Колумна - Љубомир Д. Фрчкоски
Колумна - Љубомир Д. Фрчкоски
fio
За Борис
Тој намерно одбра да биде "наивен", да не слушне и да не суди. Неговата сила да го стори тоа за мене останува зачудувачка, темелна, како кинескиот ѕид
Има нешто чудно промислено во контекстот што го донесе Борис Трајковски меѓу нас Македонците. Тој е човек различен од политичкиот материјал од кој се градеше македонската политика. Тој е едноставно поинаков. Неговиот "пасторски" став се покажа посилен од сите претпоставки. Вообичаено сметаа дека јас му бев некаков советник, но сосема неочекувано од него се учи на потполно неочекуван начин. Тој човек има сила на простување, која е неверојатно моќна, запрепастувачки креативна. Мирослав Волф, неговиот личен и пријател по вера, инаку професор на Тубингер и Харвард, на едно место вели: енергијата на љубовта и простувањето е претпоставка на слободата и заедницата. Вообичаено не го доразбираме значењето на тие зборови се додека не се сретнете со персона што го практикува истото во најтврдата област од животот - политиката. Борис Трајковски, тој грамаден, мирен и чесен човек помеѓу нас - имаше силна волја кога се работеше за политичката одлука, која треба да се донесе за својот народ и држава, за простувањето на непријателите и за формирање на темелот на нашата заедница на еднакви граѓани. Веројатно е така во животот, кога ќе се соочите, кога ќе учите од човек со такви енергии, ви станува јасно колку многу се недостатни, колку висат во воздух и најидеалните уставно-правни решенија, колку виси сето тоа без енергијата на вистинољубивост и едноставната љубов "за другиот". Способност да се види и разбере позицијата на другиот, неговата вистина, да се најде сила во себе да му се прости и "прегрне" и со тоа да се искаже способност за заедница. Според пасторот и Претседател Борис Трајковски: Вистината на распнатиот Исус не учи да направиме место во нашето срце за другиот и неговиот поглед на свет. Борис не напушти неочекувано како што дојде! Борис не напушти кога ужасно ни требаше. Ни остави огромна дупка по средината на нашите спомени, нашата политика и политичкиот морал. Постави репер што, како и сите досега добри работи што ни се случиле, не ги забележуваме на време ниту ги вреднуваме на време. Можеби тоа е тајната на "профетите" и заблудата на нас обичните луѓе. Не доучив од него да простам и да прегрнам на таков начин. Што да се прави, драги мои, никој не е совршен. Едноставно не можев да не ги видам лицемерството и гадоста на неговите "другари" од неговата партија, кои го напуштија и му го свртеа грбот - како се лигават по нашите екрани изразувајќи ужаленост. Не можев да спречам да не ми се превртува стомакот кога она "смрдле"од бивш лидер, кој јавно бараше извинување од македонската јавност што го предложил Бориса за претседател, му искажува вечно пријателство и љубов (како и алузија дека ќе го предложел за втор мандат, но немал еве можност за таква добрина). Онаа "тушла" што местеше свои "пријатели" за противкандидати на Бориса во партијата, како глуми крајна ужаленост и сомнеж за истрагата??? Едно друго помало "гнидиче", кое изјави дека не сака да се спушта на ниво на изјавите на Бориса... сега го води одборот за погреб. Некои од најплукачките новинари кон него, сега му пишуваат профили полни со пиетет? И на тоа слично и така натаму. Но веројатно најдолна е срамната ролја на новото лидерство на неговата партија. Сега, посмртно, со грижа да не се заврти гневот на јавноста против нив, кои го отфрлија Борис, водат некаков смешен динамизам на "протести и згрозувања" од ова или она? Тие отфрлајќи го Борис за свој потенцијален кандидат го натераа на нервозна и интензивна дипломатска акција. Одеше по собири на кои во нормални услови и не би одел. Тоа единствено му преостануваше за да се бори за да се наметне, со тоа единствено можеше да парира на валканиците од "новото изгубено раководство" на својата партија. Со тоа му го дуплираа ризикот за вакви трагични инциденти. Борис е веројатно политички рекордер по бројот на луѓето што ги промовираше во политиката и во дипломатијата, а кои му го свртеа грбот од себични самопромотивни причини - само најкарикатурални се разните смрдлиња од амбасадори сосе мајките и повторно и повторно неговата сила да им прости и да соработува со нив (на наше општо запрепастување)? Тој намерно одбра да биде "наивен", да не слушне и да не суди. Неговата сила да го стори тоа за мене останува зачудувачка, темелна, како кинескиот ѕид. Нека ти е вечна слава, Борисе Трајковски!
Whitebaby Prvo vo bubrezi! Bravos!!!
