Makedonija Vo EU
Makedonija Vo EU
ace6vel Во Даблин предадена македонската апликација за членство во ЕУ Даблин, 22 март (МИА) - Македонскиот премиер Бранко Црвенковски вечерва во Даблин на ирскиот премиер Берти Ахерн му го предаде барањето на Република Македонија за членство во Европската унија. "Денеска е голем дел за нашата земја. Денеска ја одредуваме нашата иднина и во согласност со консензуално изразената волја и цврстата решеност на нашите граѓани поднесуваме апликација за членство во ЕУ. Почитуван премиер, денеска и официјално ви ја предавам апликацијата за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ", истакна во воведниот збор премиерот Црвенковски. Тој додаде дека Македонија е свесна оти со овој чин започнува процес на огромни задачи и долг и тежок пат. "Но исто така сме свесни дека сепак нема алтернатива. Република Макеоднија е подготвена за овој предизвик", рече Црвенковски. Премиерот истовремено потсети дека овој настан требаше да се случи на 26 февруари, но тоа беше спречен од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. "На апликациајта се наоѓа неговиот потпис и ве уверувам дека тој потпис денеска е посилен од кога било потврдувајќи ги македоснките цврсти определби за членство во Унијата", истакна Црвенковски. На присутните им се обрати и ирскиот премиер Ахерн, кој искажувајќи задоволство што ја прифати апликацијата потсети и на улогата на претседателот Трајковски во смирувањето на безбедносната криза во 2001 година. Тој исто така смета оти е добро што делегацијата го претставува јавното мислење и согласноста на двете главни заедници во Република Македонија. "Иднината на земјите од западен Балкан лежи во нивното приклучување кон Европа", рече Ахерн додавајќи дека Македонија направила забележителен напредок по завршувањрто на конфликтот во 2001. "Рамковниот договор мора да биде заокружен, а со националниот консензус околу договорот е направен голем напредок", истакна тој потсетувајќи на реформите што нашата држава треба да ги направи во судството, во политичкото и во економското законодавство. Во делегацијата што присуствуваше на предавањето на апликацијата беа присутни двајцата заменици претседатели на Владата, Муса Џафери и Јован Манасиевски, шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Претходно двајцата премиери имаа и куса средба. Македонската делегација од Даблин утре се враќа во Скопје. МИА