Економски развој на Македонија
Економски развој на Македонија
OooOo
Нотарите не сакаат фискални каси
Никаде во светот нотарите не работат со фискални каси. (CHISTA LAGA). Тоа е бесмислено, зашто ние вршиме јавна служба, од која голем дел од приходите одат директно во буџетот, што значи дека сите наши приходи се евидентираат - рече Никола Кајчевски, претседател на Нотарската комора на Македонија, на Годишното собрание што викендов се одржа во Скопје. (Chim se evidentiraat od shto se plashi choekot?) Нотарите се жалат дека Управата за јавни приходи немала слух за јавната служба што тие ја вршат. Комората од неодамна има нови членови, а тоа се Насер Зибери и Оливера Пешиќ, кои почнуваат со работа на 22 овој месец. Нотарите предлагаат да се види каде има потреба за нови нотарски канцеларии и каде постепено да се затвораат, бидејќи не можат да опстанат поради ниските приходи. (С.С.) Neznam zashto notarite bi bile bez fiskalni kasi koga oni se najgolemi lopovi. Za nikakva rabota t.e. eden pechat i potpis zimaat pari a koga kje platish ne ti davaat ni smetka (Toa mene mi se desi ova lani leto koga zaveruvav nekoj dokumenti). A toa shto se zhalat deka imaat mali primanja, toa vo kapitalistichkiot svet se vika Konkurencija.
DJ_SHEMA НАУЧНА ДЕБАТА ВО ПРИЛЕП Со врзани раце и нозе нема економски развој Според професор Наталија Николовска од Економскиот факултет во Скопје, имаме имагинарна економија со енормна стапка на невработеност, огромна сиромаштија и високо ниво на корупција Науката никогаш не била помаргинализирана во Македонија отколку што е сега. Криминална е политиката, економијата, а криминалот не се решава на хартија и со стратегија и програма, туку тој се решава со создавање амбиент во кој нема да вирее вирусот на корупцијата, рече во Прилеп професор Гордана Сиљановска на саботната дебата за владеењето на правото, децентрализацијата, борбата против корупцијата, економскиот развој во организација на невладината организација "Пев Македонија". Нема реформи што успеваат без добра администрација, а според неа македонската е "депонија на партиски послушници". "Ние како среден слој патиме од истите болки, и ние исто така се проституираме. Имаме научници и интелектуалци кои се способни да заборават на правилата на струката додека се на власт", рече Сиљановска во Прилеп. "Врзани ни се и рацете и нозете оти ни се одземени сите инструменти на економската политика. Нема политика на цени ни распределба и не може да се креира економска политика освен монетарната. Тоа е вештачка економија, економија на имагинарното која јас не ја разбирам", рече меѓу тругото на трибината професор Наталија Николовска потенцирајќи дека имаме енормна стапка на невработеност, огромна сиромаштија и корумпирана економија. Според Николовска, сто години не делат од економските перформанси во Европската унија. (В.Т.) -------------------------- СПОРЕД АНАЛИЗИ НА СВЕТСКА БАНКА Македонија по сива економија лидер во регионот Македонија, според анализи на Светската банка, се наоѓа на првото место по процентот на учество на сивата економија во бруто-домашниот производ. Светската банка на минатонеделната инвестициона конференција во Букурешт ги презентирала последните анализи, според кои проценетата вредност на учеството на сивата економија во БДП во Македонија изнесува 43 отсто. Втора на листата со 30 отсто се наоѓа Бугарија, а потоа следат Босна, Србија, Молдавија, Хрватска и на дното се рангирани западноевропските земји каде што проценетото учество на сивата економија во БДП се движи околу 20 отсто. Министерот за економија Стевче Јакимовски учествуваше на конференцијата каде што Македонија била потенцирана како земја со најголем процент на сива економија во регионот. "Според земјите на листата, сивата економија не може во целост да се спречи, но може да се намали нејзиниот процент. Потребно е да се раздвижат надлежните институции да го намалиме тој процент на околу 20 отсто. На пример, во Германија и Словенија тој процент изнесува 20 отсто, додека во Хрватска е проценето дека изнесува 26 отсто", велат во Министерството за економија. (Т.Ј.)
Strelec Znam deka e smelo od mene da diskutiram na tema ekonomija za koja sto Shema vekje prezentirase izjavi na takvi eksperti od ekonomija kakvi sto se Natalija Nikolovska i Gordana Siljanovska (vtorava iako mislam deka e pravnik, sepak e eminenten poznavac i analiticar na stopanskite priliki vo Makedonija). Megjutoa, bi sakal da go iznesam svoeto mislenje za eden, spored moja procenka, mnogu vazen moment. A toa e deka ekonomski razvoj ne e mozen bez vklucuvanje vo optek na masata pari koi sto se naogjaat kaj gragjanite. Iako poslednive 3-4 godini znacitelno se podobri situacijata vo toj pogled, za zal seuste e golem procentot na pari koi sto se naogjaat 'pod pernicite' na gragjanite, namesto vo bankovnite kasi. Ovde mislam i na denarite i na devizite. Jasno e deka za da trgne sostojbata vo sakanata nasoka, prvo e potrebno da se stekne pogolema doverba vo bankite (citaj: drzavata), a toa neli ne odi preku nok, no sepak mislam deka se od krucijalno znacenje poenergicni ekonomski merki koi sto ke go pomognat toj proces. Sekoj moze da zabelezi deka toa e na nekoj nacin vrtenje vo krug. Zosto? Zatoa sto od edna strana, za ekonomski razvoj potrebna e doverba vo bankarskiot sistem, ama i obratno, sto bi znacelo deka i za doverba vo bankarskiot sistem e potreben povoocliv i jasno zabelezliv ekonomski razvoj. I vo edna takva situacija, verojatno e potrebno paralelno da se dvizat dvata procesi, no nikako da se ostvat sami na sebe, sto podrzabira deka nikako ne smeat da se zapostavuvaat inicijativi koi sto niv i ke gi pomagaat.