ViennaBoy Prekrasna kolumna nema sto,sekoja "tocka" i "zapirka" e na mesto. Bas me interesira so veli narodot za licemerstvoto na nekogasnite sopartijci na Boris T.Dali nekoj im veruva na nivnite "vampirski" solzi??? Daj neka napise nekoj so momentalno e vo Makedonija.
DJ_SHEMA Narodot kako narod koj pati od privremento slepilo koe trae eve vekje nekolku godini. Tie shto se vmrov-ci kje odat po linijata na Nikola Gruevski i kje se zalat kako vladata krie neshto shto ne vkluchila vmro-vec vo delgacijata koja zamina vo Bosna. I ne mislam deka se slepci tie shto go sledat vmro, tuku site onie koi bezrezervno veruvaat kon vodachot na nivnata imilena partija bez da se potrudat da razmislat na svoj nachin.
marko_polog Dali povtorno ke ja prenesuvame vinata edni na drugi, kolku dokazi vi treba deka okolu celava tragedija odgovornost i vistinata treba da se energicno bara od SFOR. I jas ne bi sakal vo kampanjata sto sleduva nikoj od kandidatite da go zloupotrebuvaat imeto na Pretsedatelot Boris Trajkovski za politicki poeni, tagata e ogromna i bez razlika na koja partija si clen ili simpatizer, vo vrska so ovaa tragedija treba site da bideme edinstveni i za Pretsedatelot da ima mir, vistinata MORA da se kaze i odgovornite da bidat kazneti.
Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
...kolku dokazi vi treba deka okolu celava tragedija odgovornost i vistinata treba da se energicno bara od SFOR.
a koj rekol poinaku?
OooOo
quote:
Originally posted by Strelec
a koj rekol poinaku?
za da se najdeme u muabet .. sho vikash ti?
Rommel- shema... ne mozeshe poglup reply?
DJ_SHEMA Mozev, ama ne mi e toa stilot.
Strelec Shema... daj pocni so poglupi replies, za da mozat da te svatat i... i...! more aj da molcam... ke mi prefrlat deka pak protiv VMRO zboruvam nesto!:)
marko_polog
quote:
Originally posted by Strelec
ke mi prefrlat deka pak protiv VMRO zboruvam nesto!:)
Pak so istite gluposti
Strelec marko, namerno spomnav VMRO za da vidam dali ti ke se javis!:)))
Thief Ај да пробаме дали ќе реагира на ДПМНЕ...? Што велиш Стрелчо?! Ајде да се обложиме! [;)] ДПМНЕ не чини, ДПМНЕ не чини, ДПМНЕ не чини... си повторува народот и согледува дека лажни се солзите на сопартијците на Трајковски за неговата смрт. Сетики, тие се извинуваа што го кандидирале за Претседател!
Strelec
quote:
Originally posted by Thief
Сетики, тие се извинуваа што го кандидирале за Претседател!
Абе навистина Љубчо не се огласи деновиве! Се срами ли дека ДПМНЕ јавно се откажа од човекот? Или можеби кажал нешто, ама јас немам чуено!?
Thief Само една изјава имаше откако се впиша во книгата на чалост во партискиот штаб. Даде сомнителна изјава дека „неколку дена пред смртта се сретнавме со Борис и тој побара поддршка од мене и од партијата за нов мандат. Неговата смрт не‘ спречи да разговараме на таа тема во партијата и да му ја дадеме поддршката.“
marko_polog Thief i sto ako ne cini VMRO? Da te potsetam samo deka oni ne se Vlast, taka da se prasuvam od koj pricini uste gi napadjate niv, dali e toa da se izbegne realnata slika denes vo Makedonija i rezultatite na ovaa Vlast? Vidi samo kakvi cistki se pravat na Makedonci vo Ministerstvoto za Transport i Vrski denovive, bas ovie denovi???, toe sram neviden. Jas ke prodolzam da ja kritikuvam ovaa Vlada na sekoj eden poteg anti-Makedonski, a vie dvajca skokajte kako prvacinja kolku sakate. Sum vi napisal i porano, koga ke vidam nekoj poteg na Vlast da i pridonese nesto pozitivno za Makedonija, jas prv ke bidam toj sto ke gi pofali, no za zal do sega nema takva slucka. Strelec, Georgievski ja potpisa knigata na zalost vo Sobranieto i poslem dade izjava na novinarite, ne pamtam mnogu sto kaza osven deka dva dena pred tragedijata Pretsedatelot Trajkovski go posetil Georgievski, baral poddrska od nego da povtorno bide Pretsedatelski kandidat na VMRO-DPMNE.
