Стевче Јакимовски
Стевче Јакимовски
OooOo Strevche Jakimovski e chovek shto sum go poshtuval sekogash. Mislam deka e chovek shto si ja znae rabotata i shto ima muda na site da im kazhe u lice bukvalno SE. Isto taka Stevche mnogu pati se pokazhal i na delo dodeka beshe gradonachalnik na opshtina Karposh.
МИНИСТЕРОТ ЈАКИМОВСКИ НЕЗАДОВОЛЕН ОД РАБОТАТА НА СУДСТВОТО КОЕ НОСИ НЕБУЛОЗНИ ПРЕСУДИ
Министерот за економија Стевче Јакимовски не е задоволен од работењето на пазарната инспекција. На вчерашниот јавен отчет на Државниот пазарен инспекторат пред својот министер, Наташа Бундалевска, раководител на Пазарната инспекција, предочи дека во 2003 е зголемен вкупниот број на надзори за 2,7 отсто, решенијата во управна постапка за 8,9 отсто, поднесени се 9.266 барања за поведување прекршочни постапки, бројот на мандатни казни е намален од 790 во 2002 на 415 во 2003. "Вие си имате усталена норма како си работите, полека, полека, и кога ќе го поделите сработеното со бројот на денови и бројот на извршители, ќе видите дека многу малку отпаѓа на контролите и зголемувањето од 2,7 отсто на вкупниот број контроли апсолутно не задоволува. Прогресијата во сивата економија не е зголемена за 2,7 отсто, туку многукратно. Работата на црно во занаетчиството е зголемена за 200 насто, а бројот на оние што немаат минмално-технички услови за работа, за 111 насто", ги искара Јакимовски инспекторите. Министерот посебно им се налути на инспекторите за изрекувањето мандатни казни. "Сте ми напишале дека изречените мандатни казни се намалени затоа што висината на казните е голема и вршителите на дејност не се во можност да ги платат или избираат можност да одат на суд. Ако не сака да си ја плати мандатната казна, постои друга мерка, следува уште поригорозна контрола, и ако се констатираат поголеми разлики меѓу евиденција и фактичка состојба, следува затворање на објектот. Да видите после како поедноставно ќе ги наплатувате мандатните казни." Министерот Јакимовски е непријатно изненаден и од судиите. "Од вкупно 6.225 решенија што се донесени од судовите, дури 1.003 е запрена постапката по стариот селски трик - застарено е делото, или со опомени само ги искарале прекршителите во 1.863 предмети. Половина од пресудите вака се фрлени, значи бадијала работела пазарната инспекција. Во овие случаи и судот бил соучесник во развој и поддршка на сивата економија, на работењето на црно. Јас одговорно би ги прашал судиите од кого земаат плата, од тие што плаќаат данок или од тие што работат на црно", рече Јакимовски. Тој посочи на една од многуте, како што ги нарече "небулозни пресуди", кога неодамна Судот и вратил на странската запленети пиратски ЦД во вредност од 1,5 милиони денари. (А.С.)
OooOo Ednash rekov i pak kje recham, chovekov me voodushevuva shto ima muda da preseche bukvalno SE.
Јакимовски писмено одговори на писмото на „Фас“
18.03.2004 Министерот за економија Стевче Јакимовски со писмо одоговра на писмото од синдикатот на „Фас“ во кое од него се бара поддршка за влезот на „Унитајарс“. Во писмото Јакимовски меѓудругото вели дека прифањаето на ваквата ситуација од синдикатот значи наведување на непочитувањето на законите. Јакимовски вели дека рокот на уплата на парите за „Фас“ од 212 ден е пролонгиран на два пати, и исткол на 9. март, а парите се платени на 15.март. Јакимовски укажува дека за социјален пакет за работнците од „Фас“ државата досега дала 8 милиони евра што и давало право да го каже своето мислење. А тоа е дека ако лицето што ја купува „Фас“ немаа пари за тоа уште на старот, тогаш тој нема пари и за отпочнување на производството што можело да значи немање пари за плати со што работниците би се нашле во истата состојба како и лани, вели во писмото до синдактот на „Фас“ .
Strelec
quote:
Originally posted by OooOo
Ednash rekov i pak kje recham, chovekov me voodushevuva shto ima muda da preseche bukvalno SE.
Stevce Jakimovski nema mal mozok... dvata mu se golemi... a za mudata ic da ne pravime muabet:) Sekoja mu cest! Covekot go zaseni duri i Penov vo odnos na toa sto ima napraveno za izgledot na svojata opstina!
SLaCk Strelec losa ti e sporedbata Penov ne e nikakov reper:).
