ace6vel |
Лига на шампиони втор ден
Денес се играат останатите четири натпревари од Лигата на шампионите. Преглед на тоа што не очекува вечер.
Депортиво Ла Коруња – Јувентус Торино
Настапот на Хуан Карлос Валерон е под знак прашање. Валерон се жали на проблеми со мускулите. Напаѓачот на Јувентус, Давид Трезеге и одбранбениот играч Игор Тудор одмараа викендов поради мала повреда, но би требало да се на располагање. Алесандро Бириндели се опоравува побрзо од очекуваното и се очекува да биде на клупата.
Порто – Манчестер Јунајтед
Настапот на Маниче е најнеизвесен за тренерот Хозе Моурињо. Тој страда од повреда на зглобот здобиена пред една недела и не играше против Виториа Сетубал викендов. На тренерот не му се на располагање ниту долго отсутните напаѓачот Дерлеи и крилата Цесар Пеиксото и Марко Фереира, додека Костиња е суспендиран. Русинот Дмитри Алејничев е на располагање, меѓутоа нема доволно мечеви. Манчестер го одмараше Луис Саха против Лидс Јунајтед поради мала повреда. Сепак се очекува тој да заигра премиерно во Лигата на Шампионите. Оле Гунар Солскјер повторно се враќа во тимот по 5 месечна пауза.
Реал Сосиедад – Олимпик Лион
Тренерот на Реал Рејналд Дени нема проблеми со повреди. За разлика од Реал, Лион ќе настапи без капитенот Клаудио по обновувањето на повредата на коленото за време на натпреварот против Ле Манс кој што го добија со 2-0. Инаку, бразилскиот интернационалец Жунињо се враќа во тимот по опоравувањето од повредата на коленото и најверојатно ќе игра. Напаѓачот Елбер и дефанзивецот Жереми Бертод се неизвесни.
Штудгард – Челзи
Напаѓачот на Штудгард Марко Стрелер не играше на натпреварот со Кајзерслаутерн поради стомачни болки, но заедно со Хакан Јакин се желни да играат против Челзи. Крилото на Челзи пак, Демиен Даф се врати по 2-месечната пауза поради повредата на Ахиловата пета, доека Хернан Креспо има вирус, но сепак можеби ќе биде во состојба да игра.
Редакција ИДИВИДИ
|