deni bravo za kolumnata na frckovski . bash toa sho go mislam toj go objavi dzirnete malku u ovaa tema ke videte kakvi ste http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=4063 ironicno
Thief
quote:
Originally posted by marko_polog
Thief i sto ako ne cini VMRO? Da te potsetam samo deka oni ne se Vlast, taka da se prasuvam od koj pricini uste gi napadjate niv, dali e toa da se izbegne realnata slika denes vo Makedonija i rezultatite na ovaa Vlast? Vidi samo kakvi cistki se pravat na Makedonci vo Ministerstvoto za Transport i Vrski denovive, bas ovie denovi???, toe sram neviden. Jas ke prodolzam da ja kritikuvam ovaa Vlada na sekoj eden poteg anti-Makedonski, a vie dvajca skokajte kako prvacinja kolku sakate. Sum vi napisal i porano, koga ke vidam nekoj poteg na Vlast da i pridonese nesto pozitivno za Makedonija, jas prv ke bidam toj sto ke gi pofali, no za zal do sega nema takva slucka. Strelec, Georgievski ja potpisa knigata na zalost vo Sobranieto i poslem dade izjava na novinarite, ne pamtam mnogu sto kaza osven deka dva dena pred tragedijata Pretsedatelot Trajkovski go posetil Georgievski, baral poddrska od nego da povtorno bide Pretsedatelski kandidat na VMRO-DPMNE.
Стрелчо, се кладевме во нешто?![8D] Самиот народ 1998 направи историска грешка, која генерации нема да можат да ја поправат! Ни направија војна, ни ја уништија економијата и украдоа се‘ што најдоа! Сега и да си функционер не можеш да крадеш, треба од дома да носиш! [xx(] Но, да заклучиме: во моментите на национална жалост заради загубата на Претседателот, се обидовте неколкупати да профитирате и да соберете политички поени. Се оркажавте од него, а сега крокодилски солзи роните! Одлучете се: ви чинеше или ве спречи во сценариото за поделба на Македонија[?][?][?]
marko_polog Ti stvarno si bil za zalenje, Sreca nasa sto gi imavme Amerikancite i UCK da ja branat Makedonija, inace VMRO ja podeli neli. Zamo da nezaboravis eden FAKT, deka Pretsedatelot Trajkovski so toj istiot avionot "kinger" sto zagina, nekolku pati vo pocetokot na vojnata otide vo Ukraina da bara ekspresno da se donesat Helikopterite i drugo vid oruzje protiv UCK, znaci ako go zememe toa sto ti go napisa, i Pretsedatelot Trajkovski bil vmesan vo "podelbata na Makedonija", kolku ste glupi i zrtvi na detska propaganda, ne ostava nisto drugo osven da ve zalam. Nad Pretsedatelot Trajkovski i VMRO-DPMNE se vrsese takov pritisok od Zapad sto vie NIKOGAS nema vo vasite sitni dusi da razberete, toa sto gi razlikuvase Trajkovski i Georgievski bese nacinot kako da se prodolzi. Koj onda im donese vojna vo Kosovo? Da ne i tamu Milosevic sakal da ja deli Srbija, no za "sreca" za Srpskiot Narod tuka se Amerikancite i UCK da gi spasat Srbite vo Kosovo. A ti sitna duso dur pisuvas za "podelbi na Makedonija" malce da gi sledis sostojbite na ovaa Vlada, zosto toa sto ne mozeva da go dobijat so oruzje, sega na gotovo im se DAVA.
f9
quote:
Originally posted by marko_polog
Ti stvarno si bil za zalenje, Sreca nasa sto gi imavme Amerikancite i UCK da ja branat Makedonija, inace VMRO ja podeli neli. Zamo da nezaboravis eden FAKT, deka Pretsedatelot Trajkovski so toj istiot avionot "kinger" sto zagina, nekolku pati vo pocetokot na vojnata otide vo Ukraina da bara ekspresno da se donesat Helikopterite i drugo vid oruzje protiv UCK, znaci ako go zememe toa sto ti go napisa, i Pretsedatelot Trajkovski bil vmesan vo "podelbata na Makedonija", kolku ste glupi i zrtvi na detska propaganda, ne ostava nisto drugo osven da ve zalam. Nad Pretsedatelot Trajkovski i VMRO-DPMNE se vrsese takov pritisok od Zapad sto vie NIKOGAS nema vo vasite sitni dusi da razberete, toa sto gi razlikuvase Trajkovski i Georgievski bese nacinot kako da se prodolzi. Koj onda im donese vojna vo Kosovo? Da ne i tamu Milosevic sakal da ja deli Srbija, no za "sreca" za Srpskiot Narod tuka se Amerikancite i UCK da gi spasat Srbite vo Kosovo. A ti sitna duso dur pisuvas za "podelbi na Makedonija" malce da gi sledis sostojbite na ovaa Vlada, zosto toa sto ne mozeva da go dobijat so oruzje, sega na gotovo im se DAVA.