OooOo
Бања Ковилјача го стаписала министерот Јакимовски
Министерот за економија, Стевчо Јакимовски, се закани дека ќе изврши чистка во секторот за туризам при Министерството за економија. Тој најави кадровски засилувања за поефикасно туристичко претставување на Македонија во странство. Повод за реакцијата на Јакимовски било лошо организираното претставување на земјава на Меѓународниот саем за туризам во Белград. На македонскиот штанд се појавиле само неколку туроператори и двајца хотелиери. - Секторот за туризам функционира лошо. Срамота. Не ја искористивме шансата. Од нас подобри беа дури и Бања Ковилјача и Матарушка Бања - изјавил министерот Јакимовски. Портпаролот на ресорното министерство, Гоце Пачемски, смета дека проблемите во туризмот не се во секторот, туку во пристапот на туристичка промоција на Македонија. Тој смета оти тоа треба да го прават туристичките агенции и хотелиерите, бидејќи туризмот кај нас е стопроцентно приватизиран. Пачемски информира дека втората шанса за туристичко претставување ќе ја имаме денеска, кога во Македонија ќе стигнат туроператори од 13 странски земји, меѓу кои од Турција, Белгија, Холандија, Германија, САД. Тие во државата ќе престојуваат четири дена. Пачемски вели дека претставувањето во Белград не успеало бидејќи владата и не треба да врши промоција, туку дека тоа е работа на специјализирани агенции, што кај нас засега не постојат. - Само така Македонија ќе биде соодветно туристички претставена. Тоа е еден од начините со кои може да се подобри туризмот. На саемот потрошивме 10 илјади евра за претставување на 30 квадратни метри. Тоа не е доволно. На пример, Грција беше претставена на 300 квадратни метри. Застарен е методот на претставување преку штандови. Министерот Јакимовски отиде само да се увери дека така не одат работите во туризмот. Министерството за економија не треба да се занимава со изработка на промотивен туристички материјал. Од друга страна, во државата нема експерти за промоција. На Факултетот за туризам во Охрид не постои таква струка. Малкуте стручњаци што ги има, работат во странство - вели Пачемски. Пачемски смета дека Македонија полесно ќе влезе во туристичките карти ако се олесни и визниот режим за странските туристи. Тој вели: - Не може да очекувате, на пример, Израелци да ви бидат постојани туристи ако на македонските аеродроми чекаат половина час бидејќи имаат проблем со визата.
RedAlert Strelec samo zaboravi da preneses od denesen VEST deka Stevce go narekol direktorot na bitolska mlekarnica BOLEN MAJMUN.E toa e veke na nivo neli?Ne e za prenesuvanje toa a?
kopacot abe ke go skinet...ne ojt vaka daleku :))) kaj Mojt vo Makedonija da imat red......
OooOo nekoj pokushava da vovede red i fino bi bilo koga site bi pochnale taka i bi go poshtuvale toa.
OooOo Ushte edna akcija na Stevce
ОПМ задоволни од објавувањето на употребувачите на млеко во прав
Организацијата на потрошувачите на Македонија jа поздрави одлуката на Министерството за економија јавно да ги објави имињата на млекарниците што го прекршиле законот. Со објавувањето на резултатите, потрошувачите во Македонија за првпат имаат можност да бидат информирани за тоа што конзумираат и право да изберат дали и понатаму ќе купуваат млеко од посочените производители, се наведува во денешното соопштение на ОПМ. ОМП ги поддржа и активностите што ги презеде Државниот пазарен инспекторат за контрола на квалитетот на млекото на територијата на цела Македонија и побара резултатите од оваа акција исто така да бидат презентирани пред јавноста. Имајќи предвид дека проблемот со млеко е комплексен, ваквите акции треба да прераснат во континуиран процес од страна на сите надлежни инспекции, истакнува Организацијата. „На овој начин потрошувачите ќе бидат сигурни дека прехранбените продукти што се продаваат на пазарот во Македонија се здравствено исправни, а млекопреработувачите нема да можат да ги кршат светските пропишани норми за квалитетот на млекото, како и за правилното декларирање на производот“, се подвлекува во соопштението на Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Strelec Najtragichnoto neshto e shto mnogumina vo uspesite na Stevche gledaat opasnost za sebe i za svoite politichki karieri!
Strelec Јакимовски бара американски газда за „Алумина“ Министерот за економија, Стевче Јакимовски, им ја понуди „Алумина“ на неколку странски компании, а најсериозен кандидат е американска фирма што пред стечајот соработуваше со фабриката за производство на алуминиумски профили, дознава „Време“. Според портпаролот Гоце Пачемски, Министерството чека одговор од Американците, а нивните намери дали ќе инвестираат во „Алумина“ ќе бидат познати најверојатно по завршувањето на стечајната постапка и откако ќе биде објавен тендер за нејзина продажба. Според кои услови ќе биде понудена зависи исклучиво од одлуката на Одборот на доверителите. Министерството не го открива името на потенцијалниот кандидат. Мирче Шајновски, претседател на синдикатот во „Алумина“, вели дека 700 работници се оставени без леб, зашто стечајот трае премногу долго. Вкупните долгови на фабриката ја надминуваат сумата од 34 милиони евра, што е за трипати повеќе од вредноста на имотот. Само пет милиони се долг кон вработените за неисплатени плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.