DJ_SHEMA |
Бранко Црвенковски во интервју за "Вест", објавено на 26 октомври во 2002 година
ВЕСТ: Се зборува дека подготвувате терен по две години да ја напуштите премиерската функција и да се кандидирате за шеф на државата?
Црвенковски: Кога прифатив да бидам премиер, ја прифатив работата врз основа на една програма која ќе трае 4 години.
ВЕСТ: Значи, не размислувате да се кандидирате за Претседател на државата?
Црвенковски: Не.
Mislam deka ovoj poteg nepotrebno kje ja razmrda Makedonija.
Уште една година изгубена
Ако Црвенковски биде избран за претстедател, му престанува премиерската функција, го враќа мандатот и се отвора постапка за нов мандатар, што ќе значи распуштање на целата влада
Официјалната номинација на премиерот Бранко Црвенковски за претстедателски кандидат, кој има сериозни шанси да ги добие изборите, ќе мора да ги стави во мирување двете функции, како лидер на СДСМ и како премиер на Владата на Македонија.
Правни експерти велат дека ако Црвенковски биде избран за претстедател, по сила на закон, му престанува премиерската функција. Во тој случај тој го враќа мандатот и се отвора постапка за одредување на нов мандатар, што ќе значи распуштање на целата влада.
Повелкувањето на Црвенковски од челото на СДСМ и владата ќе ја отвори пандорината кутија. Меѓу социјалдемократите ќе избие жестока битка за лидерската и премиерската функција, за што има многу претенденти.
Црвенковски, тврдат партиски извори, веројатно ќе се обиде да го протурка Владо Бучковски, министерот за одбрана, како негов наследник, но реални шанси имаат и Никола Поповски и Хари Костов.
За три месеци СДСМ мора да оди на конгрес, на кој ќе треба да избираат нов лидер на партијата. Според досегашната практика лидерот треба да биде и премиер на владата. До тогаш премиерската функција може да ја извршува еден од потпретседателите на СДСМ Радмила Шеќериснка или Владо Бучковски.
За да се задоволат апетите на конкурентите можно е функцијата лидер на партија да не се поклопува со премиерската. Лидер да биде Владо Бучковски или Радмила Шеќеринска, а премиер Никола Поповски.
Откако ќе се одреди кој ќе биде новиот мандатар се добиваат 20 дена за составување на новата влада. Неизвесно е дали новиот мандар ќе ги задржи министрите од кабинетот на Црвенјовски или ќе сака да донесе свои кадри. Исто така нејасно е како ќе реагираат и коалиционите партнери, кои ако сакаат може да отворат расправа за трампа на ресори или пак, да не им е по волја тимот што ќе го состави мандатарот.
Во секој случај изборот на Црвенковски за претстедател како и престојните локални избори ќе проголтаат многу време. Всушност кога се ќе се сумира ќе излезе дека целата година е отидена во неврат во политичките претумбации.
Црвенковски само пред два месеца, давајќи отчет пред пратениците лично се обврза дека оваа година ќе биде година на инвестиционен бум за Македонија. Тогаш Црвенковски рече дека во земјата ќе влезат 200 милиони долари. Н.С.
Jas stvarno ne go razbiram potegot na Brane i SDSM. Aj mudri glavi razbistrete ja matnava voda.
|
marko_polog |
Интервју на Претседателот Никола Груевски за ТВ Сител
новинар: Вака вели г- дин Бранко Црвенковски од вечерва и официјално кандидат за претседател на Република Македонија.
Груевски: Очигледно е тоа што ја објавува својата кандидатура, но за мене тоа не е изненадување, ова финале на таборот на СДСМ.
Очигледно е дека г-дин Црвенковски бега бидејќи знае дека неговата влада се распаѓа. Политиките што тој ги имаше до сега едноставно доживуваат голем неуспех, не ги исполнува ветувањата што ги даде, напротив му се случува нешто обратно од целиот процес што го ветуваше, тука имаме над 20.000 невработени за краток период, станавме рекордери во сферата на сивата економија, станавме рекордери во невработеноста, станавме рекордери во недоаѓањето на дирекни странски инвестиции. Тука е и истирискиот пад на индустрискиот производ за месец јануари, така што очигледно е дека тој бега. Меѓутоа тој веројатно не е свесен дека претседателската позиција не е место за бегалци или прибежници
од одговорност. Тоа е место каде што треба да дојде човек кој што има успеси во својот живот без разлика во која сфера работел, а не човек кој што се обидува пак со некои трикови да избега од одговорноста што тој си ја постави. Сите се сеќаваме што тој му вети на народот: вработување по еден член на секое семејство , многу подобра економија, многу повеќе работни места, странски дирекни инвестиции. Не знам зошто бега од овие одговорности. Можеби мисли дека народот ќе го заборави тоа што го ветуваше.
