Strelec |
Старите тајни на медицината во новото време
Науката за медицината колку и да напреднала во последните два века, сепак, и сега, во времето кога учиме да го читаме јазикот на гените, не сме подготвени да се бориме со многу болести. Официјалната медицинска наука е рационална дисциплина и се базира на факти, а не на претпоставки. Доколку нешто не разбираме, не мора да значи дека не функционира, но тенденцијата е во тоа што медицината како сериозна наука која се занимава со борбата со опасностите за човечкиот живот не треба да се потпира на недокажани методи.
Методите на класичната медицина главно се базираат на хемиски реакции, како и на директна физичка (хируршка) интервенција. Тоа на некој начин подразбира дека организмот што се бори со болеста едноставно не е способен самиот да ја победи болеста. Алтернативната медицина, пак, верува во способноста на човечкиот организам да се избори за здравјето, но тој процес треба да биде потпомогнат, но не и со разнобојни апчиња со чуден хемиски состав.
Значи, постојат различни имиња за различните пристапи кон здравјето кои се надвор од конвенционалната медицина. "Алтернативна медицина" е фразата што најчесто се употребува за да ги именува овие, пред сў, традиционални и научно сў уште недоволно истражени принципи и методи на лечење.
Современата медицина се базира на научни факти, па хомеопатијата, неуропатијата, традиционалната кинеска медицина и многу други алтернативни методи, кои официјално не се признаени од конвенционалната медицина, но одреден референтен однос, сепак, постои. Во САД постои Национален центар за комплементарна и алтернативна медицина, а слични места постојат и во другите западни земји, каде што има интензивни истражувања за начини на борба со болести пред кои конвенционалната медицина е немоќна.
Листата на алтернативни методи постојано се зголемува, а постепено се зголемува и листата на методи кои се прифаќани од конвенционалната медицина. Еден класичен пример на употреба на алтернативни методи во класичната медицина е акупунктурата која веќе долго време е официјално прифатена, но одредена скепса, сепак, постои спрема неа.
Важно е да се прави разлика што е тоа комплементарна медицина, а што алтернативна. Комплементарната медицина, како што впрочем кажува и нејзиниот назив, се состои од методи кои се употребуваат како додаток на класичниот третман, како на пример, употребата на аромотерапија, односно употреба најразлични концентрирани мириси во форма на миризливи масла од растенија, пред оперативен зафат. А алтернативната медицина подразбира методи кои ја заменуваат класичната, односно во овој случај ортодоксната медицина. Постои и термин "интегративна медицина", кој подразбира медицина која комбинира различни методи од класичната, со претходно споменатите три алтернативи, но само во случај кога е докажано дека тие методи не се во кој и да било случај штетни за здравјето на друг начин.
Методите на комплементарната и алтернативната медицина (КАМ) се поделени во пет групи:
Алтернативните медицински системи се првата група и тие се комплетни теоретски и практични системи кои се појавиле пред класичната медицина или, пак, се одделиле од неа. Такви системи кои се развиле во западните култури се хомеопатската медицина и натуропатијата, а пример за таков источен систем е традиционалната кинеска медицина, или, пак, Ајурведа што е систем кој се користи на Индискиот Полуостров од пред 5.000 години, а се состои од различни хербални лекови во комбинација со зголемувањето на улогата на телото, умот и духот во контекст на спречување или лекување на некои болести.
Како втора група се прифатени интервенции на умот врз телото, кои подразбираат тренирање и развивање на умот во насока да може да му помогне на телото. Некои од овие техники што порано беа КАМ, сега се прифатени во класичната медицина, како на пример: пациентските групи за поддршка и когнитивно-бихејвиоралната терапија. Други, пак, слични умствени техники, покрај очигледните позитивни ефекти, сў уште се сметаат за КАМ, а такви се медитацијата, менталното лечење, молитвата, како и терапии со уметнички дела, музика или танц.
