Strelec |
Женева и Цирих на врвот на листата
Еден британски институт што се занимава со споредување на социјалните параметри од разни земји неодамна направи опсежно истражување околу квалитетот на урбаните заедници. Споредувајќи ги податоците од 215 светски градови, британските истражувачи констатираа дека Женева и Цирих во Швајцарија се на самиот врв на листата по квалитетот на живеењето што го нудат на своите жители. Веднаш зад нив се најдоа Ванкувер во Канада и Виена во Австрија. Инаку, истражувачите во креирањето на оваа листа споредуваа повеќе параметри, вклучувајќи ја здравствената заштита, образованието, транспортот, економските и еколошките фактори, како и безбедноста. Како и во безброј други слични споредбени анализи, и на оваа листа за најпожелни градови за живеење на врвот се најдоа урбани заедници од развиените земји чии градови ги зазедоа првите 10 места.
|