Борис Трајковски |
OooOo |
Трајковски на 15. декември 1999-та стана претседател на РМ
01.03.2004 Претседателот Борис Трајковски го започна својот претседателски мандат на 15. декември 1999-та година. Влезе во својот кабинет истиот ден откако испрати порака на љубов.
„Љубовта кон своите блиски нашите сограѓани ќе даде придонес кон исполнување на нашите желби за подобар живот, меѓународна прифатеност и респект. Сакам да го повикам она најдоброто во нас, во вашите срца да го повикаме она најдоброто“, изјави претседатлеот Трајковски на почетокот на својот мандат.
Оваа негова заложба го водеше постојано во неговата работа како државник. Кога не беше на службено патување, претседателот Борис Трајковски доаѓаше во својот кабинет во зградата на собранието околу 8 часот.
Тука најпрво се сретнуваше со своите советници, кои го информираа за протоколот и средбите што треба да ги има тој работен ден. Негова десна рака беше шефот на кабинетот, кој главно се грижеше за координација на активностите на претседателот.
Во почетокот на својот мандат, претседателот Трајковски ги затекна во кабинетот советниците на својот претходник Киро Глигоров: Жана Османли и Елеонора Каранфиловска.
Често се консултираше и со Доста Димовска, а сива еминенција во кабинетот беше професорот Љубомир Фрчковски. Трајковски за шеф на својот кабинет го наименува Зоран Јолевски. Како врховен командант, претседателот секое утро ги добиваше доверливите полициски и армиски извештаи за безбедноста, а практикуваше да се слушне и со шефовите на разузнавањето.
Негов Советник за национална безбедност од јуни 2001 беше Стево Пендаровски кој стана познат како аналитичар и портпарол на МВР. Претседателот Трајковски честопати посетуваше караули и касарни, а за време на својот мандат назначи 4 началници на ГШ на АРМ, генералите: Јован Андревски, Панде Петровски, Методи Стамболиски и Ѓорѓи Бојаџиев, кој токму од денеска ја презема должноста началник.
Во телефонски разговор со странците сакаше да контактира на англиски без преведувач, а потоа службите му ги доставуваа стенограмите од таквите разговори. Неговата советничка за комуникација со јавноста, Димка Илкова Бошковиќ, ги пишуваше и испраќаше соопштенијата до медиумите.
Имаше и двајца портпароли, Борјан Јовановски и Андреј Лепавцев, синот на поранешниот министер Лепавцев.
Обезбедувањето на претседателот секогаш беше еден чекор зад претседателот обидувајќи се да држат чекор со високиот Трајковски. Тие секогаш биле коректни со новинарите, снимателите и фоторепортерите.
Претседателот го смени шефот на обезбедувањето Зоран Кецковски поради издавање на тајни од неговиот кабинет. За нов шеф го назначи Ацо Кузмановски. Претседателот Трајковски честопати јадеше на работното место во својот кабинет.
Храна му носеа од ресторанот во собранието, но честопати и покрај негодувањето на обезбедувањето, сакаше да му донесат сендвичи од околните фаст фуд ресторани.
Претседателот Трајковски во последно време беше преокупиран со апликацијата за ЕУ и престојниот самит на НАТО во Истанбул, од кој Македонија очекува многу.
Претседателот Трајковски замина за Мостар со оптимизам дека конечно Македонија цврсто ќе зачекори на патот кон евроатланските структури.
|
OooOo |
Macedonia: Mourning book on the death of President Trajkovski on Internet
Mourning book on the tragic death of Macedonian President Boris Trajkovski will be opened on the Internet. The people can sign or write their message to the late President on the web site: http://www.president.gov.mk
The Book of Mourning was opened Friday night in parliament building. Since the early hours of Saturday unending queues of people waited outside the parliament to sign in the Mourning Book and express their memories and reminiscences for the President in the wake of his tragic death. The mourners lit candles for their President outside parliament building. The mourning book was closed on Sunday at midnight.
The mourning book will remain open for foreign statesmen and President Trajkovski’s friends who live abroad.
Books of mourning were opened in all Barracks across the country as well as in all Macedonian embassies abroad.
|
OooOo |
Me zachudi kolku Grci se imaat potpishano vo taa kniga i za Makedonija se obrakjaat so Republic Of Macedonia. Bravo!
|
melpomena |
Познати сите детали околу организирањето на пречекот и последното испраќање на шефот на државата
Денеска во Скопје ќе пристигне ковчегот со телото на претседателот
Сашко Димевски
Со специјален воен авион, денеска во 13 часот на воениот дел од скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните останки на претседателот Борис Трајковски и осумтемина членови на делегацијата и екипажот, кои загинаа во авионската несреќа кај Мостар. Посмртните останки на претседателот в четврток ќе бидат изложени на одарот во Собранието, а погребната поворка и закопот ќе се организираат в петок од 12 до 14 часот. Погребите на осумтемина загинати ќе бидат извршени утре во местата на нивното живеење, беше соопштено на вчерашната прес-конференција на Одборот за организирање на погребот.
Посмртните останки на претседателот Трајковски од сараевскиот аеродром денеска претпладне во 11 часот со највисоки почести ќе ги испрати министерот за правда, Иџет Мемети, кој изминативе денови го предводеше владино-експертскиот тим во истрагата во БИХ, како и претседателовите гардисти. На скопскиот аеродром ковчегот на претседателот Трајковски ќе го пречекаат сопругата Вилма со семејството на претседателот, државниот врв и партијата ВМРО-ДПМНЕ, а таму ќе бидат и Гардата на АРМ и воен оркестар, истакна портпаролот на Одборот, Веле Митановски.
