Whitebaby |
На СФОР никој не му верува
Случувањата околу уривањето на авионот на претседателот Борис Трајковски добиваат несакан тек и димензија, па веќе стануваат можни предупредувањата дека ќе ни се повтори историјата и ќе ни остане уште едно отворено досие за да продуцира фрустрации и нестабилности за подолг период во земјата. Требаше да поминат цели шест дена од несреќата, па СФОР конечно да јави дека француските контролори не исчезнале од БиХ и дале изјава, а и натаму да не се знае каде ќе оди црната кутија, бидејќи притисоците и недовербата се толкави што истрагата е речиси парализирана. Последниве два дена има знаци и на политички притисок врз БиХ и врз Македонија, засега суптилен, но со можна ескалација ако се инсистира од наша страна за поголема кооперативност од СФОР, од НАТО и од Франција. Имено, веќе е испратена првата порака до нашите функционери предвреме да не даваат оцени околу несреќата, а нема да биде изненадување ако во тајната дипломатија ни ги спомнат апликацијата, истанбулскиот самит и слични нешта, кои се остварливи само со добра волја на тие кои сега решаваат кои од фактите утврдени на теренот треба да ни ги дадат, а кои да ги скријат.
Иако СФОР има процедура за однесување во вакви ситуации која треба да се почитува, и иако е во право кога се повикува на потребата да се заокружи истрагата, нивните неоправдани тактизирања, дезинформирања и арогантниот однос спрема јавноста во БиХ и во Македонија, ја ставија под дебело сомневање нивната декларирана искреност да помогнат во расветлувањето на трагедијата. Ако СФОР ја чувствува БиХ како свој протекторат, во никој случај не може да демонстрира таков однос и спрема Македонија, дозволувајќи си еден цел ден да глуми некаква потрага, а потоа и други нешта, што докрај ја понижија нашата јавност.
Токму затоа на СФОР деновиве не му верува никој во БиХ, а сега и во Македонија која има причина повеќе, по трагичното искуство со КФОР, кога војници од неговиот контингент прегазија министер со цело семејство, а добија само условна казна. Сопките што одговорните во СФОР им ги прават деновиве на истражните органи, како и заштитата што си ја обезбедија за својот контингент, не само што ги подгреваат опасните теории дека зад паѓањето на авионот можеби има нешто повеќе од несреќа туку се контрапродуктивни и од друг аспект, бидејќи испраќаат сигнал дека и тогаш, кога жртва е претседател на држава, сфоровците остануваат недопирливи. СФОР не треба да се обидува по секоја цена да ги прикрие грешките и пропустите во својата работа и треба да биде свесен дека вистината за несреќата им треба и ним, а не само на Македонија, бидејќи кога- тогаш вистината ќе се открие.
За да не се сведе ова пишување на обвиненија без основа, уште еднаш ќе ги потсетиме во СФОР на неколку клучни прашања на кои можат да одговорат без да и наштетат на истрагата. Зошто СФОР не ја објави прв веста за урнувањето на авионот, туку ја премолче додека не се разбра за неа во јавноста? Зошто и ден денес не се знае дали има или не радар на мостарскиот аеродром, дали функционирал или бил расипан? Зошто се притиска црната кутија да биде испитана во Париз, кога македонските власти јавно се спротивставуваат? Како не успеаја да го најдат паднатиот авион кога имаше очевидци за несреќата? Како можеа да си дозволат прекин во потрагата, како да станува збор за обичен цивил, а не за претседател на држава? Како знаеја веднаш светските државници дека загина претседателот Трајковски, ако тоа не им го јавил СФОР како единствен кој имаше пристап на таа територија? Зошто беа спречени босанските сили и истражни органи да се вклучат во потрагата и да имаат првичен увид за несреќата? И клучното, за што му требаа 25-те часа на СФОР од паѓањето на авионот до лоцирањето? Ако СФОР и натаму одбива да одговори на овие непознатици, а истрагата околу несреќата и натаму се заплеткува, место да се отплеткува, ако се множат притисоците, а процесот трае место да се завршува, тоа ќе биде сигурен сигнал дека писмото на премиерот Бранко Црвенковски, со кое оправдано побара помош од Брисел, ќе заврши, исто така, игнорантски како сў досега. На штета на вистината, на штета на угледот на Алијансата, на штета на односите со Македонија и на штета на нејзината стабилност на која и самите толку потрошија досега.
http://int.utrinskivesnik.com.mk/default1167.html?pBroj=1412&stID=9339&pR=14
Ke ne "izdupat" NATO i Francija dobro izgleda. [:(!]
|
slasa |
Dragomir Dumiж ministar odbrane BiH
SARAJEVO - Predsjedvajuжi Vijeжa ministara BiH juиer je Dragomira Dumiжa imenovao za ministra odbrane BiH.
Marina Pendeљ i Enes Beжirbaљiж imenovani su za zamjenike drћavnog ministra odbrane.
"Izmeрu tri kandidata koje sam dobio od SDS-a za ministra odbrane BiH, imenovao sam Dragomira Dumiжa. U subotu sam obavio razgovore sa svim kandidatima i odluиio se za Dumiжa jer mislim da on moћe dobro uraditi posao uspostave Ministarstva odbrane", kazao je Terziж.
Dodao je da жe parlament BiH potvrditi imenovanje ministra i njegovih zamjenika na narednoj sjednici.
"Moram saиekati i zvaniиni dokument od OHR-a da su provjere zavrљene kako bi imenovanje ministra i zamjenika parlament mogao potvrditi иim prije. Mislim da smo ovim imenovanjima uradili dobar posao", objasnio je Terziж.
Novoimenovani ministar i njegovi zamjenici duћnosti жe preuzeti kada parlament BiH potvrdi njihovo imenovanje.
"Imenovanje naиelnika Generalљtaba i drugih visokih duћnosnika Oruћanih snaga BiH je obaveza ministra odbrane i Predsjedniљtva BiH, ali mislim da жe i to biti uraрeno veoma brzo", naglasio je Terziж.
Dragomir Dumiж je pravnik, vlasnik advokatske kancelarije u Bijeljini. Enes Beжirbaљiж do sada je obnaљao duћnost generalnog sekretara Stalnog vojnog komiteta BiH. Marina Pendeљ je ministar prostornog ureрenja u Vladi Srednjobosanskog kantona.
M. ИUBRO |