Охридскиот фудбал во Гинис | |
sapeski | Дали некој ќе поверува дека на две средби, за 90 минути, па дури и ако се играше и 115 минути еден меч, можат да се постигнат 223 гола. Секој паметен човек, дури и оној што не се разбира многу во фудбалот, ќе рече: Тоа е невозможно, мора да е некоја шега. Барем за фудбалерите на тие две средби. Првата во селото Велгошти, каде што домашниот Илинден 93 го победи Младост од Вапила со 134:1, втората во Долно Лакочереј. Таму домашниот Градинар загуби од Дебарца од Белчишта со "помал" резултат 0:88. На тој ден, на 24 јуни 1979 година, во тие две села тоа беше можно. Тоа беше ден кога фудбалот стана кошарка, кога тие два резултата го обиколија фудбалскиот свет, кога во Охрид допатуваа стотина новинари, не само од поранешна Југославија туку и од другите европски држави, да се уверат во оваа сензационална, неверојатна вест за постигнатите резултати. На кого му беше потребна оваа фарса на која и се смееше светот. Општинската лига на Охрид, Илинден 93 и Дебарца водеа "мртва трка" за првото место во лигата која водеше директно во Пелагонискиот регион. Пред тоа последно, решавачко коло и двете екипи имаа ист број бодови, но Дебарца беше прва благодарение на подобрата гол-разлика за еден гол. Илинден 93 имаше полесна задача, играше на свој терен со многу послаб противник, Дебарца многу потешка, бидејќи требаше да му гостува и да игра против Градинар, чиј натпревар во Белчишта во есенската сезона беше прекинат при резултат 2:1, откако играчите на Градинар го напуштија теренот сметајќи дека вториот гол што го постигнала Дебарца не бил регуларен. Натпреварот го загубија со службен резултат од 3:0 и оттогаш односите меѓу двата клуба се заладија. "Игрите" почнаа кога раководството на Дебарца ги убедуваше играчите на Младост да не патуваат за Велгошти, да го предадат натпреварот и да загубат службено со 3:0, со што би им ја олесниле работата бидејќи, веројатно, уште тогаш било договорено да го победат Градинар со повисок резултат од тие 3:0 за Илинден 93. Што е уште поинтересно, тренерот на Младост, Ристевски, се согласил со оваа понуда (зошто) и ги убедувал своите играчи да не патуваат на натпреварот со Илинден 93. Дури дента пред одигрувањето им ги земал натпреварувачките книшки, но тие на сила му ги зеле од неговиот автомобил и отпатувале за Велгошти за да играат и да примат, ни малку ни повеќе, туку 134 гола. Во тоа време немаше мобилни телефони, сигурно читателите на "Утрински весник" ќе се запрашаат како е воспоставена врска меѓу двете села, кои не се блиску, за да се дознае како се движи резултатот. Била направена цела стратегија за тоа. Обезбедена радиоврска, двете пошти не работеле во неделата, "шпионите" се криеле на околните дрвја во селата, во куќите и кај своите пријатели. Сў било во тајност, но сепак, сите знаеле како се движат резултатите. Едно време во селото Горно Лакочереј настанала цела потрага по тие "шпиони" за да се откријат и фатат. Еден невиден циркус кој почна во неделата на 24 јуни во 9.30 часот во Велгошти, но подоцна, во 9.52 часот во Долно Лакочереј, според изјавата на делегатот Живко Живковиќ. Зошто подоцна. И тоа била разработена тактика. Играчите на Градинар се појавиле на игралиштето без натпреварувачки легитимации, само со лични карти, и не можел да почне мечот сў додека не ги донеле легитимациите, наводно заборавени во домовите на играчите. Дури потоа, со 22 минути задоцнување, почнала средбата. Да се навратиме прво на тој натпревар во Долно Лакочереј меѓу Градинар и Дебарца (0:88). Во првото полувреме било 0:14. Имало многу комични ситуации, дури на трипати домашните играчи, не знаејќи што да прават со топката шутирале во својата мрежа постигнувајќи автоголови. Често паѓале на теренот, се превиткувале за судијата да го продолжи натпреварот и да добијат во време. Некаде, според извештаите од тогашниот печат, во 89 минута било 0:57. Кога дознале дека во Велгошти резултатот е многу повисок, почнале да паѓаат голови како на филмска лента. Судијата Андреј Ристевски, самоволно го продолжил натпреварот за 20 минути, се играло точно 115 минути. И замислете каква "ефикасност" е тоа, од 89 минута, па сў до крајот, беа постигнати дури 31 гол! Тоа е уметност, нели. Сепак, и овие 88:0 не и беа доволни на Дебарца да биде прва во лигата и да се пласира во Пелагонискиот регион. Впрочем, и сите четири екипи го извлекоа, по целата оваа