Во основа, Претседателите треба да се луѓе кои треба да работат и да се залагаат, а воедно и да мислат многу повеќе за државата отколку за себе, но г-дин Црвенковски изгледа мисли повеќе за себе.
новинар:Се сложувате ли со економските параметри што г-дин Црвенковски вчера ги презентираше
Груевски: Да, може да се прокоментира. Да речеме бруто домашниот производ и индустриското производство минатата година бележеа мал пораст, меѓутоа со некои наши анализи што ги направивме знаеме дека тоа се должи на успешната работа на две-три фирми кои во периодот на претходната Влада успеавме да ги извадиме буквално од мртвите. Тоа се Југохром, Фени, тука е и Окта која имаше извонредни резултати минатата година, а која беше буквално мртва и предмет на критика на поранешната Влада. Така што на тоа се темелеше порастот на бруто домашниот производ и тука да споменеме дека и цената на никелот одеше доста добро и тоа помогна.
Но, вистинската слика ја гледаме сега со историскиот пад на индустриското производство, што историски пад не е само за Република Македонија. Мислам дека тоа е пад и во светски рамки. Во Европа е сигурно историски, гледано наназад 50-60 години можеби се случило еднаш или два пати во некоја афричка држава. Да споменеме дека во Србија кога НАТО изврши напад со масовно бомбаедирање, кога беа погодени многу фабрички капацитети, уништени половина мостови, запрен транспортот, немавме пад од 48% и тоа ако земете јануари минатата година со јануари оваа година тоа е пад од 42 или 43% тоа е уште повисока стапка, бидејќи тука сезонските фактори се избегнуваат.
Факт дека после војната, Србија доживеа економски бум, посебно минатата година кога имаше странски инвестиции од 1.400.000.000 долари. Тоа е како ние да добиеме околу 300.000.000 милиони долари странски инвестиции, бидејќи Србија по бројноста на население и по други фабрички капацитети е некаде околу три пати поголема од нас. А ние замислете добивме странски инвестиции околу 50 милиони долари и тука можеме да направиме некои споредби и параметри.
Што се однесува до сивата економија, цела година некој ни зборува дека таа во Република Македонија се намалува и се прават вакви или онакви мерки за заштита од истата, а според проценките што ги даде Светската Банка во Букурешт ние избивме на прво место во сверата на сивата економија. Пред Босна. Пред Албанија која што беше позната по шверц, криминал, за влез на стока без плаќање на царина дури и Косово ако се стави во иста група со нашата земја нема да ни го земе приматот. Тоа е нешто поразително за Република Македонија и многу лош сигнал за иднината. Очигледно е дека нашата Влада работи повеќе со зборови отколку со дела.
новинар: Последните ситуации со собирањето на ДДВ исто така се исклучително лоши и каматните стапки беа спомнати во неговата изјава.
Груевски: Точно е. Имавме мината година пад на каматните стапки, меѓутоа заради исклучително лошата бизнис клима во Р епублика Македонија не се почуствува, едноставно приватниот сектор не повлече кредити, банките претежно инвестира во благајнички записи и во други инвестиции и самите компании се плашеа заради лошата бизнис клима создадена од спектакуларните апсења, поништување на приватизација, штрајкови зад кои стои Владата и. т.н. во такви услови приватниот сектор се плаши да отпочне инвенстиционен циклус. Така што попусто беше во каматните стапки. Тоа е прво, а второ покрај каматните стапки се намали инфлацијата. Реалната каматна стапка е еднаква на номиналната минус инфлацијата. Значи и од овој аспект, ако земеме работите не се баш најповолни. И конечно на почетокот на оваа година заради прилагодување на таргетите постигнати меѓу Владта и ММФ имаме зголемување на каматната стапка и се враќаме на старите полиња. Причините се тоа што пред се имаме повторен пад на девизните резерви, што е пак резултат на силниот трговски дефицит и некомпетитивната економија во Република Македонија.
