Strelec |
(Преведен автентичен леток со кој во 1974 година била излепена целата Месна Заедница Сава во Белград)
ДРАГИ СОГРАЃАНИ!
ИМАМЕ ГОЛЕМА ЧЕСТ ВО САБОТА, 14 МАЈ ДА НИ ДОЈДЕ ДРУГАРОТ ТИТО. ТОА Е ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА МЕСНА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ НО И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ СЕ ДА ПРОЈДЕ КАКО ШТО ТРЕБА И ДОЛИКУВА.
ПОРАДИ ТОА, НАЈУБАВО ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ КОН СЛЕДНОВО:
1. Да ги уредиме нашите тераси и да истакнеме што повеќе цвеќе. Од терасите да тргнемe се друго (облека, постелнина и сл.)
2. Да излеземе на работна акција за чистење околу зграда и разубавување на влезовите. Да го тргнеме секое хартивче од земја! Да напишеме некој транспарент или парола. Да ги истакнеме знамињата на терасите кои гледаат кон центарот на нашата МЗ.
3. Во сабота во 9 часот да излеземе сите, ама баш сите! пред зграда од каде колективно ќе одиме на местото одредено за дочек и испраќање на другарот ТИТО.
4. Секој да понесе барем по еден цвет кој ќе го фрли на улицата и тоа на 100 метри пред да наиде првата кола од колоната. На колата во која ќе биде другарот ТИТО никако да не се фрла!
5. При минувањето н колоната и посебно на другарот ТИТО, да бидеме весели и да ја покажеме нашата радост што го пречекуваме другарот ТИТО со песна, мавтање на знамиња и скандирање ТИТО-ТИТО!
6. Кога ќе помине колоната, да останеме на своите места и да сочекаме другарот ТИТО да се врати, а ќе се врати брзо, и ние пак весело и срдечно да го испратиме и да му посакаме пак да ни дојде.
7. На прозорите и на терасите не смее никој да се појави. Прозорите мора да бидат затворени. Пред зградата ќе остане еден редар - кој ќе ја чува зградата додека ние се вратиме од дочекот и испраќањето. за тоа време, никој нема да може да влегува во зграда. Становите треба да се заклучаат и да се исклучат електричните апарати, светлото, шпоретите, бојлерите, телевизорите и сл.
8. За време на одењето и враќањето од дочекот да ја чуваме тревата, цвеќето и дрвјата. Да го спречиме секое некултурно и недисциплинирано однесување. Да пееме борбени и партизански песни! Да ги докажеме нашите доблести и позитивни особини. Да обезбедиме и другите да се однесуваат како што доликува во вакви прилики. Штом ќе заврши дочекот и испраќањето, да се вратиме во најдобар ред, без гужва и галама и посебно да внимаваме на децата.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СОРАБОТКАТА!
ДА ЖИВЕЕ НАШИОТ САКАН ДРУГАР
ТИТО!
МЕСНА ЗАЕДНИЦА ССРН "САВА"
|