Кандидатура за членство на Македонија во ЕУ |
Strelec |
Апликацијата за ЕУ ќе се предаде во најкус можен рок
Македонија ќе ја предаде апликацијата за членство во Европската Унија во најкус можен рок. Во Владата постои консензус дека апликацијата не треба да чека нов претседател туку ќе биде предадена за најдоцна десетина дена.
Од кабинетот на ирскиот претседавач на Европската Унија во Даблин потврдуваат дека во соработка со македонската влада се работи на утврдување на најблискиот термин за предавање на апликацијата.
Апликацијата треба да биде посветена на Трајковски порача Романо Проди за време на неговиот престој во Скопје. Трајковски беше иницијатор на процесот на апликацијата па затоа сега таа во Владата се доживува како негов последен аманет кој треба итно да се исполни.
Минатата недела неколку високи дипломати за време на нивниот престој во Скопје отворено ги охрабриле владините министри да побрзаат со апликацијата.
„Знаете такви пораки донесе Романо Проди, пред него Солана, тој процес мора да тече брзо“, изјави Чолаковски.
|
Angelaris |
aj mozda ke se smiluvaat ne se znae ama tesko :) |
Maverik |
quote: Originally posted by Strelec
Апликацијата треба да биде посветена на Трајковски порача Романо Проди за време на неговиот престој во Скопје. Трајковски беше иницијатор на процесот на апликацијата па затоа сега таа во Владата се доживува како негов последен аманет кој треба итно да се исполни.
А што па друго можат да кажат? Нормално дека ќе речат посветете ја апликацијата на Борис, а после коа ќе дојде време да ја разгледуваат, е тогаш ќе заборават фино лепо и на Борис и на сите и ќе ни кажат да почекаме учте едно два триесет до четириесет години за да влеземе во ЕУ.
|
Strelec |
Се плашам дека си во право!
|