Strelec |
ОДЛОЖЕНА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ
Чинот на предавањето на апликацијата на Македонија за зачленување во Европската унија денеска е одложен поради веста дека во близина на Мостар се урна авионот во кој се наоѓаше македонскиот претседател Борис Трајковски. Македонија претпладнево во Даблин на ирското претседателство со Европската унија требаше да му поднесе барање за членство на земјата во Унијата.
Апликацијата требаше да ја предаде премиерот Бранко Црвенковски, кој на шефот на ирската дипломатија и претседател на Советот на ЕУ Брајан Коуен во Државната резиденција во Даблин требаше да му го предаде документот со барањето на земјава, што вчера во Скопје го потпишаа македонскиот претседател Борис Трајковски и премиерот Бранко Црвенковски, јавува специјалниот дописник на Макфакс.
Македонскиот премиер изутринава имаше получасовна средба со ирскиот Премиер Берти Ахерн.
Поради трагичниот настан кај Мостар, македонската државна делегација се очекува денеска да се врати во земјата.
|