OooOo |
Актуелизиран случајот „вила на Водно“
09.03.2004 Моравме да постапуваме онака како што ќе ни наредеше директорката. Работевме под психолошки терор кој ни го вршеше Татјана Митровска, вака денеска сведочеше Фросина Кипровска, архиварка во скопскиот катастар.
Прво обвинитетата екс директорката Митровска, архиварката Кипровска и уште четворица вработени во катастар се обвинети за фалсификување и уништување на службени исправи за „случајот вила на Водно“.
Фросина Кипровска на денешното рочиште изјави дека Митровска постојано им се заканувала на обвинитетите дека ако не ги извршуваат нејзините наредби, ќе се нашле пред Бирото за вработување.
„Јас бев пенкало во рацете на Митровска и не се чувствувам виновна, оти го работев она што ми беше наредено“, изјави Кипровска денеска во судот. Таа призна дека по наредба на директорката Митровска, во документите го сменила презимето на сестрата на Георгиевска од Таковска во Паковска, а потоа во Ѓаковска, а името од соња било заменето со Сања.
Петмината обвинети и нивната директорка, пред две години ги замениле листовите во катастарската книга и податоците во централниот компјутер, откако медиумите открија дека вилата на Водно всушност е сопственост на премиерот Георгиевски.
|