Strelec |
КОНЗЕРВАТИВНАТА "НОВА ДЕМОКРАТИЈА" ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ
Грчките конзервативци победија на парламентарните избори одржани вчера, окончувајќи го десетгодишното владеење на социјалистите.
Според најновите резултати, по пребројани 98 насто од гласачките ливчиња, Нова Демократија (НД) води со освоени 45,4 насто од гласовите пред социјалистите со освоени 40,6 насто.
Со овој број на гласови, десницата ќе добие 170 пратенички места од вкупно 300 колку што има во грчкиот Парламент.
Грчката комунистичка партија (ККЕ) освои 5,8 насто од гласовите, а Коалицијата на левицата (СУН) три насто, што е прагот на изборниот цензус за влез во Собранието.
|