрет на остатокот од сезоната. Иако беа на чекор на ново разочарување пред своите гледачи, Баварците успеаја со голот во финишот на Мартин Демикелис да дојдат до мошне значајните три бода над Хамбургер. Во прилог им оди и тоа што средбата на АУФ Шалке заврши нерешено со што ја намалија негативата од Вердер на седум бода. Во редовите на Баерн се чувствуваше отсуството на Кан, Балак и Пизаро па домаќинот одигра потпросечна средба без многу шанси. Сепак, не се памети играта туку резултатот, а тој на крајот беше во корист на домаќините. Демикелис по додавањето на Санта Круз во манир на расен стрелец ја испрати топката во мрежата на Хамбургер на само три минути пред крајот. Разочарувачки меч проследија навивачите на АУФ Шалке, меч од кој се очекуваше многу повеќе. Во натпревар без многу шанси пред двата гола крајниот резултат изгледа најреален. Најубата шанса ја пропуштија гостите во 5. минута кога Аилтон биеше над пречката и не успеа да ја почести со гол својата идна екипа. Катастрофалната серија на Штутгарт продолжува и понатаму. Во 21. коло се поразени на Готлиб Дајмлер од Кајзерслаутерн со 1:0, резултат за кој е најзаслужен одличниот голман на гостите Тим Висе, кој имаше неколку одлични одбрани. Грешката во одбраната на Хинкел и Меира ја искористи Домингез и го постигна победоносниот гол за 'Црвените ѓаволи'. Бохум славеше со 3:1 на Бај Арената со што се израмни со бодовите на домашната екипа. РЕЗУЛТАТИ: БАЕР (Л) - БОХУМ 1:3 Бербатов 60' - Мајхелбек 52', Вош 54', Диабанг 73' БАЕРН (М) - ХАМБУРГЕР 1:0 Демикелис 87' ХАНЗА - ХАНОВЕР 3:1 Арвидсон 12', Макс 33', 39' - Матис 38' К'ЛАУТЕРН - ШТУТГАРТ 1:0 Домингез 4' БОРУСИЈА (М) - ФРАЈБУРГ 2:2 Мариќ 57', 59' - Каиро 19', Бернер 50' ШАЛКЕ - ВЕРДЕР 0:0 ВОЛФСБУРГ - МИНХЕН 1860 3:1 Билишков 9', Д'Алесандро 19', Климович 62' БОРУСИЈА (Д) - КЕЛН ХЕРТА - АЈНТРАХТ ТАБЕЛА 1. Вердер 21 15 4 2 52:21 49 2. Баерн (М) 21 12 6 3 45:22 42 3. Штутгарт 21 11 6 4 27:10 39 4. Баер (Л) 21 10 6 5 38:25 36 5. Бохум 21 10 6 5 36:24 36 6. Шалке 21 8 8 5 26:23 32 7. Борусија (Д) 20 9 4 7 35:28 31 8. Волфсбург 21 9 1 11 40:40 28 9. Хамбургер 21 7 6 8 28:34 27 10. Ханза 21 7 5 9 32:32 26 11. Фрајбург 21 7 4 10 30:46 25 12. Хановер 21 6 6 9 37:47 24 13. Минхен 21 6 5 10 21:32 23 14. Борусија (М) 21 5 6 10 22:30 21 15. К'лаутерн 21 7 3 11 23:34 21 16. Херта 20 4 7 9 19:39 19 17. Ајнтрахт 20 4 5 11 20:31 17 18. Келн 20 4 4 12 16:29 16 ИДНО КОЛО (28.02.2004) Ајнтрахт - Борусија (М); Баерн (М) - Волфсбург; Бохум - Ханза; Штутгарт - Шалке; Хамбургер - Баер (Л); Келн - Минхен 1860; Вердер - Борусија (Д); Хановер - Херта; Фрајбург - К'лаутерн ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 19 гола - Аилтон (Вердер); 14 гола - Мартин Макс (Ханза); 12 гола - Рој Макај (Баерн М.); 11 гола - Вахид Хашемијан (Бохум)
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 23. КОЛО 'ФАРМАЦЕВТИТЕ' ТОНАТ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО Пролетната полусезона во Бундес-лигата е 'црна' за фудбалерите и навивачите на Баерн Леверкузен. Поразот што 'фармацевтите' го претрпеа во саботата од Баерн Минхен е нивни петти во шесте средби по почнувањето на вториот дел од сезоната во Бундес-лигата, така што воопшто не изненадува што избраниците на Клаус Аугенталер веќе немаат никакви шанси за борба за место кое следната сезона води во Лигата на шампионите. Дербито на Бај Арената го реши Рој Макај, кој уште еднаш покажа дека е голгетер од светски калибар реализирајќи две од трите шанси што му се укажаа пред голот на Бут. Оливер Кан исто така имаше свој ден, со неколку добри интервенции најавувајќи дека е подготвен за реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. 'За нас беше многу важно да победиме денеска и со одлична атмосфера да отпатуваме во Мадрид. Задоволен сум што одбраната функционираше беспрекорно бидејќи тоа е најважно ако сакаме да се надеваме на поволен резултат на Сантијаго Бернабе', изјави Отмар Хицфелд по средбата во Леверкузен. И на второто дерби на колото славеа гостите, Штутгарт беше поуспешен на Вестфален од Борусија Дортмунд и се зацврсти на третото место на табелата. Избраниците на Феликс Магат го искористија отсуството на Росицки во противничкиот табор и наметнаа своја игра на средината на теренот, но во прилог им одеше и неефикасноста на Колер и Евертон, кои при резултат 0:1 од идеални ситуации не успеаја да го совладаат Хилдебранд. 