DJ_SHEMA |
СПОРЕД КОНТРОЛАТА НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА БИРОТО ЗА ЛЕКОВИ
Тетовските аптеки без ниеден фармацевт
По написите во ВЕСТ, дека "по аптеките во земјава лековите наместо фармацевти, ги издаваат хигиеничари, слаткари и друг нестручен кадар", министерот за здравство Реџеп Селмани уште вчера ги испратил нспектор
Во тетовските аптеки на издавање лекови не работи ниту еден фармацевт или фармацевтски техничар. Иако само стручни лица имаат право да издаваат лекови на пациенти, во Министерството за здравство признаваат дека, во Тетово тоа го прави кој ќе стигне. На болните во овие аптеки лековите им ги издава нестручен кадар, претежно слаткари и хигиеничари.
Податоците од завчерашната контрола на инспекцијата на Бирото за лекови покажуваат дека во сите 16 аптеки во градот Тетово работи апсолутно неквалификуван кадар. Нашите извори во ресорното Министертвото тврдат дека ситуацијата е уште поалармантна во тетовските села, каде голем број аптеки воопшто немаат дозвола за работа.
Чешлањето на тетовските аптеки, кое било на барање на министерот за здравство, Реџеп Селмани уследило по написите во ВЕСТ дека "по аптеките во земјава наместо фармацевти, лекови издаваат слаткари, фризери друг нестручен кадар". Ваквиот башибозлук, потенцира тогаш нашите извори, се должи на немањето контрола на овој ресор речиси цела година.
Кога ги прочитал пишувањата, не само што ги казнил туку министерот Селмани им наредил на сите расположиви инспектори веднаш да почнат со контроли. Вакви контроли се најавени и за Гостивар, во кое владее слична состојба. (А.Ст.)
|