OooOo |
Пеш од Битола за да се прости со претседателот
[img]http://int.utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1415/7445.jpg[/img]
Со војничка опрема, ранец во кој чува шаторско платно, шише вода и знаме на половина копје, битолчанецот Драги Стојчески во четвртокот попладне, по четири дена пешачење, пристигна во Скопје да му оддаде последна почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Стојчески пешачеше до Скопје и во 1998 година, кога Трајковски беше избран за претседател, затоа што, како што самиот вели, му било чест и задоволство да му искаже поддршка од Битола на претседателот Трајковски.
"Пропешачив 175 километри и сега пеш ќе одам со колоната до вечното живеалиште на претседателот. Од Битола тргнав во понеделникот во 8,30 часот, а во Скопје стигнав завчера во 17 часот попладне. Четири дена нонстоп патував, а одморав по еден или два часа само за да стигнам навреме", вели тој пред Собранието, каде што се подготвуваше да и се приклучи на погребната поворка.
Стојчески рече дека целиот пат го поминал пеш, а само седум километри во близината на Катланово го презеле со автомобил. "Се движев по автопатот и не влегував по градовите, а кога ќе се заморев, го отварав шаторското платно и одморав еден или два часа", објаснува тој и додава: "Во Скопје дојдов оти ме натера идејата да му оддадам последна почит на претседателот Трајковски. Во 2001 година, за време на кризата, девет месеци бев резервист во полицијата, каде што се видов со него, ми беше врховен командант", ни рече битолчанецот, кој носи воена униформа, како што вели, само како знак на почит. Семејството на Стојчески и неговите пријатели со тага ја примиле веста за трагичната смрт на претседателот и го поддржале во неговата идеја пеш да дојде и да се поклони пред одарот на Трајковски. (Д.Т.)
|