'Ова ни беше важен натпревар и пресреќни сме бидејќи победата ни дава огромни шанси и следната сезона да се натпреваруваме во Лигата на шампионите. Најважно од сй е што повторно постигнавме гол, што ни беше главен проблем на последните неколку натпревари', истакна Феликс Магат. РЕЗУЛТАТИ БАЕР (Л) - БАЕРН (М) 1:3 Шнајдер 90' - Макај 40', 77', Балак 58' БОРУСИЈА (Д) - ШТУТГАРТ 0:2 Хлеб 6', Хелт 82' (п) ХАНЗА - ХАМБУРГЕР 3:0 Мелкам 5', Арвидсон 19', Ди Салво 79' ХЕРТА - БОХУМ 1:1 Марселињо 20' - Фаренхорст 57' К'ЛАУТЕРН - АЈНТРАХТ 1:0 Малц 90' БОРУСИЈА (М) - ХАНОВЕР 1:0 Демо 25' ШАЛКЕ - ФРАЈБУРГ 3:0 Санд 43', 52', Глајдер 62' МИНХЕН 1860 - ВЕРДЕР ВОЛФСБУРГ - КЕЛН ТАБЕЛА 1. Вердер 22 16 4 2 54:21 52 2. Баерн (М) 23 14 6 3 50:23 48 3. Штутгарт 23 12 7 4 29:10 43 4. Бохум 23 10 8 5 37:25 38 5. Баер (Л) 23 10 6 7 40:31 36 6. Шалке 23 9 9 5 29:23 36 7. Борусија (Д) 23 10 4 9 36:32 34 8. Ханза 23 8 6 9 35:32 30 9. Хамбургер 23 8 6 9 31:38 30 10. Волфсбург 22 9 1 12 40:42 28 11. Фрајбург 23 8 4 11 31:49 28 12. Минхен 1860 22 7 5 10 24:33 26 13. Борусија (М) 23 6 6 11 24:33 24 14. К'лаутерн 23 8 3 12 24:35 24 15. Хановер 23 6 6 11 38:51 24 16. Ајнтрахт 23 6 5 12 25:34 23 17. Херта 23 5 8 10 24:43 23 18. Келн 22 4 4 14 17:33 16 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 20 гола - Аилтон (Вердер); 15 гола - Макај (Баерн М.); 14 гола - Макс (Ханза); 11 гола - Хашемијан (Бохум) ИДНО КОЛО (13.3.2004) Баер (Л) - Волфсбург; Баерн (М) - Ханза; Ајнтрахт - Шалке; Хамбургер - Херта; Хановер - К'лаутерн; Фрајбург - Борусија (Д); Вердер - Келн; Штутгарт - Минхен 1860; Бохум - Борусија (М)
StormAngel БУНДЕС ЛИГА НА КРАЈОТ СЕ РАДУВАА БАЕР И БАЕРН Последното коло од сезоната беше среќно за екипите на Баерн Минхен и Баер Леверкузен, додека епитетот губитник на колото му припаѓа на Штутгарт. Баварците по многуте проблеми со кои се соочуваа сезонава, сепак, на крајот ја освоија 2. позиција со победата над Фрајбург од 2:0 и со тоа обезбедија директен пласман во Лигата на шампиони заедно со шампионот Вердер. Себастијан Дајслер имаше одличен кам-бек во првиот тим по долгата пауза со прекрасниот евро гол во 18. минута со кој беше отворен резултатот. 'За наша среќа, се подготвувавме за средбата со Фрајбург крајно сериозно и ја исполнивме обврската да ги освоиме трите бода. Баерн за мене беше прекрасно искуство', изјави по својата последна средба како тренер на баварците Отмар Хицфелд, кој шест години мина на клупата на овој клуб. Во евро елитата друштво (но од квалификациите) ќе им прават 'фармацевтите', кои со 2:0 славеа во дербито на колото над Штутгарт. Избраниците на Феликс Магат се надеваа дека би можеле да дојдат и до 2. позиција, но со овој пораз завршија само 4. и ќе мора да се задоволат со место во Купот на УЕФА. 'Секако дека сум разочаран. Тешко е да се напушти тимот кој го градев три и пол години. Но Баерн е вистински предизвик кој не се пропушта', рече Феликс Магат во последната изјава како тренер на Штутгарт, пред негово скорешно промовирање во нов тренер на Баерн. Со реми против Кајзерслаутерн заврши најмалерозната сезона за Борусија Дортмунд во која со пласманот на 6. позиција можат да се надеваат на настапи само во Интертото купот. Матијас Замер се чини го извлече максимумот од комбинираниот состав во кој младинците често ги менуваа многуте повредени фудбалери. Надежите на 'милионерите' дека сепак ќе се пласираат во Купот на УЕФА ги сруши изненадувањето Бохум со победата од 3:1 над Хановер и на крајот со бод повеќе ја освои 5. позиција. Со титулата во џеп Вердер си дозволи и втора средба по ред да биде поразен, овој пат на гости кај Ханза. Избраниците на Томас Шаф се чини со мислите веќе беа на задутрешното финалето од купот каде ги очекува второлигашот Ахен и можноста да се заокружи сезоната со двојна круна. РЕЗУЛТАТИ: БАЕР (Л) - ШТУТГАРТ 2:0 Бербатов 64', Шнајдер 85' БАЕРН (М) - ФРАЈБУРГ 2:0 Дајслер 18', Лизаразу 73 '(п) БОХУМ - ХАНОВЕР 3:1 Мадсен 26', Фрејер 76', Фаренхорст 87' - Кристијансен 41' ХАМБУРГЕР - АЈНТРАХТ 2:1 Махдавикија 27', Барбарез 57' - Аманатидис 26' ХАНЗА - ВЕРДЕР 3:1 Прица 30', Крстајиќ 47' (а.г.), Ланц 74' (п) - Крстајиќ 37' ХЕРТА - КЕЛН 3:1 Марселињо 51' (п), Бобич 63', Нандо 78' - Подолски 54' К'ЛАУТЕРН - БОРУСИЈА (Д) 1:1 Локвенц 6' - Колер 71' БОРУСИЈА (М) - МИНХЕН 1860 3:1 Сверкош 23', Демо 35', ван Лент 74' - Хофман 21' (п) ВОЛФСБУРГ - ШАЛКЕ 1:1 Кархан 3' - Франц 20' (а.г.) ТАБЕЛА 1. Вердер 34 22 8 4 79:38 74 2. Баерн (М) 34 20 8 6 70:39 68 3. Баер (Л) 34 19 8 7 73:39 65 4. Штутгарт 34 18 10 6 52:24 64 5. Бохум 34 15 11 8 57:39 56 6. Борусија (Д) 34 16 7 11 59:48 55 7. Шалке 34 13 11 10 49:42 50 8. Хамбургер 34 14 7 13 47:60 49 9. Ханза 34 12 8 14 55:54 44 10. Волфсбург 34 13 3 18 56:61 42 11. Борусија (М) 34 10 9 15 40:49 39 12. Херта 34 9 12 13 42:59 39 13. Фрајбург 34 10 8 16 42:67 38 14. Хановер 34 9 10 15 49:63 37 15. К'лаутерн 34 11 6 17 39:62 36 16. Ајнтрахт 34 9 5 20 36:53 32 17. Минхен 34 8 8 18 32:55 32 18. Келн 34 6 5 23 32:57 23 ЛИГА НА ШАМПИОНИ ВЕРДЕР директен пласман БАЕРН (М) директен пласман БАЕР (Л) квалификации КУП НА УЕФА ШТУТГАРТ БОХУМ АХЕН финалист во купот ИСПАЃААТ ОД ПРВАТА ЛИГА АЈНТРАХТ МИНХЕН 1860 КЕЛН НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ПРВАТА ЛИГА НИРНБЕРГ АРМИНИЈА ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 28 гола - Аилтон (Вердер); 21 гол - Рој Макај (Баерн М.); 20 гола - Мартин Макс (Ханза); 16 гола - Вахид Хашемијан (Бохум)
