Strelec |
Топлес кафе во "Небески ангели"
БОСТОН, (Ројтерс) - Соочен со силна конкуренција од широката мрежа на кафулиња, еден бизнисмен од сојузната држава Мејн ќе понуди повеќе од обична шолја капучино за да ги привлече гостите - имено, кај него ќе почнат да работат топлес келнерки.
Норманд Сент Мајкл поднел барање да го отвори топлес кафулето "Небесни ангели" во градот Медисон во Мејн.
"Тој го има нашето одобрение што се однесува до градот", вели Роберт Данфи, офицерот за спроведување на законот за угостителска дејност, додавајќи дека проектот не ги нарушува прописите за пристојно однесување.
Откако ќе го добие ова одобрение, Сент Мајкл ќе треба кафулето да го направи пристапно и за инвалидизирани лица и да ги исполни сите стандарди за безбедност од пожар.
Иако законите во градот не бараат од "Небесни ангели" да вовде возрасна граница, Сент Мајкл одлучил да дозволи влез само за оние на возраст над 18 години.
|