Соопштение
Соопштение
a-pin-dim Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница одржана на 09.03.2004 година, во Македонската архиепископија, разгледа повеќе прашања од тековниот живот на Црквата. На седницата беа предвидени и програмски предложени повеќе актив­ности коишто треба да бидат реализирани во текот на претстојното 2004 лето Господово. Исто така, Синодот посвети должно внимание и на кадровското прашање за високиот клир на Македонската Православна Црква и оформи список за можни кандидати за идни архиереи во нашата Црква. За тоа достоинство во Синодот беа предложени петмина кандидати: - Архимандрит Климент, игумен на манастирот на Св. Преображение, с. Зрзе - Прилепско; - Архимандрит Партениј, игумен на манастирот на Св. Јован Крстител (манастирот Бигорски), Дебарско; - Архимандрит Иларион, игумен на манастирот на Св. Гаврил Лесновски, Лесново; - Игумен Методиј, заменик ректор и професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, Скопје; - Игумен Пимен, секретар на Струмичката Епархија. Светиот Архиерејски Синод на Македонска Православна Црква ја разгледуваше и информацијата од задолжената Комисија, која предложи канонизација на нови Светители од Македонија, како што се: епископот Гаврил Светогорец од Лесново, архимандритот Јоаникиј од Ракотинци, архимандритот Теофил од Лазарополе и др. ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