StormAngel БУНДЕС ЛИГА - 25. КОЛО ВО БРЕМЕН МОЖЕ ДА СТАРТУВА ШАМПИОНСКАТА ПРОСЛАВА По резултатите во 25. коло екипата на Вердер слободно може да се промовира во нов шампион на Германија откако се издвои на врвот со далечни 11 бода пред Баерн Минхен. Тимот од Бремен триумфално мина и низ Волфсбург, а во освојувањето на трите бода не им пречеше ниту тоа што од белата точка Аилтон шутираше во дирекот (за еден сомнително досуден пенал над Мику). 'Киксот' на Бразилецот го надоместија головите на Класниќ и Мику во последните 15. минути. Фудбалерите на Баерн Минхен можеби одолеаја на понудата од берлинската радиостаница за автогол да освојат милион евра, но носителите на оваа инцицијатива би можеле да им доделат барем некое евро затоа што се сожалија на загрозената Херта па н оставија еден бод. А сй почна одлично за баварците, кои веќе во 8. минута поведоа со прекрасниот погодок на Рој Макај. Холандската машина за голови по една соло акција си создаде слободен простор и со силен удар од преку 20 метри ја собра пајажината во десниот горен агол од голот на Херта. Но Баерн многу рано се задоволи од предноста и се повлече на својата половина, а нивната дефанзивна тактика беше казнета во финишот на првиот дел кога од белата точка прецизно шутираше Марселињо (за стартот на Швајнштајгер над Фати). И покрај големата желба да се дојде до трите бода резултатот на крајот беше идентичен со оној на полувремето и кој е разочарување и за двата табора. Хитот на првиот дел од сезоната Штутгарт продолжува со променливата форма, а во серијата разочарувања може да се смести и освојувањето само бод со 'фенерџијата' Келн. Со ова реми Штутгарт пропушти можност да се доближи на само бод до второпласираниот Баерн. Но избраниците на Феликс Магат на крајот можат да бидат и задоволни бидејќи автоголот на Шерц во 72. минута ги спаси од пораз. Силвио Мајснер ги донесе гостите во водство, на што Келн одговори преку Кринге и Фелнер. Но слично како и на минатата средба со Вердер, Келн повторно немаше среќа, па со автоголот на Шерц се прости од големата победа. И така сметани за фаворити 'милионерите' на мечот со Ајтрахт добија и дополнително олеснување на патот кон победата со црвениот картон на Биргер. Предноста од играч повеќе им овозможи рутински со погодоците на Евертон и Колер да дојдат до 11. победа сезонава. Бохум на гостувањето кај Кајзерслаутерн прокоцка предност од два гола и на крајот дојде само до бод, а овој резултат го искористија 'фармацевтите', кои со победата над Ханза ги симнаа од 4. позиција. РЕЗУЛТАТИ: КЕЛН - ШТУТГАРТ 2:2 Кринге 45', Фелнер 71' - Мајнсер 28', Шерц 72' (а.г.) БОРУСИЈА (Д) - АЈНТРАХТ 2:0 Евертон 23', Колер 80' ХАНЗА - БАЕР (Л) 0:2 Бербатов 58', Бабиќ 75' ХЕРТА - БАЕРН (М) 1:1 Марселињо 43' (п) - Макај 8' К'ЛАУТЕРН - БОХУМ 2:2 Локвенц 55', 64' - Хашемијан 16', Вош 45' ШАЛКЕ - ХАНОВЕР 2:2 Мертесакер 63' (а.г.), Санд 84' - Брдариќ 14', 71' БОРУСИЈА (М) - ХАМБУРГЕР 3:0 Штрасер 61', Сверкос 79', Броих 81' МИНХЕН 1860 - ФРАЈБУРГ 1:1 Агостино 58' - Кулибали 10' ВОЛФСБУРГ - ВЕРДЕР 0:2 Класниќ 75', Мику 85' ТАБЕЛА 1. Вердер 25 19 4 2 61:23 61 2. Баерн (М) 25 14 8 3 54:27 50 3. Штутгарт 25 13 8 4 33:12 47 4. Баер (Л) 25 12 6 7 46:33 42 5. Бохум 25 11 9 5 40:27 42 6. Борусија (Д) 25 11 5 9 40:34 38 7. Шалке 25 9 10 6 31:28 37 8. Хамбургер 25 9 6 10 33:41 33 9. Ханза 25 8 7 10 38:37 31 10. Волфсбург 25 10 1 14 44:48 31 11. Фрајбург 25 8 6 11 34:52 30 12. К'лаутерн 25 9 4 12 27:37 28 13. Борусија (М) 25 7 6 12 27:34 27 14. Минхен 1860 25 7 6 12 25:38 27 15. Ајнтрахт 25 7 5 13 28:36 26 16. Хановер 25 6 7 12 40:54 25 17. Херта 25 5 9 11 25:46 24 18. Келн 25 4 5 16 21:40 17 ИДНО КОЛО (27.03.2004) Баер (Л) - Херта; Баерн (М) - Борусија (М); Ајнтрахт - Минхен 1860; Хановер - Борусија (Д); Ханза - Волфсбург; Фрајбург - Келн; Бохум - Шалке; Хамбургер - К'лаутерн; Штутгарт - Вердер ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 22 гола - Аилтон (Вердер); 18 гола - Рој Макај (Баерн М.); 15 гола - Мартин Макс (Ханза); 12 гола - Вахид Хашемијан (Бохум), Диего Климовиц (Волфсбург); 11 гола - Јан Колер (Борусија Д.)
