sapeski |
[img]http://www.lukaroski.com/forum/ikona.jpg[/img]
Плакатот за изложбата во престижниот светски музеј "Метрополитен " наречена "Византија - вера и моќ" во Њујорк на која се изложени дела од византискиот период од 37 земји е со иконата од Македонија "Света Дева Марија Пелагонитиса" од 15 век од Зрзе.
Грците во "Метрополитен" меѓу експонатите од византискиот период на изложбата донеле и икона од Македонија. Тоа е икона на "Св. Матеј" и под неа како информација стоеле напишано: дека е од Македонија - или од Охрид или од Солун. Византологот Викторија Коробар која за цело време во "Метрополитен" беше да ги поставува нашиите икони, изјавила дека иконата на "Св. Метеј" со која се фалат Грцитее апла е од Охрид. Изложбата свечено се отвори 15 овој месец само за официјални званици што ги канеше организаторот од "Метрополитен", а од денес ќе биде отворена и за публика.Ќе трае до 4 јули.
Македонија е претставена со пет икони, сите конкретно побарани од "Метрополитен" и потекнуваат од 13, 14 и почетокот на 15 век. Најбројна била збирката на икони од Синајската православна црква од Египет со 40 икони, исто така, и Руската црква, меѓутоа иако Македонија беше претставена "само" со пет икони, министерот за култура Благоја Стефановски кој од организаторот беше меѓу званците на отворањето вчера ни изјави дека нашите - македонските икони биле главната атракција и богатство кое најмногу го привлекло вниманието на 600 званици поканети за отворањето. На отворањето на изложбата во "Метрополитен" биле и црковни веледостојници од висок ранг - Вартоломеј, архиепископот на Синајската православана црква, и високи државни и политички личностиу од светот.
- Сите званци поканети за отворањето најмногу внимание посветија на иконите од Македонија. Тие едноставно погледот го лепеа како магнет, вели Благоја Стефановски.
Мецени на изложбата се Грци- главна е "Алфа банка" заедно со милонери и бродовласници од Грција. По официјалното отвоарање на изложбата во огромна сала во самиот "Метрополитен" е приредена вечера ,министерот за култура Стефановски вели"Бев на главната маса седнат до диртекторот на "Метрополитен" Филип де Монтебело, кураторката на изложбата , која дојде и во Скопје да ги види иконите, Хелен Еванс и со грчките мултимилионери. Ова е само показ за вредноста на нашите икони. Конечно тоа го покажа и плакатот за целата изложба на кој е македонската икона".
|