ace6vel |
Откриена десетта планета со сончевиот систем?
Објектот, околу 10 милијарди километри оддалечен од земјата, е привремено наречен Седна по Ескимската божица на морето
Др. Мајкл Браун од Калифорнискиот институт за технологија и неговиот тим астрономи, користејќи го скоро лансираниот, моќен "Spitzer Space" телескоп ја најде Седна во текот на тековен тригодишен проект за сончевиот систем.
Обсерваторијата Tenagra во Аризона е искористена за да даде секундарни мерења на објектот.
[img]http://vesti.mt.net.mk/images/galaksijaSpitzer.jpg[/img]
Седна е најголемиот објект кој е најден да кружи околу сонцето откако Плутон беше откриен во 1930.
Откритието ја подгреа дебатата околу тоа што е планета.
Првите детали индицираат дека Седна е направена од мраз и камења и дека е помала од Плутон, со дијаметар од околу 2000 километри.
Многу астриономи сметаат дека Плутон со дијаметар од 2300 км е премногу мал за да се нарече планета и е всушност еден од помалите објекти на периферијата на сончевиот систем. Но оние кои заговараат дека Плутон е планета најверојатно ќе бараат и Седна да стане десетта планета во системот.
Spitzer Space телескопот е лансиран во Август минатата година и е четврти од големите обсерватории на Наса. Во таа програма е и прочуениот Хабл телескоп.
Нашиот сончев систем:
Меркур: Дијаметар: 4,880 km, Растојание од Сонцето 58 милиони km.
Венера: Дијаметар: 12,140 km, Растојание од Сонцето 108 милиони km.
Земја 12,756 km, 150 милиони km.
Марс 6,787 km, 228 милиони km.
Јупитер 142,800 km, 778 милиони km.
Сатурн 120,660 km, 1,.4 милијарди km.
Уран 51,118 km, 2,9 милијарди km.
Нептун 49,528 km, 4.5 милијарди km.
Плутон 2,300 km, 5.9 милијарди km.
ИДИВИДИ
|