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 22. КОЛО НЕМА ЗАПИРАЊЕ ЗА ВЕРДЕР Фудбалерите на Вердер се решени да направат вистинска сензација во фудбалска Германија и да станат нови шампиони во Бундес-лигата. Избраниците на Томас Шаф продолжија со освојата извонредна серија, овој пат успевајќи да слават на дербито со Борусија Дортмунд со 2:0. 'Милионерите' допатуваа во Бремен со надеж дека ќе успеат да дојат барем до бод, но нивните планови пропаднаа кога слободниот удар на Исмаел 'закачи' некого во живиот ѕид на Борусија и заврши во мрежата на Вармуз. На четири минути до крајот на сцена стапи и најдобриот стрелец во Бундес-лигата сезонава, Аилтон, кој на додавање на Класниќ го мина и противничкиот голман пред да ја затресе празната мрежа на 'милионерите'. 'Ова беше многу напорен натпревар, токму онаков каков што очекувавме. Цело време се обидувавме да постигнеме гол, а кога тоа ни појде од рака многу релаксирано го доведовме натпреварот до својот крај. Според играта апсолутно заслуживме да победиме', истакна Шаф по мечот со Борусија. Баерн Минхен славеше со 2:0 на дуелот со Волфсбург, но Баварците, сепак, заостануваат цели седум бода зад Вердер во трката за титулата. Рој Макај во 11. минута со еврогол го отвори резултатот на Олимпискиот Стадион во Минхен, додека конечните 2:0 по еден контранапад организиран од Вили Сањол ги постави младиот Швајнстајгер. 'Ја искористивме добрата атмосфера од натпреварот со Реал Мадрид за да продолжиме со добри резултати и во домашниот шампионат. Особено ми е мило за Швајнстајгер, кој одличната партија ја надополни со погодок', прокоментира првиот човек на Баварците, Отмар Хицфелд. Штутгарт и дефинитивно отпадна од трката за титулата откако оваа екипа одигра без голови на дуелот со Шалке. 'Воопшто не извршивме притисок кон голот на противникот. Со оглед на играта што ја прикажавме во текот на сите 90 минути, мораме да бидеме задоволни и со еден бод', беше коментарот на Феликс Магат. РЕЗУЛТАТИ КЕЛН - МИНХЕН 1860 1:3 Воронин 50' - Шрот 14', 39', Лаут 36' (п) БАЕРН (М) - ВОЛФСБУРГ 2:0 Макај 11', Швајнстајгер 76' БОХУМ - ХАНЗА 0:0 АЈНТРАХТ - БОРУСИЈА (М) 3:1 Скела 16', Аманатидис 17', Шур 55' - Ван Лент 74' ХАМБУРГЕР - БАЕР (Л) 3:1 Хогма 10', Махдавикија 17', Ромео 36' - Шнајдер 39' ШТУТГАРТ - ШАЛКЕ 0:0 ВЕРДЕР - БОРУСИЈА (Д) 2:0 Исмаел 57', Аилтон 86' ХАНОВЕР - ХЕРТА ФРАЈБУРГ - К'ЛАУТЕРН ТАБЕЛА 1. Вердер 22 16 4 2 54:21 52 2. Баерн (М) 22 13 6 3 47:22 45 3. Штутгарт 22 11 7 4 27:10 40 4. Бохум 22 10 7 5 36:24 37 5. Баер (Л) 22 10 6 6 39:28 36 6. Борусија (Д) 22 10 4 8 36:30 34 7. Шалке 22 8 9 5 26:23 33 8. Хамбургер 22 8 6 8 31:35 30 9. Волфсбург 22 9 1 12 40:42 28 10. Ханза 22 7 6 9 32:32 27 11. Минхен 1860 22 7 5 10 24:33 26 12. Фрајбург 21 7 4 10 30:46 25 13. Хановер 21 6 6 9 37:47 24 14. Ајнтрахт 22 6 5 11 25:33 23 15. Борусија (М) 22 5 6 11 23:33 21 16. К'лаутерн 21 7 3 11 23:34 21 17. Херта 21 4 7 10 20:41 19 18. Келн 22 4 4 14 17:33 16 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 20 гола - Аилтон (Вердер); 14 гола - Макс (Ханза); 13 гола - Макај (Баерн М.); 11 гола - Хашемиан (Бохум) ИДНО КОЛО (6.2.2004) Баер (Л) - Баерн (М); Борусија (Д) - Штутгарт; Борусија (М) - Хановер; Ханза - Хамбургер; Херта - Бохум; К'лаутерн - Ајнтрахт; Шалке - Фрајбург; Минхен 1860 - Вердер; Волфсбург - Келн
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 24. КОЛО БАВАРЦИТЕ 20 МИНУТИ ВО КОМА Вердер од викенд во викенд е сй поблизу до триумф во Бундес-лигата. Избраниците на Томас Шаф ја зголемија предноста во однос на второпласираниот Баерн на цели девет бода откако Баварците одиграа само 3:3 пред своите гледачи против Ханза. Интересно е што Баерн на полувреме на овој меч имаше предност од 2:0, но фудбалерите на Хицфелд неочекувано застанаа во второто полувреме. За 20 минути игра гостите од Рошток успеаја да направат целосен пресврт шокирајќи ги сите присутни на Олимпискиот стадион во Минхен. Баварците во самиот финиш немаа сили за враќање во водство, но барем успеаја да израмнат по пеналот на Мака, откако Зе Роберто беше соборен во шеснаесетникот на Ханза. На мечот во Бремен Вердер со многу среќа славеше над 'фенерџијата' Келн. Домаќините заминаа на одмор со предност од 3:0, но несвојствено за нив во вторите 45 минути влегоа целосно опуштени. Гостите знаеја како да го искористат ова и успеаја да постигнат два гола, а што Келн не дојде до израмнување најголем виновник е главниот судија, кој поништи регуларен гол на гостинската екипа. Баер Леверкузен ја забележа првата победа во пролетната полусезона. 'Фармацевтите' без поголеми проблеми славеа над Волфсбург со 4:2, а интересен податок е дека првиот погодок на Бербатов во 31. секунда од мечот беше најрано постигнат гол во Бундес-лигата сезона. Хамбургер ја совлада Херта со сигурни 2:0, а голем проблем за берлинскиот тим се двете исклучувања на Фридрих и Ван Бурик, кои нема да можат да настапат на дербито на следното коло против Баерн Минхен. РЕЗУЛТАТИ БАЕР (Л) - ВОЛФСБУРГ 4:2 Бербатов 1', Бабиќ 13', Шнајдер 32', 63' - Топиќ 21', Климовиц 82' БАЕРН (М) - ХАНЗА 3:3 Јеремис 3', Макај 9', 79' (п) - Макс 53', Арвидсон 65', Расмусен 71' АЈНТРАХТ - ШАЛКЕ 3:0 Аманатидис 57', Скела 77', Шур 80' ФРАЈБУРГ - БОРУСИЈА (Д) 2:2 Антар 11', Цикишвили 67' (п) - Деде 45', Хермел 69' (а.