Интересна работа
Интересна работа
fio ПРЕДВИДУВАЊЕ НА СКОПСКИОТ АСТРОЛОГ СИМЕОН АТАНАСОВСКИ Го предвидел денот на смртта Астрологот Симеон Атанасовски од Скопје пред една година ја предвидел трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и на неговата делегација, но несреќата ја предвидел за во јануари 2003 година. Неговото предвидување било објавено во неделниот весник ЗУМ во почетокот на минатата година. Предупредувања пред една година имало и на Македонската телевизија и на телевизијата "Канал 5". Во предупредувањето се вели дека критични периоди за претседателот Трајковски ќе бидат јануари и февруари. Атанасовски во своите пресметки предупредил дека особено негативни денови за Трајковски ќе бидат од 2 до 4 јануари, 9 февруари и од 22 до 27 февруари. Според астрологот Атанасовски, критични денови за претседателот би биле и од 27 до 29 август. Тоа, според него, ќе биле земјотресни денови. Атанасовски тогаш препорачувал претседателот и членовите од неговиот кабинет да не патуваат во наведените периоди. Во тие денови требало да бидат внимателни и телохранителите на претседателот. Атанасовски вели дека и самиот не ги сметал своите предвидувања како сериозни, бидејќи астролошката карта на Борис Трајковски не била целосна. Тој вели дека токму поради нецелосните анализи на предвидувањето, не сакал да го испраќа во кабинетот на Трајковски. Според него, Владата избрала астролошки лош ден и за апликацијата, зашто тоа било ден за тероризам и за природни катастрофи, - Предвидувањата за Трајковски не беа целосни. Во астрологијата се можни отстапувања поради определени математички пресметки, но тоа не значи дека тие нема да се остварат. Тоа што ги предвидов деновите и извесната несреќа на Трајковски не значи дека предвидувањето е целосно. Астролошки карти правам само ако некоја личност побара од мене да направам такво истражување. Никој конкретно не побара да направам анализи за Трајковски. И за ова малку што го предвидов ми беа потребни астролошките карти на Македонија, на членовите во владиниот кабинет, на политичките лидери, анализите на политичките и на економските случувања во земјава и слично. За тоа треба детаљна анализа од околу два месеца - вели Атанасовски. Тој предвидува дека негативни денови воопшто ќе бидат од 5 до 11 март годинава, но не може да прецизира точно каде и што ќе се случи. Атанасовски предупредува дека во земјава не треба да се преземат радикални чекори од 20 до 22 април. Во периодот од 17 до 22 мај можен е земјотрес на Балканот, вели Атанасовски, кој предвидува според индиска астрологија веќе десет години.
OooOo BS