Одборот за организирање на погребот целата постапка ја поделил на три целини: пречек на ковчегот на аеродром, активностите на оддавање последна почест во Собранието и организирање на погребната поворка и погребот, истакна полковник Благоја Марковски, кој говореше за активностите на Армијата во наредните три дена.
"Утврдената процедура налага ковчегот на претседателот од авионот да го изнесат неговите телохранители, а да го преземат армиските гардисти, кои потоа ќе го предадат на семејството. Од аеродром колоната возила ќе се упати кон Собранието на Македонија, каде што ковчегот ќе биде изложен во холот од зградата. Граѓаните на Македонија ќе можат да му оддадат последна почит на загинатиот претседател в четврток од 9 до 23 часот", рече Марковски и дополни дека за сето време ќе има и почесна стража, во чиј состав последни ќе бидат претставниците на државниот врв.
Ковчегот на претседателот ќе биде изнесен од Собранието в петок, пет минути пред 12 часот. Претходно пред Собранието ќе биде формирана погребната колона на чие чело ќе биде сликата на претседателот, потоа надгробниот знак, венци, почесната стража и почесната придружба, аѓутантот на претседателот ќе ги носи неговите ордени, а потоа во колоната ќе одат семејството, делегациите и граѓаните. Веќе е јавено дека погребната колона дел од маршрутата до Алејата на великаните ќе оди пеш, дел со возила, за пак да се оди пеш пред самите гробишта, при што последните стотина метри ќе бидат испукани 24 артилериски салви.
МВР упати апел в петок граѓаните да ги редуцираат движењата низ градот со нивните возила за да остават слободен простор церемонијата на погребот да биде изведена според предвиденото сценарио.
До МНР досега присуството на погребот го пријавиле делегации на високо ниво од САД, Русија, Кина, Холандија, Грција, Турција, Шпанија, Португалија, Норвешка, Словенија, Латвија, Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Србија и Црна Гора, како и високи делегации на НАТО и ЕУ. До Агенцијата за информации, пак, свои акредитации за следење на погребот на претседателот доставиле околу 500 новинари, сниматели, фоторепортери и технички персонал, од кои 78 се од странски медиуми.
www.utrinski.com.mk
|
Thunder from down under |
vo koja crkva ke bide? vo pravoslavna ?
sho e аѓутантот? |
sapeski |
Сликите што ги прикачив се огромни и треба многу време да се вчитаат. Еве го оригиналниот линк.
http://www.mia.com.mk/mak/images.asp |
Thief |
quote: Originally posted by Thunder from down under
vo koja crkva ke bide? vo pravoslavna ?
sho e аѓутантот?
Аѓутант = помошник, помлад офицер доделен на служба кај повисок офицер. Се работи повеќе за формална функција, за полковник од армијата кој му е придружба (помош) на Претседателот, зашто овој е Врховен командант на вооружените сили (ако грешам нека ме поправи некој!).
Нема да биде во православна црква, туку ќе се испеат две религозни песни (извадоци од библијата) и ќе се одржи говор, според обичаите на методистичко - евангелистичката црква, чиј верник беше покојниот Претседател. |
OooOo |
Europe Subcommittee Markup
H. Res. 540
Opening Statement of Hon. Doug Bereuter
March 3, 2004
H. Res. 540 expresses the condolences and deepest sympathies of the U. S. House of Representatives upon the death of Macedonian President Boris Trajkovski.
On February 26, 2004, President Boris Trajkovski of the Former Yugoslave Republic of Macedonia was tragically killed in a plane crash over Bosnia-Herzegovina, while traveling to Mostar to attend a regional economic conference. He and eight other people on the aircraft died in this tragic accident.
President Trajkolvski is one of the important reasons why Macedonia is making the progress it has made in recent years. President Trajkovski was an important leader and voice of reason in resolving the ethnic conflict that was threatening his country three years ago, and in implementing the Ohrid peace agreement of August 2001. His leadership and moderation between opposing sides has been absolutely essential in creating the conditions for the progress that his government and his country have made since then.
He worked tirelessly to ensure that democratic values and institutions would prevail in his country, and to bring his country closer toward full integration in Euro-Atlantic institutions. In May of last year, his country joined Croatia and Albania in signing the Adriatic Charter, an agreement to commit to reforms and cooperation in order to prepare these countries for accession into NATO. His country has been a strong supporter of the international war against terrorism, and has contributed forces to operations in both Afghanistan and Iraq. And tragically, his country was scheduled to formally submit its application to become a candidate for membership in the European Union last week on February 26th, the very day of the tragic accident.
Historically, President Trajkovski will be known for saving his country from civil war. This resolution recognizes that fact, and his leadership, and his importance to his country. This resolution is an affirmation that the U.S. House of Representatives supports the reforms that President Trajkovski implemented and the progress that all Macedonians have made. May the government of Macedonia and the people of Macedonia continue to follow his example, and continue along his path of reform, progress, peace and democracy.
This Member would like to express his deepest sympathies and condolences to his family, to his country, and to all of the Macedonian people.
I urge passage of this Resolution.
|