a-pin-dim |
Нови недоразбирања меѓу учесниците во српско-грчкиот црковен заговор
На ден 13.01.2004 г. на официјалниот сајт на Грчката Православна Црква беше објавено:
„СРПСКИ ПРАВОСЛАВЕН АРХИЕПИСКОП ПОВТОРНО УАПСЕН
Епископ на Српската Православна Црква е ставен во притвор во Бившата Југословенска Република Македонија (БЈРМ) (...) Овој потег претставува последен удар во стариот спор помеѓу БЈРМ и српските ограноци на Православната Црква.“
Отец Давид Нинов, поранешен духовник во сестринството на манастирот на Пресвета Богородица во Јанковец, во врска со оваа вест на Телевизија Шутел изјави дека ќе побара извинување од Грчката Православна Црква, како и да бидат сменети објавените изјави што се однесуваат на нивната етничка и духовна припадност кон Српската Црква. Еве како Грчката Црква „се извини“ после неговото барање преку својот официјален сајт во веста објавена на 24.02.2004 г:
„Митрополитот Јован (Вранишковски) од Српската Православна Црква во БЈРМ ги обвини високите функционери за напад на манастирот на Свети Јован Златоуст(...) Митрополитот Јован (Вранишковски), поглавар на Охридската Архиепископија на Српската Православна Црква во БЈРМ, ги обвини државните функционери за организирање на нападот врз манастирот што се случи на 20 февруари...“
Ова уште еднаш го потврдува тоа што веќе сите го знаат: дека во случајот со Македонската Православна Црква воопшто не се работи за црковен спор, но дека целиот проблем произлегува од фактот што с#1104; уште силните етнофилетистички кругови во врвот на грчкиот и српскиот клир не сакаат да го признаат постоењето на македонскиот народ, а што е уште полошо им недостасува духовна просветленост барем за христоподобен пастирски пристап кон проблемот.
|