Терапиите на биолошка основа се третиот вид КАМ и тие користат супстанции кои се наоѓаат во природата, како што се различни тревки, здрава храна и витамини. Некои примери за оваа група методи се прифатени и во конвенционалната медицина, каков што е примерот со употребата на фолната киселина за спречување на одредени проблеми со породувањето, но некои кои сў уште не се научно потврдени се демантирани од класичната медицина. Таков е примерот со употребата на 'рскавица од ајкула за борба против ракот.
Манипулативните и телесно ориентирани терапии се базираат на манипулација со делови од телото или нивно движење. Примери од КАМ за оваа четврта група се киреопатската или остеопатската манипулација, како и масажата во сите облици. Остеопатската медицина е форма на конвенционалната медицина, каде што основното верување е дека телесниот систем функционира зависно, па проблемите во еден потсистем влијаат на друг. Остеопатијата, пред сў, подразбира манипулација, односно многубројни техники со допир, чија цел е да ги намалат болките или да ги заживеат атрофираните функции на телото.
Енергетската терапија е петтата група на КАМ и таа се концентрира на употреба на енергетските полиња. Тие може да бидат биоенергетски и биоелектромагнетни терапии. Биоенергетските се концентрираат на енергетските полиња кои го опкружуваат или се во човечкото тело. Постоењето на таквите полиња сў уште не е научно докажано. Некои форми на биотерапија манипулираат со биополињата со притисок на одредени точки или, пак, со местење на рацете во овие полиња. Примерите ги вклучуваат тај чи (односно комбинација на движење, медитација и регулирање на дишењето со цел да се регулира текот на животната енергија чи), сличната раики (јапонски: универзална животна енергија) терапија и терапевтскиот допир.
Биоелектромагнетните терапии вклучуваат неконвенционална употреба на електромагнетни полиња.
Постојат уште многу техники кои не се споменати во овој текст. Мистериозни, чудни, понекогаш и гротескни, кои можеби се и поефикасни од конвенционалните, но нивната практика се сведува на некои холистички движења, маргинализирани од општеството. Тоа, сепак, не значи дека не треба да се истражуваат и да се сфатат барем малку посериозно.
Во развиениот свет, научниците кои ги истражуваат и практикуваат овие методи, формираат здруженија, се организираат и се обидуваат да го добијат статусот на вистински општествено прифатени научни работници и резултатите веќе се гледаат. Се организираат различни семинари, се доделуваат сертификати... и тоа, сега за сега, се единствените начини да се популаризираат овие методи.
|
Strelec |
Sweet White Potato Extract May Help Curb Diabetes
The results of a clinical trial confirm the beneficial effects of Caiapo, an extract of white sweet potatoes, on blood sugar and cholesterol levels in type 2 diabetic subjects.
The authors of a report published in the journal Diabetes Care explain that Caiapo is commercialized in Japan as a dietary supplement used to help prevent and control type 2 diabetes. It is derived from a variety of sweet white potato that grows in mountainous regions.
Dr. Bernhard Ludvik, of the University of Vienna Medical School, in Austria, and colleagues examined the tolerability, effectiveness and mode of action of Caiapo on metabolic control in 61 patients with type 2 diabetes. The subjects were randomly assigned to receive 4 grams of Caiapo or a placebo, each given once daily for 12 weeks.
The researchers report that levels of hemoglobin A-1c (HbA1c), used to measure excess blood sugar, decreased significantly from 7.21 percent to 6.68 percent after treatment with Caiapo. In the placebo-treated patients, HbA1c remained unchanged.
Decreases in fasting blood sugar levels (from 143.7 to 128.5 milligram per deciliter) were observed in Caiapo-treated patients, while no significant change was observed in those who received placebo.
On glucose tolerance testing, patients in the Caiapo group also had significantly decreased 2-hour glucose levels compared with the placebo patients.
"At the end of the treatment period, cholesterol levels in the Caiapo group were lower than those in the placebo group," Ludvik and colleagues report.
No significant adverse events were observed with Caiapo.
"Thus," they conclude, "the nutriceutical Caiapo seems to be a useful agent in the management of type 2 diabetes."
|