OooOo |
За даночно затајување пријави на телефон 198
Сите граѓани во земјава што имаат информации за затајување на даноци, за злоупотреба на службената функција на вработените во Управата за јавни приходи, или евентуална корупција на даночните инспектори, како и оние на кои што во дуќаните, маркетите или во угостителските објекти нема да им бидат издадени фискални сметки, ваквите незаконитости од вчера можат да ги пријавуваат на бесплатниот телефонски број на УЈП - 198, при што повикот ќе биде комплетно анонимен. Според директорката на УЈП, Петра Митревска, оваа телефонска линија се промовира со цел да се спречи корупцијата во редовите на Управата, што е стратегиска определба на македонската Влада.
Со оглед на ограничените средства во УЈП, во почетокот ќе се оди со оператор на телефонската линија само во една смена, од 8 до 16 часот, а потоа пријавите ќе се снимаат на телефонска секретарка, која ќе биде максимално заштитена.
Според новиот заменик-директор во УЈП, Фарук Омери, именуван пред една недела, во УЈП е неопходна коренита трансформација, со цел од неа да се искоренат постојните дефекти. За таа цел е формирана посебна екипа која ќе се занимава единствено со откривање на случаите на корупција во Управата. ?Една од тие мерки е и бесплатниот број 198, со кој сите граѓани ги ставаме во функција на истрагата", вели Омери. (Н.Н.Ф.)
Ubav poteg na Upravata za Javni Prihodi |
Sunshine |
Ubav poteg, rabotata e koj kje se javi da prijavi koga nema nekoj shto ne zatail danok.
Ova me potseti na Immigration hot line vo Amerika, da se javish da prijavish ilegalci. I se javuvaa ilegalec, da prijavi ilegalec, zatoa shto oni ustvari se skarale megjusebe. Taka i vo ovoj sluchaj, kje se javi nekoj "poshten" da prijavi nekoj shto zatajuval danok.
Zhivi bili pa videli, mozhe i kje uspee. |