г.) ХАМБУРГЕР - ХЕРТА 2:0 Ран 34', Ромео 71' ХАНОВЕР - К'ЛАУТЕРН 0:1 Христов 62' ВЕРДЕР - КЕЛН 3:2 Мику 16', Аилтон 37', 43' - Шредер 57', Лотнер 70' БОХУМ - БОРУСИЈА (М) ШТУТГАРТ - МИНХЕН 1860 ТАБЕЛА 1. Вердер 24 18 4 2 59:23 58 2. Баерн (М) 24 14 7 3 53:26 49 3. Штутгарт 23 12 7 4 29:10 43 4. Баер (Л) 24 11 6 7 44:33 39 5. Бохум 23 10 8 5 37:25 38 6. Шалке 24 9 9 6 29:26 36 7. Борусија (Д) 24 10 5 9 38:34 35 8. Хамбургер 24 9 6 9 33:38 33 9. Ханза 24 8 7 9 38:35 31 10. Волфсбург 24 10 1 13 44:46 31 11. Фрајбург 24 8 5 11 33:51 29 12. К'лаутерн 24 9 3 12 25:35 27 13. Ајнтрахт 24 7 5 12 28:34 26 14. Минхен 1860 23 7 5 11 24:35 26 15. Борусија (М) 23 6 6 11 24:33 24 16. Хановер 24 6 6 12 38:52 24 17. Херта 24 5 8 11 24:45 23 18. Келн 24 4 4 16 19:38 16 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 22 гола - Аилтон (Вердер); 17 гола - Макај (Баерн); 15 гола - Макс (Ханза); 12 гола - Климовиц (Волфсбург) ИДНО КОЛО (20.3.2004) Борусија (Д) - Ајнтрахт; Борусија (М) - Хамбургер; Келн - Штутгарт; Ханза - Баер (Л); Херта - Баерн (М); К'лаутерн - Бохум; Шалке - Хановер; Минхен 1860 - Фрајбург; Волфсбург - Вердер
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 27. КОЛО ИМА ЛИ НАДЕЖ ЗА БАЕРН ? Фрајбург му направи услуга на Баерн Минхен со освојувањето на бод во Бремен на мечот со водечкиот Вердер со што разликата меѓу првите две екипи се намали на минус седум. Шок на Весер стадионот предизвика голот на гостите по само 19 секунди игра. Бајрамовиќ мина крај Исмаел додаде до Крупке кој со одмерен удар успеа да го совлада Рајнке. Веќе во следната минута можеше да биде 0:2, но тогаш 'киксот' на Исмаел и Крстајиќ го исправи Рајнке. Вердер израмни во 18. минута откако по акцијата на Листеш и Класниќ Аилтон го постигна 25. гол сезонава. Домашните не успеа да направат целосен пресврт иако од 66. минута беа со играч повеќе (црвен картон заработи Бајрамовиќ). 'Милионерите' му нанесоа тежок пораз на директниот конкурент за излез во Купот на УЕФА Бохум. Чешкиот колос Колер со гол во 9. минута најави дека бодовите ќе останат на Вестфален. Гостите израмнија по само пет минути игра преку Мадсен, но тоа беше се што сторија на оваа средба. Младиот Гамбино ја врати Борусија во водство, а победата ја заверија Фрингс и Евертон од белата точка. Баерн Минхен забележа рутинска победа од 2:0 на гостувањето на Фриц Валтер стадионот во Кајзерслаутерн. По мирното прво полувреме, Баварците 'притиснаа' во продолжението и со головите на Макај и Санта Круз ја забележаа шеснаесеттата победа сезонава. 'Ова не беше лесен меч бидејќи одбраната на Кајзерслаутерн беше одлична и не ни дозволи да направиме многу шанси за гол. Сепак, ефикасноста на нашите напаѓачи беше на завидно ниво и тие се најзаслужни за овој триумф', изјави Отмар Хицфелд по натпреварот. Кевин Курањи по околу еден месец пауза повторно постигна гол за Штутгарт помагајќи му на својот тим да го декласира Волфсбург со 5:1. Интересно е што сите пет гола за Штутгарт на овој меч ги постигнаа различни фудбалери, а еден од нив беше дело на Филип Лам, кому ова му беше прв погодок во Бундес-лигата. РЕЗУЛТАТИ КЕЛН - АЈНТРАХТ 2:0 Херш 4' (а.г.), Подолски 35' ХЕРТА - ХАНЗА 1:1 Пинто 59' - Расмусен 65' К'ЛАУТЕРН - БАЕРН 0:2 Макај 46', Санта Круз 77' БОРУСИЈА (М) - БАЕР (Л) 0:0 МИНХЕН 1860 - ХАНОВЕР 0:2 Зурав 71', Брдариќ 74' ШАЛКЕ - ХАМБУРГЕР 4:1 Валдох 10', Санд 29', Ламоте 42', Делура 55' - Махдавикија 31' (п) ВОЛФСБУРГ - ШТУТГАРТ 1:5 Петров 30' - Гербер 6', Штрелер 26', Лам 43', Курањи 75', Шабич 86' БОРУСИЈА (Д) - БОХУМ 4:1 Колер 9', Гамбино 30', Фрингс 45', Евертон 53' (п) - Мадсен 14' ВЕРДЕР - ФРАЈБУРГ 1:1 Аилтон 18' - Крупке 1' ТАБЕЛА 1. Вердер 27 19 6 2 66:28 63 2. Баерн (М) 27 16 8 3 61:29 56 3. Штутгарт 27 14 9 4 42:17 51 4. Баер (Л) 27 13 7 7 50:34 46 5. Шалке 27 11 10 6 37:30 43 6. Борусија (Д) 27 12 6 9 45:36 42 7. Бохум 27 11 9 7 42:33 42 8. Хамбургер 27 10 6 11 37:47 36 9. Ханза 27 9 8 10 42:39 35 10. Фрајбург 27 9 7 11 38:53 34 11. Волфсбург 27 10 1 16 46:56 31 12. Минхен 1860 27 8 6 13 28:40 30 13. Хановер 27 7 8 12 43:55 29 14. Борусија (М) 27 7 7 13 29:39 28 15. К'лаутерн 27 9 4 14 29:42 28 16. Ајнтрахт 27 7 5 15 28:41 26 17. Херта 27 5 10 12 27:51 25 18. Келн 27 5 5 17 23:43 20 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 25 гола - Аилтон (Вердер); 20 гола - Макај (Баерн М.); 16 гола - Макс (Ханза); 12 гола - Хашемиан (Бохум), Климовиц (Волфсбург) ИДНО КОЛО (10.4.2004) Баер (Л) - К'лаутерн; Баерн (М) - Шалке; Ајнтрахт - Вердер; Хамбургер - Борусија (Д); Ханза - Борусија (М)' Херта - Волфсбург; Бохум - Минхен 1860; Хановер - Келн; Фрајбург - Штутгарт
