OooOo |
Пеле ги избра најдобрите живи фудбалери
Најмногубројни во пелеовиот избор се Бразилците (15), пред Французите и Италијанците со по 14 и Холанѓаните со 13 претставници. - Според очекувањата македонски фудбалер нема на листата.
Најголемиот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Пеле, ја имаше честа да направи избор на најдобрите живи играчи во моментов, како дел од манифестацијата по повод 100-годишнината на светската куќа на фудбалот (ФИФА). На неговата листа се најдоа 125 фудбалери 37 земји ширум светот, а најмногубројни се неговите сонародници со 15 претставници. Не заостануваат ниту Французите и Италијанците со по 14 играчи во изборот, додека Холанѓаните се застапени со 13 фудбалери. Според очекувањата македонски фудбалер нема на листата.
Пеле требаше да избере само 100 фудбалери, но тоа не му било доволно:
- Ме замолија да изберам 50 активни и уште толку пензионирани играчи од листа составена од 300 фудбалери, но јас не усепав во тоа и избрав само 50 активни и 75 поранешни играчи. Секој има свои омилени 100 фудбалери, така што јас се обидов да направам што е можно помалку грешки. Ова беше многу тежок избор, бидејќи со болка во срцето морав да испуштам некого, изјави Бразилецот.
Трикратниот светски шампион веднаш беше нападнат од сите страни за својот избор. Први беа неговите сонародници, кои сметаат дека има премалку Бразилци на листата, а потоа следеа многу земји, што воопшто не се застапени во неговиот избор.
***
Комплетна листа:
АНГЛИЈА (7): Алан Ширер*, Боби Чарлтон, Дејвид Бекам*, Гери Линекер, Гордон Бенкс, Кевин Киген, Мајкл Овен*. АРГЕНТИНА (10): Алфредо Ди Стефано, Даниел Пасарела, Диего Марадона, Габриел Батистута*, Хернан Креспо*, Хавиер Савиола*, Хаун Себастијан Верон*, Марио Кемпес, Омар Сивори. БЕЛГИЈА (3): Френки ван дер Елст, Жан-Мари Фаф, Јан Кулеманс.
Бразил (15): Кафу*, Карлос Алберто, Џалма Сантос, Фалкао, Нилтон Сантос, Жуниор, Пеле, Ривалдо*, Ривелињо, Роберто Карлос*, Ромарио*, Роналдињо*, Роналдо*, Сократес, Зико. БУГАРИЈА (1): Христо Стоичков. ГАНА (1): Абеди Пеле. ГЕРМАНИЈА (10): Франц Бекенбауер, Герд Милер, Јирген Клинсман, Карл-Хајнц Румениге, Лотар Матеус, Михаил Балак*, Оливер Кан*, Пол Брајтнер, Сеп Маер, Уве Зелер. ДАНСКА (3): Брајан Лаудруп, Михаел Лаудруп, Питер Шмајхел. ИРСКА (1): Рој Кин*. ИТАЛИЈА (14): Алесандро Дел Пјеро*, Алесандро Неста*, Кристијан Виери*, Дино Sоф, Франческо Тоти*, Франко Барези, Џампјетро Бониперти, Џакинто Факети, Џанлуиџи Буфон*, Џани Ривера, Џузепе Бергоми, Паоло Роси, Паоло Малдини*, Роберто Баџо*. ЈАПОНИЈА (1): Хидетоши Наката*. ЈУЖНА КОРЕЈА (1): Хонг Мјунг-Бо. КАМЕРУН (1): Роже Мила. ЛИБЕРИЈА (1): Жорж Веа. МЕКСИКО (1): Хуго Санчез. НИГЕРИЈА (1): Џеј-Џеј Окоча*. ПАРАГВАЈ (1): Хулио Сезар Ромеро. ПЕРУ (1): Теофило Кубилас. ПОЛСКА (1): Збигњев Бонек. ПОРТУГАЛИЈА (3): Еузебио, Луис Фиго*, Мануел Руи Коста*. РОМАНИЈА (1): Ѓорѓе Хаџи. РУСИЈА (1): Ринат Дасаев. САД (2 фудбалерки): Мишел Акерс, Миа Хем. СЕНЕГАЛ (1): Ел Хаџи Диуф*. СЕВЕРНА ИРСКА (1): Џорџ Бест. ТУРЦИЈА (2): Емре Белозоглу*, Рушту Реџбер*. УКРАИНА (1): Андриј Шевченко*. УНГАРИЈА (1): Ференц Пушкаш. УРУГВАЈ (1): Енцо Франческоли. ФРАНЦИЈА (14): Давид Трезеге*, Дидје Дешамп, Ерик Кантона, Жан-Пјер Папен, Жист Фонтен, Лилијан Турам*, Марсел Десаи*, Мариус Тресор, Мишел Платини, Патрик Виера*, Рејмонд Копа, Роберт Пирес*, Тјери Анри*, Зинедин Зидан*. ХОЛАНДИЈА (13): Кларенс Сидорф*, Денис Бергкамп*, Едгар Давидс*, Франк Рајкард, Јохан Нескенс, Јохан Кројф, Марко Ван Бастен, Патрик Клајверт*, Рене ван де Керкоф, Роб Ренсенбринк, Руд Гулит, Руд ван Нистелрој*, Вили ван де Керкоф. ХРВАТСКА (1): Давор Шукер. ЧЕШКА (2): Јозеф Мазопуст, Павел Недвед*. ЧИЛЕ (2): Пабло Фигуероа, Иван Заморано. ШКОТСКА (10): Кени Далглиш. ШПАНИЈА (3): Емилио Бутрагењо, Луис Енрике*, Раул*
* - активни фудбалери.
|