трагикомедија, подебелиот крај и ги почувствуваа острите санкции на дисциплинските органи на Општинската фудбалска лига на Охрид. Што се случувало во Велгошти, каде што фудбалерите на Илинден 93 се покажале како "поефикасни" или, подобро речено, како подобри мајстори во целата оваа фудбалска режија. Како успеале тие за 90 минути (на податок дали се играло подолго како во Горно Лакочереј) да постигнат дури 134 гола, но сепак, им дозволиле на своите противници, играчите на Младост, и тие да постигнат дури еден гол, кога веќе виделе дека претерале и дека не било потребно да постигнат толку. Мечот меѓу Илинден 93 и Младост почнал точно на време, во 9.30 часот. На полувремето ефикасноста не била толку голема, "само" 11:0 за домашните. Ако во Долно Лакочереј средбата почнала со 22 минути задоцнување, во Велгошти второто полувреме почнало со околу 25 минути задоцнување, бидејќи поради поројниот дожд, морале повторно да се обележуваат линиите на теренот. Така бараат пропозициите. Во првото полувреме се играл барем некаков фудбал, но во второто почнал циркусот кога се дознало дека Дебарца води со 40:0. Во Велгошти во тој момент резултатот бил 20:0. И почнала невидена серија голови, речиси на секои 30 секунди бил постигнуван по еден гол. Како, ќе се запрашаат многумина. Лесно. Штом Илинден 93 ќе постигнел гол, се играло со повеќе топки, бидејќи една од нив веднаш се враќала на центарот за да продолжи акцијата. Пред голот на Младост бил само голманот и двајца играчи за да нема офсајд. Во случај напаѓачите на Илинден 93 да не постигнеле гол, од бековската линија, еден од играчите на Младост ќе ја шутирал топката на неколку метри од голот, токму до противничките играчи, за полесно да постигнат гол. Другите фудбалери биле далеку од голот, се мисли на Младост, тука околу центарот, за да не "пречат" во играта и на противничките фудбалери околу постигнувањето на головите. Кој бил задолжен да ги брои и запишува головите, не знаеме. Најважно е што во протоколот пишува 134:1. Мораше да се додава дополнителна хартија за да се запише кој сў ги постигнувал головите. Судија на овој натпревар бил Митко Кузмановски. Зошто тој и Андреј Ристевски, кој ја делел "правдата" во Долно Лакочереј, не ги прекинале мечевите, на што имале право, бидејќи било јасно дека не се играл фудбал, туку биле присутни на еден невиден циркус, навистина не ни е јасно, но и тие беа строго казнети на крајот од целата оваа рашомонијада. И, што е уште поинтересно, на крајот од натпреварот во Велгошти, иако загубиле со 134:1, играчите на Младост почнале да се радуваат како мали деца на општо изненадување на гледачите. Која била причината за нивната радост: дознале дека нивниот најголем конкурент за опстанок во лигата, Рибар, загубил од Славеј и со тоа тие се спасиле од испаѓањето. Каква иронија. И така заврши оваа охридска фудбалска комедија, чии резултати го обиколија светот и кои се најдоа во книгата на Гинисовите рекорди. Како и нема да се најдат, бидејќи и во кошарка е тешко да се постигнат 134 коша, а во селото Велгошти - во фудбал се постигнаа толку голови. Се покажавме навистина како мајстори за постигнување голови. Особено напаѓачот на Илинден 93 Наум Шапкаровски, кој за 90 минути постигнал 58 гола, запишани во протоколот. И еден Пеле да му симне капа за ефикасноста. |
Angelaris | velgosti zakon |
Thunder from down under | mnogu nezgodni ste bile vie velgostani ko ke se napieta rajcija zta ,sve nekoj rekordi prajte |
f9 | da ne lagiras ti neso slucajno? Ne znam Velgoshki-sho e toa Lagiras? Me interesira Novine grobishta vo Plitnici vo Velgoshki ili Leskoevachki atar se...?A? |
kopacot | vo od vuNja ti nivata se f9.....Oj zaleci se ......nego vElgosti osven so piet Rajcija pred da igret fudbal i CicIritki jadeT :) |
Biki | hiihihihhi tooo krumeeeeeeeeee..nego znajs kolku mi nedostigase tvojot komentar na topikov..ihihih[:X][:X] nego aj na po edna rajcija so ciciritki jas castam[;)] |
kopacot | Ich Liebe DicH JoR kikiritka :) lol siri noze da sutnam peNaL :P |
Biki | sej bre..ke promasis pa koj ke te gledat kaj so se nerviras..oj treniraj prvo i ko ke si spremen kazi[:D][:D] |
sapeski | f9, драго ми е што те гледам, не сум те видел скоро. [;)] |
Thunder from down under | HEHEHEHHE dete malo bev jas ,so bracedmi bevne vo lakocerej gi gledavne, pamtram uste kako na son kakvi spioni milicijata so radiostanicite go kazuvaja rezultatot 1:0,2:0, vamu e 5:0 ,6:0[:D] |