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 28. КОЛО 'ЧУДЕН' ПЕНАЛ ЗА ВЕРДЕР Вердер ја задржа предноста од седум бода во однос на второпласираниот Баерн Минхен откако тимот од Бреме со сомнителен пенал дојде до трите бода на гостувањето против Ајнтрахт. Клучен момент на мечот во Франкфурт беше 80. минута, кога по еден старт над Валдес судијата покажа на белата точка. 'Имаше прекршок над Валдес, но тој сигурно беше надвор од шеснаесетникот. Судијата уште еднаш драстично нй оштетува и сй поубеден сум дека некој сака Ајнтрахт да испадне од Првата лига', изјави тренерот на Ајнтрахт, Вили Рајман. Рој Макај уште еден беше клучен фактор за триумфот на Баерн, овој пат на дербито со Шалке, кое Баварците го добија со 2:1. Интересно е што гостите први поведоа преку пеналот на Вермант, но во продолжението од мечот на сцена стапи Макај, кој со два погодоци направи целосен пресврт и му ја донесе победата на актуелниот германски првак. 'Натпреварот го почнавме премногу нервозно, но Рој Макај повторно беше фантастичен. Тој целосно ги заслужува парите што ги заработува во нашиот клуб', истакна Отмар Хицфелд. Штутгарт и натаму е зацврстен на третото место на табелата откако избраниците на Феликс Магат славеа на гостувањето против Фрајбург. Од многуте шанси пред голот на гостите Штутгарт искористи само една, онаа на Кевин Курањи уште во 10. минута од мечот. РЕЗУЛТАТИ БАЕР (Л) - К'ЛАУТЕРН 6:0 Тенцел 6' (а.г.), Бербатов 22', Лучиќ 34', Франка 38', 55', Баштурк 48' БАЕРН (М) - ШАЛКЕ 2:1 Макај 8', 64' - Вермант 4' (п) БОХУМ - МИНХЕН 1860 4:0 Хашемиан 26', 40', Мадсен 61', Диабанг 81' АЈНТРАХТ - ВЕРДЕР 0:1 Исмаел 80' (п) ХАМБУРГЕР - БОРУСИЈА (Д) 0:2 Фрингс 8', Колер 28' ХАНЗА - БОРУСИЈА (М) 1:2 Ридлевиц 27' - Улих 29', Ван Хут 83' ХЕРТА - ВОЛФСБУРГ 1:0 Рафаел 22' ФРАЈБУРГ - ШТУТГАРТ 0:1 Курањи 10' ХАНОВЕР - КЕЛН 1:0 Брдариќ 34' ТАБЕЛА 1. Вердер 28 20 6 2 67:28 66 2. Баерн (М) 28 17 8 3 63:30 59 3. Штутгарт 28 15 9 4 43:17 54 4. Баер (Л) 28 14 7 7 56:34 49 5. Бохум 28 12 9 7 46:33 45 6. Борусија (Д) 28 13 6 9 47:36 45 7. Шалке 28 11 10 7 38:32 43 8. Хамбургер 28 10 6 12 37:49 36 9. Ханза 28 9 8 11 43:41 35 10. Фрајбург 28 9 7 12 38:54 34 11. Хановер 28 8 8 12 44:55 32 12. Борусија (М) 28 8 7 13 31:40 31 13. Волфсбург 28 10 1 17 46:57 31 14. Минхен 1860 28 8 6 14 28:44 30 15. К'лаутерн 28 9 4 15 29:48 28 16. Херта 28 6 10 12 28:51 28 17. Ајнтрахт 28 7 5 16 28:42 26 18. Келн 28 5 5 18 23:44 20 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 25 гола - Аилтон (Вердер); 22 гола - Макај (Баерн М.); 16 гола - Макс (Ханза); 14 гола - Хашемиан (Бохум); 13 гола - Колер (Борусија Д.) ИДНО КОЛО (17.4.2004) Борусија (Д) - Баерн (М); Борусија (М) - Херта; К'лаутерн - Ханза; Шалке - Баер (Л); Минхен 1860 - Хамбургер; Штутгарт - Ајнтрахт; Волфсбург; Келн - Бохум; Вердер - Хановер
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 29. КОЛО БАВАРЦИТЕ ПАДНАА НА 'МИЛИОНЕРСКИОТ' ТЕСТ Шансите на Баерн Минхен да ја одбрани титулата во Бундес-лигата се сведени на теорија откако баварскиот гигант загуби на вечното дерби против Борусија Дортмунд со 2:0. Откако во првото полувреме гостите од Минхен не реализираа неколку шанси, казната стигна во продолжението. По еден сомнителен старт на Салихамиџиќ над младиот Салваторе Гамбино, Маркус Мерк покажа на белата точка, а Евертон успеа да го совлада Оливер Кан. Во 61. минута по еден корнер од десната страна Кристијан Вернс ги постави конечните 2:0 оставајќи ги 'милионерите' во трка за место во Евро-Куповите идната сезона. 'Имавме повеќе од играта во првото полувреме, меѓутоа не успеавме да ја претвориме иницијативата во погодок. Во вториот дел Борусија даде два гола, а откако и Михаел Балак заработи црвен картон не можевме да се вратиме во игра', истакна Отмар Хицфелд. Штутгарт се приближи на само два бода до Баварците по забележаниот триумф од 3:1 на мечот со Ајнтрахт. Ока Николов имаше неколку добри интервенции во првиот дел, но нашиот голман беше немоќен при ударот на Курањи во 44. минута, кој со помош на гредата заврши зад неговиот грб. По овој погодок колата на Ајнтрахт тргна удолу, и Штутгарт ја забележа 16. победа сезонава. Во трката за висок пласман остана и Баер Леверкузен откако 'фармацевтите' изненадија многумина со триумфот од 2:3 на АУФ Шалке Арената во Гелзенкирхен. Интересна беше ситуацијата во 77. минута од овој меч, кога по погодокот од пенал на гостинскиот голман Бут домаќините брзо тргнаа од центарот (сосема регуларно, бидејќи сите гостински играчи беа во сопствената половина) и Ханке со удар од пола терен ја затресе мрежата на 'фармацевтите'. РЕЗУЛТАТИ БОРУСИЈА (Д) - БАЕРН (М) 2:0 Евертон 55' (п), Вернс 61' К'ЛАУЕРН - ХАНЗА 3:2 Бјелица 32', Христов 36', Локвенц 74' - Ридлевиц 37', 71' (п) БОРУСИЈА (М) - ХЕРТА 1:1 Улих 86' - Пинто 8' МИНХЕН 1860 - ХАМБУРГЕР 1:2 Агостино 87' - Хогма 65', Махдавикија 79' ШАЛКЕ - БАЕР (Л) 2:3 Новотни 56' (а.г.), Ханке 77' - Бербатов 30', Шнајдер 72', Бут 76' (п) ШТУТГАРТ - АЈНТРАХТ 3:1 Курањи 44', Хлеб 50', Бордон 81' - Шур 86' ВОЛФСБУРГ - ФРАЈБУРГ 4:0 Франц 10', Бајано 20', Сарпај 47', Климовиц 68' ВЕРДЕР - ХАНОВЕР КЕЛН - БОХУМ ТАБЕЛА 1.Вердер 28 20 6 2 67:28 66 2. Баерн (М) 29 17 8 4 63:32 59 3. Штутгарт 29 16 9 4 46:18 57 4. Баерл (Л) 29 15 7 7 59:36 52 5. Борусија (Д) 29 14 6 9 49:36 48 6. Бохум 28 12 9 7 46:33 45 7. Шалке 29 11 10 8 40:35 43 8. Хамбургер 29 11 6 12 39:50 39 9. Ханза 29 9 8 12 45:44 35 10. Волфсбург 29 11 1 17 50:57 34 11. Фрајбург 29 9 7 13 38:58 34 12. Борусија (М) 29 8 8 13 32:41 32 13. Хановер 28 8 8 12 44:55 32 14. К'лаутерн 29 10 4 15 32:50 31 15. Минхен 1860 29 8 6 15 29:46 30 16. Херта 29 6 11 12 29:52 29 17. Ајнтрахт 29 7 5 17 29:45 26 18. Келн 28 5 5 18 23:44 20 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 25 гола - Аилтон (Вердер); 22 гола - Макај (Баерн М.); 16 гола - Макс (Ханза); 14 гола - Хашемиан (Бохум) ИДНО КОЛО (24.4.2004) Баер (Л) - Борусија (Д); Борусија (М) - Волфсбург); Ајнтрахт - Фрајбург; Хамбургер - Келн; Хановер - Штутгарт; Ханза - Шалке; Херта - К'лаутерн; Баерн (М) - Минхен 1860; Бохум - Вердер