Dobra tochka!-Good point!
Strelec
quote:
Originally posted by marko_polog
kolku ste glupi i zrtvi na detska propaganda, ne ostava nisto drugo osven da ve zalam.
Марко, за овој период додека си на форумов, можеби забележа дека без оглед што најчесто имаш различни ставови во однос на многумина, сепак респектибилно ти се дозволува да си го искажуваш своето мислење. Биди сигурен дека така ќе биде и понатаму. Се’ додека на форумов има луѓе со различни ставови, се’ дотогаш овој форум и ќе ’живее’. Во спротивно, би немало воопшто логика тој да постои. Од тие причини, верувај дека си овде повеќе од добредојден. Меѓутоа, сакам да те замолам во иднина да се воздржуваш од употреба на невкусни изрази кога ќе се обраќаш кон останатите членови на форумов. Погледнав само две теми на кои што имаш ти постирано и најдов еден куп зборови со навредлива содржина: odma ke se najde nekoj kako tebe so napis glup... so sila se pravis fraer po forumi... tipovi kako tebe sto vo sekoja prilika gledaat na kurvinski nacin... se pravis naudren... kolku ste glupi... ti sitna duso... ti stvarno si bil za zalenje... И ако повеќе се потрудев, сигурно е дека ќе најдев уште многу други примери. Грешиш доколку мислиш дека на таков начин аргументите ти стануваат посилни и поиздржани. Иако ниту еден пост од ’таквите’ досега не ти е избришан, не значи дека никој не ги забележува. Но тоа е минато, а во иднина верувам дека ќе најдеш сили за малку да си го корегираш стилот на обраќање.
NARCIS`
quote:
Originally posted by Thief
Ај да пробаме дали ќе реагира на ДПМНЕ...? Што велиш Стрелчо?! Ајде да се обложиме! [;)] ДПМНЕ не чини, ДПМНЕ не чини, ДПМНЕ не чини... си повторува народот и согледува дека лажни се солзите на сопартијците на Трајковски за неговата смрт. Сетики, тие се извинуваа што го кандидирале за Претседател!
Tropas gluposti
Thief Доволно беше денеска да ги чуете говорите... Па, да сфатите кој што тропа...
Strelec
quote:
Originally posted by SLaCk
Najgolem vic e koga komunjar kako tebe go citira Goce Delcev.
Uste pogolem vic e Slack da go kritikuva Thief'!:)))
SLaCk Ej izvinete ne znaev deka Thief e nekoj mudrec?A koj e ustvari Thief nekoj ekspert od SDS?
Strelec Ti Slack si zamisluvas deka sekoj sto razmisluva poinaku od tebe, mora da e od SDSM!:) Izleguva deka SDSM e epten jak... posto site mislat poinaku od tebe!:)))
SLaCk Najgolem vic e koga komunjar kako tebe go citira Goce Delcev.
Thief Инаку, колку да го информирам Слак, Гоце Делчев бил социјалист, како и сите ВМРО-вци од тој период! ВМРО се борело и за социјлни права! Гоце Делчев - комуњара! И тој за СДСМ бил - гарант! [:D]
SLaCk Goce Delcev imal nekoi idei bliski na socijalistickite sto ne znaci deka bil socijalist.Goce Delcev e makedonski heroj pred se, a spored tvojata teorija i VMRO e socijalisticka partija?heh.Inaku Goce Delcev umre 1903 pa ne se zanesuvaj deka imal nekakva vrska so jugoslovenskite socijalisti da bese ziv na Goli otok ke bese.A za Strelec ne gleam deka sekoj misli poinaku od mene.Vie ste 5 dusi od forum idi prosetaj vo grad da vidis koj sto misli za SDS.
Strelec
quote:
Originally posted by SLaCk
...Vie ste 5 dusi od forum idi prosetaj vo grad da vidis koj sto misli za SDS.
Aj nabroj gi tie 5 dusi aman!:)
Thief Немал врска со југословенските социјалисти, ама и јас немам врска со нив! Не сум член на партијата на Милошевиќ, па да имам врска со југословенските социјалисти! Гоце бил комунист, јас сум комунист, двајцата немаме врска со „југословенските социјалисти“, значи имам полно право да го цитирам, а ВМРО не била воопшто партија, туку организација, да социјалистичка организација! Читај малку литература, ќе ти се разјаснат некои работи, ме мрзи сега да објаснувам, ми се приспа нешто, па малку конфузен сум! Ајт! [;)]
OooOo idi ispeglaj ja kosata .. celata lokni ti e .. napravi i mini val [;)]
Thief Од Ленин сликата поубаво ми стоеше? [:D]