Biki | legendi sme be nie od Velgosti..so vi e vas..auhhahaha |
slasa | jas go gledav macot vo lakocerej sapeski so toki voki se vodese koj povejke gol razlika ke postigne |
slasa | quote:aman bre srce ti velgostanka si bila [:)][:)] |
sapeski | Ете и посетители на историскиот настан [:)] |
slasa | goce mora da se sejkavas na ova nesto |
slasa | [quote]Originally posted by Thunder from down under
HEHEHEHHE dete malo bev jas ,so bracedmi bevne vo lakocerej gi gledavne, pamtram uste kako na son kakvi spioni milicijata so radiostanicite go kazuvaja rezultatot 1:0,2:0, vamu e 5:0 ,6:0[:D] mrcino zaedno bevne ako si pomal setise i naum bimbil so mene bese |
Thunder from down under | abe biki vie velgostani za sve ve biva :)) sapeski neznam dali bese toj istiot den se ispotepaja jako vo lakocerej, pomal si ti neznam dali imas slusnato za eden Dobre karatistot so go vikaja 15-16 dushi gi istepa sam vo lakocerej site ambulantni koli so bea vo Ohrid bea dojdeni tamu da gi krevet za na bolnica :)),komandir bese toj togas na milicijata,samo ne mi teknuva dali bese istiot den |
Thunder from down under | naume bimbilot, imase dosta slave togas, naume go pamtam tebe ne mi teknuva,deka ne te znaev togas bratmu Boris golman bese :)) ama ne za lakocerej :)) |
sapeski | ахахахааххаха Добре [:D][:D][:D] Добре ако е тој а сигурен сум дека е истиот и ден денес има карате школо и е нешто командир во полиција! Мислам дека го знам, имам слушнато јас со помалиот негов син се дружев, Стојчески дан се презивет. |
Thunder from down under | neznam kako se prezivet,ama jas podslusnav deka gi imal prvo vrzano so lisici posle maval[:D][:D][:D] |
Biki | quote:taka neso;)))) |
sapeski | [:D][:D][:D] Тој е бе, јас со син му бев на скијање и тој е каратист шести седми дан црвен зелен црн појас таму како ги викет. Син му се изнервира со водичот и го слезе од автобус на автопат[:D][:D][:D] |
Biki | quote:imas pravo..posebno za rajCija..z'ta.. ni nema raven...i za pravenje i za pienje..[:D][:D] |
sapeski | imas pravo..posebno za rajCija..z'ta.. ni nema raven...i za pravenje i za pienje.. Јас сум слушнал ко ќе се родело бебе во Велгошчи го доеле само со рајчија [:D] |
Biki | quote:ahahahahhahaha morat..naslednici inace od kade..[:D]i btw ne sakame izrodi[:D][:D] |
f9 | Velgoshti ushte e selo?-)) |
slasa | quote:pa i jas ne te znaev dodeka ne mi dade slika . posle dolgoi studiranje se setiv na tebe jkako vo magla a naum ne e postar od mene e edna godina a od tebve mozda ed 5 ili 6 prasaja Danica neka ti kaze |
Biki | quote:da ne lagiras ti neso slucajno?[:D] |
GoDsHaNd | Velgosti drzava e sea be...:) |
StormAngel | Posle Krivogastani![:D] |
sapeski | Ќе научиш се Bluehim-е ќе се научиш на се! [:D] |
Biki | blue ne ti e neso jasno per?:)) sape daj razjasni mu..odmali mi mene od rabotata..[:D] |
StormAngel | Ne zabegvi od temata,i razmisli koj treba tebe da ti razjasnit nekoi raboti.[;)] |
Biki | sekako deka ne bi zabegala od vakva tema..a i ne me lici da go storam toa kao edna velgostanka..hahaha a za razjasnuvanje..toa ti e druga prica;))) nego idi citni go toa gorenavedenoto..znam deka si po fudbalot i bi te interesiralo kako e toa vozmozno..hahuah |
StormAngel | quote:Inaku cicko i na Biki.[:D] |
GoDsHaNd | Sve se takvi vo familija:) |
GoDsHaNd | Nekoi cudni trevki stavaat vo rakijata zatoa :) |
Biki | quote:zar i za drugi rekordi si slusnal pokraj ovoj so e naveden na postov?:)) |
Thunder from down under | quote:za kradenje slivi petrovki, za 7 minuti 3 slivi samo lisjata im ostanaja i to dvajca ne napieni samo podnapieni [:D][:D] |
sapeski | Ахаха Thunder [:D][:D] Претпоставувам газдата ве фати и ви покажа шо е ќотек? [:D] |
Thunder from down under | ne be kakvo fajkanje ,mladi bevne togas kako tebe [:D] kako lastici sega na edno mesto za edna sekunda na druga strana kako onaj spanecot na filmot MR DEEDS ako go imas gledano :) vo zastava fabrikana ko ke im pojdevne po 20 banana sedista nosevne doma , togas vo moda bea pak [:D] |
univerzum | jas sum od Dolno Lakocherej i gord sum sho sum vo Ginis makar i so poraz[:P] Btw, kje vidite za edno 10 godini ko kje se proshirit ohrid niz pole kaj nas, D.Lakocherej kje bidit Beverli Hils, ko kje krenam edna kukja so voden tepih so ova ona, kje vidite, pasoshi kje vi baram, elita kje sme[:P][:D] |
StormAngel | uni be staj si eden avatar pls.[:)] |