StormAngel ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ ВОДАТ БИТКА ОКОЛУ ТОА КОЈ ПОВЕЌЕ ЌЕ ГО ВЕЛИЧА НАШИОТ ГОЛГЕТЕР САША ЌИРИЌ КАКО СТАРО ЗЛАТО 'Бомбардерот' со два погодоци го 'разурна' Ајнтрахт Трир и го лансираше Нирнберг на врвот од Втората бундес-лига Крајот се гледа, а ветеранот сй повеќе ги воодушевува фановите и медиумите во Германија Блескава ноќ во знакот на Саша Ќириќ, 'старото злато' кое е заштитниот знак на Нирнберг. Еден куп пофалби на адресата на нашиот 'бомбардер', кој е длабоко во срцата на фановите на Нирнберг, а од натпревар во натпревар ги тера медиумите од Германија да се тркаат околу тоа кој повеќе ќе го велича името на Саша Ќириќ. Со двата гола против Ајнтрајт Трир во понеделникот нашиот голгетер го лансираше Нирнберг на врвот од табелата во Втората бундес-лига со што оваа екипа речиси со едната нога се враќа меѓу најдобрите во Германија. 'Тешки се моментите кога крајот се гледа, а публиката те тера да ја повлечеш одлуката околу крајот на кариерата. Годат сите тие епитети кои се покрај моето име во денешните извештаи од мечот со Ајнтрахт Трир', вели Ќириќ, кој ни напоменува дека не може да се опишат со зборови миговите по 83. минута кога тој го напушти теренот и со навивачите заедно го дочека крајот и се радуваше на новиот триумф. Ќириќ ги даде првите два гола на дуелот од кој првиот со глава во 5. минута, а вториот во 40. минута од 5-6 метри со нога. Нирнберг славеше победа од 3:1. 'Не верувам дека ќе се премислам иако оставам една мала резерва. Пред неколку недели првите луѓе на клубот најавија дека сум стар и дека нема да се смета на мене за следната сезона. Тоа е нормално затоа што јас имам 36 години и сум на залезот од кариерата. Сепак, по последните настапи истите тие луѓе се премислија и најавија дека ќе разговараат со мене околу следната сеозна. Тој состанок нема да ме премисли. Можат да ме премислат само навивачите, но ќе биде тешко околу измена на мојот став', изјави за 'Македонски Спорт' миленикот на навивачите во Нирнберг кој сезонава на 19 средби даде 9 голови. Ќириќ досега има одиграно 130 средби во Германија, а постигнал вкупно 59 пати ги тресел противничките мрежи. Најголемиот дел од престојот во Бундес-лигата го мина во Нирнберг иако беше член на Ајнтрахт Франкфурт и Тенис Борусија. НА 28 АПРИЛ ЌИРИЌ ЌЕ СЕ ЗБОГУВА ОД ДРЕСОТ СО ДРЖАВНИОТ ГРБ 'ДА ДАДАМ ГОЛ СО ХРВАТСКА' Веќе е дефинирано дека Саша Ќириќ за неколку дена за последен пат ќе го облече дресот со државниот грб. Тоа ќе биде на 28 април на пријателскиот меч со 'Хрватска' на 'Градски'. 'Би сакал да дадам гол со Хрватска. Малку ќе биде тешко околу сето тоа затоа што ќе ги играм само првите неколку минути. Потоа ќе ме замени некој од младите напаѓачи, но не би му простил на противникот ако влезам во некоја шанса', вели Ќириќ околу последниот меч во репрезентацијата.
StormAngel БУНДЕС-ЛИГА 32. КОЛО ВЕРДЕР СО СТИЛ ДО ТИТУЛАТА Фудбалерите на Вердер не можеа да посакаат подобар начин од освојувањето на четвртата титула во клупската историја. Избраниците на Томас Шаф со убедливи 3:1 го декласираа Баерн среде Минхен обезбедувајќи си предност од недостижни девет бода на две кола до крајот на сезонава. Големото дерби беше решено во 19. минута, кога по катастрофалната грешка на Оливер Кан Класниќ ја затресе празната мрежа на Баварците. По ова фудбалерите на Отмар Хицфелд се отворија, а Вердер знаеше како да го искористи тоа и преку Мику и Аилтон дојде до недостижна предност (до крајот Баерн успеа да ублажи преку Макај). 'Фудбалерите и челниците на Баерн Минхен целата сезона ја минаа во зборување, додека ние игравме и собиравме бодови. Со самиот триумф на ова дерби покажавме дека сосема заслужено сме нови шампиони на Германија', изјави дефанзивецот на Вердер, Валериј Исмаел. Најмногу од сите на шампионскиот трофеј се радуваше Аилтон, кој успеа да освои титула со Вердер непосредно пред неговото заминување во редовите на Шалке 04. 'Прекрасно е чувството да се биде шампион. Титулата ја посветувам на мојата мајка која почина неодамна, но сигурен сум дека ме следи и од небото. Никогаш не би бил она што сум денеска ако ја немав нејзината поддршка', беше коментарот на бразилскиот голгетер. Заслужениот пораз го призна и шефот на стручниот штаб на Баерн, Отмар Хицфелд. 