Maverik |
::Секоја година најмалку 40 милиони мажи, жени и деца исчезнуваат од лицето на планетата поради глад, жед или смртоносни болест. Тоа е отпркилика 7 холокаусти!
::2 милијарди луѓе живеат во апсолутна сиромаштија, 1,3 милијарди луѓе живеат со помалку од 1 долар (50+ денари) дневно, а 3 милијарди луѓе живеат со помалку од 2 долари дневно.
::За да се „санираат“ горенаведените проблеми доволни се 13 милијарди долари, сума која што САД и ЕУ годишно ја трошат за парфеми!
::Седумте најразвиени земји: САД, Германија, Јапонија, Канада, Франција, Италија и Британија, кои претставуваат помалку од 12 % од светската популација, конзумираат 43% од горивото кое го користат Земјаните и 64% од хартијата која се користи во целиот свет.
::Американците, кои се помалку од 5% од светската популација, користат 1/4 oод светското гориво, повеќе од 1/3од хартијата, а создаваат повеќе од 50% од целиот цврст отпад на Земјата.
::Американците трошат 8 милијарди долари годишно на козметика, додека со 2 милијарди годишно може да се среди проблемот со немање основни образовни институции на некои места на Земјата.
::Европејците (од ЕУ) трошат 11 милијарди долари годишно на сладолед , а со 2 милијарди годишно може да се среди сите луѓе на светот да имаат чиста вода за пиење.
::1.5 милијарди луѓе во светот немаат чиста вода за пиење.
::Најбогатите 20% од светската популација конзумираат 86% од сите материјални добра. Најсиромашните 20%, конзумираат само 1,3%.
::225 најбогати луѓе на светот комбинирано имаат богатство од 1 ТРИЛИОН АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ - 50% од вкупниот годишен приход на сите земји на планетава.
::59% од сиромашниот слој се жени.
::Долговите на најсиромашните 20 земји изнесуваат 5,5 милијарди долари - колку трошоците за изградбата на Дизниленд во Париз.
::САД ја имаат најголемата дупка меѓу богатиот и сиромашниот слој (20% од Американците живеат во крајна сиромаштија, а 2% од населението контролира 80% од капиталот на земјата).
::Во 21 век разликата меѓу богатите и сиромашните е зголемена 3 пати.
::Седумте најбогати луѓе на светот имаат доволно богатство за на четвртина од најсиромашните земји да им обезбедат доволно ресурси за поквалитетен живот.
::Основните потреби: храна, вода за пиење, образование и здравствена грижа можат да бидат покриени со 4% од богатството на 225-те најбогати луѓе на светот.
::80+ држави имаат помал приход отколку пред 10 години.
::За 3 од 4 луѓе од најсирмашните земји се очекува да не го дочекаат 50-иот роденден.
::40% од Русите живеат во апсолутна сиромашштија.
::Во САД (најбогатата земја моментално) покрај 50 милиони сиромашни, живеат и 100 милиони луѓе на граница да станат сиромашни.
::2 милијарди луѓе немаат струја.
::200 најбогати луѓе имаат двојно повеќе приход од 600 милиони Африканци.
::Од 1979 приходот на најбогатите 10% луѓе константно се зголемува, додека приходот на најсиромашните 10% рапидно опаѓа.
--------
prevzemeno od Bagra |