Владата немаше ниту еден сериозен потег врз подобрувањето на компетитивноста на македонските компании, што е многу важна за земји во транзиција. Еве Хрватска има еден голем проект за обука на менаџери. Имаат една цела стратегија за компетитивноста на компаниите, а тоа што нашите компании и призводи не се конкурентни на светскиот пазар тогаш се намалува извозот, а увозот останува ист и имаме неквалитет во сето тоа и доаѓа до ситуација кога мора да се интервенира за да се одржи стабиле курс со Централната банка. Паѓаат девизните резерви, а каматата расте.
новинар: Г-дине Груевски и во времето кога беше ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше над триста илјади невработени. Не успеавте да го решите во целост, како ќе ги убедите граѓаните дека сега ќе го решите тоа?
Груевски: Вака, тие триста илјади невработени во голем дел ние ги наследивме. Ние последната стапка на невработеност според официјалната статистика што официјално ја признава ММФ беше 34,5 %, со една лоша војна, со една косовска криза ние сепак ја намаливме стапката на невработеност скромно, малку, но сепак за прв пат во историјата на Република Македонија имавме тренд на намалување 34,5% на 31% кој заради војната се зголеми на 31,9 од кој за неполна година сега скокна на 37 %, а со најновата статистика која се очекува во наредниот месец ќе биде 40% или според заводот за вработување, бројка од 400 000 невработени. Се плашам дека вака можеме за кратко време да имаме ситуација кога ќе имаме повеќе невработени од вработени.
новинар: Власта Ве обвинува дека токму Вашата Влада поради направените лоши приватизации што беа направени со Телеком Окта и.т.н, дека тоа е причина за зголемување на невработеност
Груевски: Такви аргументи не држат. Еве да кажеме што е крив Телеком што нема индустриско производсто или пак што 20 000 илјади луѓе се на улица, кога знаеме дека Телеком не отпушти 20 000 илјади луќе.
Причинте се тоа што во Репблика Македонија драстично се наруши бизнис климата и луѓето почнаат да се плашат да инвестираат. Дојдоа лоши времиња велат тие, времиња во кои секој може да биде линчуван или затворен.
новинар: Како да ја подобриме таа бизнис клима?
Груевски: Тоа мора да го направи Владата, знаете ние ја чекавме Владата првите 100 дена да ја подобри економијата, тука слушавме и криминални и корупциски афери, но поминаа и 500 дена во кои не само што нема подобрување на економијата, нема ниту судски пресуди за криминалните афери, туку имаме обратно драстично намалување на економските процеси, невработеност, сиромаштија, погледајте цените на производите се зголемени за 20 %, нели ветија дека стапката на ДДВ ќе се намалува, а тие ја зголемија.
Значи се што се говореше г-дин Црвенковски, се се прави обратно и очигледно е Премиерот кога не може да најде излез од ваква ситуација тој бега од одговорностите, меѓутоа треба да знае дека народот знае дека претседателското место е за човек со одговорности т.е. човек што се што кажал, воедно и го исполнил, човек со признаен успех во браншата во која што работи.
новинар: Дали ја следите ситуацијата во Министерството за финансии, во кое Министерство и бевте Министер пред година и половина?
Груевски: Малку помалку од претходно кога секој дневно ги следев работите. Сега поради мојот ангажман не сум во можност, но се трудам да бидам во тек.
новинар: Дали Ви смета што Ве избришале од веб страницата?
Груевски: Погледнете, тоа повеќе зборува за човекот кој тоа го направил отколку за мене. Тоа што е направено како дело во период кога јас бев министер останува како добро дело за Република Македонија, без разлика дали некој ќе го избрише од веб-страницата. Најбитно е тоа што народот го знае тоа. Конечно, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги врати сите тие добри дела на веб-страницата. Јас навистина не знам зошто некои луѓе го прават тоа, наместо да постигаат резултати и да си ја гледаат работата.
новинар: Ви благодарам Г-дине Груевски што ни бевте гостин на вечераштиве вести на Сител.
|