Maverik
quote:
Originally posted by Strelec
A toa e deka ekonomski razvoj ne e mozen bez vklucuvanje vo optek na masata pari koi sto se naogjaat kaj gragjanite. Iako poslednive 3-4 godini znacitelno se podobri situacijata vo toj pogled, za zal seuste e golem procentot na pari koi sto se naogjaat 'pod pernicite' na gragjanite, namesto vo bankovnite kasi. Ovde mislam i na denarite i na devizite.
Arno kaza, samo sto kaj nas gragjanite osven voskite nema sto da izvadat od pod pernicite. Pa najgolem del se so negativno saldo i samo se ceka nekoja banka da dade kredit za da se prezivee. I ako ete slucajno izvadile i pristedile nekoja para, sigurno ne e nekoja suma sto moze da pridvizi ekonomija.
DJ_SHEMA Strelec, da, obrt na pari treba. Samo shto kupovnata mokj kaj nas e dosta namalena i ludjeto shtedat za da mozat da kupat pogolemi raboti, kola, stand, ili shkoluvanje. Ova zboruvam za sredanta klasa. Fiskalni kasi mora da ima nasekade kade shto prilikite toa go ovozmozuvaat inaku nema da moze da se ottarasime od taa siva ekonomija. Da, gi zalam ludjeto koi sivata ekonomija e toa shto im dozvoluva da opstanat, no sepak za da uspee drzavata kje mora da se sredat tie raboti. Shteta shto plateznata kartichka ne se promovira ushte povekje. Istotaka, finansovata policija mora da raboti poazurno. Nemanjeto direktor na ovaa funkcija e navistina zachuduvachko.
dejan Mene mi se place...sto citam na ovoj post...:(
edo KUPUVAJTE MAKEDONSKI PROIZVODI a kade da gi najdime? tuka se samo sto se so pogolema cena od ovie uvezenite .
OooOo Dodeka zhiveev u Amerika gleav nekoi nalepnici lugjeto sho gi lepea na branicite od nivnite koli. Imashe edna nalepnica sho mi ostana u sekjavanje: "Buy American products, we all need jobs"
DJ_SHEMA ТРКАЛЕЗНА МАСА НА "ЕКОНОМИСТ" Владата треба да го промени имиџот на Македонија Македонската влада мора еднаш засекогаш да заземе позиција на силно промовирање и да му укаже на светот дека сака инвеститори, за да дојдат и да видат што им се нуди, порачаа учесниците на тркалезната маса на На Македонија и е потребна промоција за да се измени перцепцијата за земјата како етнички поделена заедница во која е ризично да се инвестира, забележаа менаџерите, инвеститорите и консултантите на третата тркалезна маса со Владата, во организација на "Економист конференс". Мајкл Голд, директор на "Кримсон капитал", изјави дека такви промени успеале да направат некои земји во Југоисточна Европа, како Хрватска, Бугарија, Романија, кои го промениле сопствениот имиџ. " Тоа се уште се нема случено за Македонија, бидејќи перцепцијата се уште не е променета. Кога падна авионот на Трајковски во странските медиуми пишуваше дека меѓуетничките судири може да се потенцираат. Фактот дека земјата се справи со ситуацијата на мирен начин е еден од доказите дека во Македонија не бил само еден човек кој бил против меѓуетнички тензии. Има корупција, висока стапка на сива економија, има невработеност, но тоа постои и во другите земји во транзиција, не знам дали во Македонија нивниот степен е повисок", рече Голд. Атила Сендреи, управен директор на "Македонски телекомуникации", вели дека не сретнал земја која добила значајни странски инвестиции, а агресивно не излегла и не ги побарала. "Без разлика колку се добри нештата во земјата, луѓето едноставно не даваат пари ако не одите по нив и не ги барате. Владата на Македонија мора еднаш засекогаш да заземе позиција на силно промовирање и да му укаже на светот дека сака инвеститори, за да дојдат луѓето и да погледнат. Кога ќе дојдат, некој од нив ќе инвестира", вели Сендреи. (А.С.)
ViennaBoy
quote:
Originally posted by OooOo Neznam zashto notarite bi bile bez fiskalni kasi koga oni se najgolemi lopovi. Za nikakva rabota t.e. eden pechat i potpis zimaat pari a koga kje platish ne ti davaat ni smetka
ova e 101% tochno [:D][:D][:D]