'Вердер знаеше што сака од почетокот на средбата и мирно си ја оствари целта. Тоа не беше случај со нас бидејќи бевме многу нервозни и не успеавме да стигнеме до голот на противникот како што посакувавме', истакна тренерот на баварскиот гигант. 'Честитки од мене и од сите искрени фудбалски навивачи до најдобриот германски клуб сезонава, Вердер. Тие покажаа како се игра фудбал. Јас сум екс-капитен на Баерн, но морам да признаам дека бевме барем за две класи послаби од тимот од Бремен', напиша Пол Брајтнер во колумната што екс-репрезентативецот на Германија ја има во 'Билд'. РЕЗУЛТАТИ БАЕР (Л) - КЕЛН 2:0 Фриц 20', Франка 73' БАЕРН (М) - ВЕРДЕР 1:3 Макај 55' - Класниќ 19', Мику 26', Аилтон 35' ХАМБУРГЕР - ШТУТГАРТ 2:1 Бајнлих 38', Хогма 46' - Какау 89' ХАНОВЕР - АЈНТРАХТ 3:0 Брдариќ 42', 75', Идрису 90' ХЕРТА - БОРУСИЈА (Д) 6:2 Кел 7' (а.г.), Марселињо 20', Бобич 37', Вихниарек 57', Нондорф 86, Рафаел 90' - Евертон 52', 80' К'ЛАУТЕРН - ВОЛФСБУРГ 3:2 Локвенц 57', 72', Бјелица 75' - Климовиц 65', Петров 66' БОРУСИЈА (М) - ШАЛКЕ 2:0 Хаусвајлер 1', Сверковс 29' (п) БОХУМ - ФРАЈБУРГ ХАНЗА - МИНХЕН 1860 ТАБЕЛА 1. Вердер 32 22 8 2 76:29 74 2. Баерн (М) 32 19 8 5 67:36 65 3. Штутгарт 32 17 10 5 49:21 61 4. Баер (Л) 32 17 8 7 65:37 59 5. Борусија (Д) 32 15 6 11 55:46 51 6. Бохум 31 13 11 7 49:35 50 7. Шалке 32 12 10 10 44:40 46 8. Хамбургер 32 13 6 13 45:59 45 9. Волфсбург 32 13 1 18 55:60 40 10. Ханза 31 10 8 13 49:49 38 11. Фрајбург 31 10 7 14 42:62 37 12. Борусија (М) 32 9 9 14 36:45 36 13. Хановер 32 9 9 14 48:60 36 14. Херта 32 8 11 13 38:57 35 15. К'лаутерн 32 11 5 16 37:57 35 16. Минхен 1860 31 8 7 16 30:48 31 17. Ајнтрахт 32 8 5 19 32:49 29 18. Келн 32 5 5 22 27:54 20 ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: 27 гола - Аилтон (Вердер); 23 гола - Макај (Баерн М.); 19 гола - Макс (Ханза); 15 гола - Евертон (Борусија Д.), Климовиц (Волфсбург) ИДНО КОЛО (15.5.2005) Борусија (Д) - Борусија (М); Келн - Ханза; Ајнтрахт - Бохум; Хановер - Волфсбург; Фрајбург - Хамбургер; Шалке - К'лаутерн; Минхен 1860 - Херта; Штутгарт - Баерн (М); Вердер - Баер (Л) ШАМПИОНИ ВО БУНДЕС-ЛИГАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 СЕЗОНИ Сезона 1 место 2. Место 1994/95 Борусија (Д) Вердер 1995/96 Борусија (Д) Баерн (М) 1996/97 Баерн (М) Баер (Л) 1997/98 К'лаутерн Баерн (М) 1998/99 Баерн (М) Баер (Л) 1999/2000 Баерн (М) Баер (Л) 2000/01 Баерн (М) Шалке 2001/02 Борусија (Д) Баер (Л) 2002/03 Баерн (М) Штутгарт 2003/04 Вердер Баерн/Штутгарт ВЕРДЕР Формиран: 1899 година Стадион: Весер Капацитет: 35.800 Претседател: Јирген Л. Борн Тренер: Томас Шаф Капитен: Френк Бауман ТИТУЛИ Во Бундес-лигата (4): 1965, 1988, 1993, 2004 Во Купот на Германија (4): 1961, 1991, 1994, 1999 Во Купот на Победниците на Куповите (1): 1992 РЕКОРДИ Најдобар стрелец сезонава: Аилтон (27 гола) Најдобар стрелец на сите времиња: Марко Боде (101 гол) Најмногу настапи за Вердер: Дитер Бурденски (444 средби) Најубедлива победа: 8:1 (против Кикерс Офенбах во 1983 година) Најубедлив пораз: 2:9 (од Ајнтрахт Франкфурт во 1981 година)
StormAngel КУП НА ГЕРМАНИЈА - ФИНАЛЕ ДВОЈНА КРУНА ЗА ВЕРДЕР Вердер дојде до првата двојна круна во својата историја со победата над Алеманиа Ахен од 3:2 во финалето од Купот. Претходно избраниците на Томас Шаф ја обезбедија титулата и во Бундес-лигата. Два гола на фудбалерот за врска Тим Боровски му помогнаа на тимот од Бремен да го совлада второлигашот кој последните 15 минути ги одигра со играч помалку. Боровски го отвори резултатот по асистенција на Ернст, а предноста ја зголеми Класниќ. Ахен се врати во игра со одличниот гол со глава на екс-играчот на Вердер Бланк. Играчот на натпреварот Боровски својот втор гол го постигна во 84. минута за водство од 3:1, а конечниот резултатот беше дело на Ерик Мејер во судиското продолжение. 'Многу тежок натпревар. По водството од 2:0 требаше рутински да ја приведеме до крај средбата, но не дозволија. Противникот не се предаваше и ни создаде многу маки, но на крајот, сепак, победивме', рече тренерот на Вердер Томас Шаф. Ова е вкупно четврта титула во Вердер во националниот куп, колку што имаат уште Баерн, Шалке и Келн. Најдобриот стрелец сезонава Аилтон не успеа да се прости со гол од Вердер пред преселбата во Шалке.
StormAngel Rezultati od novata sezona: 12/09/2004 Hannover 2 - 2 Freiburg » 12/09/2004 Rostock 2 - 3 K'lautern » 11/09/2004 Mainz 2 - 0 Leverkusen » 11/09/2004 Bayern 1 - 0 Bielefeld » 11/09/2004 Bochum 2 - 2 Dortmund » 11/09/2004 M'gladbach 3 - 1 Bremen » 11/09/2004 Wolfsburg 3 - 0 Schalke » 11/09/2004 Stuttgart 2 - 0 Hamburg » 11/09/2004 Nьrnberg 0 - 0 Berlin » I plasman na ekipite: 1 Stuttgart 10 4 3 1 0 10 5 5 2 Wolfsburg 9 4 3 0 1 7 3 4 3 Leverkusen 7 4 2 1 1 8 6 2 4 Mainz 7 4 2 1 1 7 6 1 5 Bayern 7 4 2 1 1 5 5 0 6 Bremen 6 4 2 0 2 7 5 2 7 Bochum 6 4 1 3 0 8 7 1 - Freiburg 6 4 1 3 0 4 3 1 9 Nьrnberg 5 4 1 2 1 7 6 1 - M'gladbach 5 4 1 2 1 6 5 1 11 Dortmund 5 4 1 2 1 7 7 0 12 Berlin 4 4 0 4 0 4 4 0 13 Rostock 4 4 1 1 2 4 7 -3 14 K'lautern 3 4 1 0 3 7 10 -3 15 Hamburg 3 4 1 0 3 5 9 -4 16 Schalke 3 4 1 0 3 2 7 -5 17 Hannover 2 3 0 2 1 4 5 -1 18 Bielefeld 1 3 0 1 2 1 3 -2