ПАТУВАЊЕ: ВИЕТНАМ
ПАТУВАЊЕ: ВИЕТНАМ
DJ_SHEMA ПАТУВАЊЕ: ВИЕТНАМ Земја од приказните Виетнам го красат градови стари и по илјада години, со живописни храмови во кои се палат миризливи стапчиња, карпи со необичен облик кои навлегуваат во кристално- зелените езера и пред се непрегледните површи ЗАЛИВ ОД СОНИШТАТА Црвените едра на џунката, тип на источноазиски брод, се лулаат на ветрот и полека се лизгаат по заливот Ха Лонг на север од Виетнам. Околу илјада мали островчиња се наоѓаат во овој регион, кој е прогласен за светско културно богатство. ПРЕСТОЛ Главниот град на Социјалистичка Репувлика Виетнам е Ханој, се наоѓа на север од земјата и изгледа како мирна оаза во споредба со негогашниот милионски престол Хо Ши Мин (поранешен Сајгон). Ханој има околу еден милион жители, го красат илјада зелени езерца, прекрасни будистички храмови и стари куќи во колонијален стил. Повеќето западни туристи овој град го опишуваат како град со забавено темпо и тоа го истакнуваат како негов шарм. Во споредба со Хо Ши Мин овој град е попријатен за престој , има помалку сообраќај, бука и повеќе отворен простор. По архитектурата се гледа дека негогаш бил француска колонија. ИЗЛЕТ ВО МИНАТОТО Стариот царски град Хуе нуди раскошна градба , кои денес се обраснати со магичнма вегетација и само се неми сведоци на на славните времиња на последната виетнамска царска династија. Долго време Хуе бил во заборав, дури во 1990 година виетнамските власти конечно го сватиле туристичкиот потенцијал на овој град и тој сега е една од најомилените туристички дестинации во оваа преубава азиска земја. ВИЕТНАМСКИ БОНТОН Што и да ве снајде во оваа земја, важно е едно правило- никогаш не ги решавајте проблемите со викање и со претерана гестикулација. На тој начин само ќе ја изгубите почитта кај домаќините. Повишениот тон овде, како и во остатокот на Азија, е незамислив Западните туристи најверојатно ќе ги изненади успореноста на Виетнамците и нивните услуги- но, не треба да се лутите: такво е нивното темпо на живеење и затоа не треба да се губат нерви.